Косата последниве неколку дена почна нагло да ми опаѓа. Не сакам уште од сега да останам ќелава. Знаете некој шампон против опаѓање?
http://www.femina.mk/out/?id=96f9194bab ... _las_b.jpg fajlovi/120denari/112071 Првиот го имам јас користено и од оваа фирма добри се шампоните,а вториов го има користено другарка ми и рече дека бил добар.
Јас го купив тој субрина рецепт од маркет,за цената не сум сигурна точно колку беше,дали нешто 189денари,не знам,ама мислам дека не беше повеќе повеќе од 200денари.
Зошто кога ја измијам косата ми е како був ? морам да преспијам една вечер за малце да ми се спушти па да ја пеглам инаку џабе ја пеглам се чудам на некои како ја измијат и дома ја пеглаат.
И мојата е таква по миење, оти ми е густа, сува и искршена, ни права, ни виткана. И јас не ја пеглам по миење оти не се исправува убаво, како повеќе да ми се бушави, посебно на врвовите.
Полошо ќе им направиш ако ги отстраниш, ќе ти штрчат од страна и нема да можеш крајот да им го најдеш. Стави им малку лак за коса, така најдобро се скротуваат.
Никако немој да ги отстраниш бидејки повеке ке израстат на тоа место Јас на четка за заби прскам лак и ги измазнувам
Имаше едно сретство го користев порано како во вид на римел и има четка и со четката ставаш од сретството и ги "залижуваш" на назад и ти стојат цела вечер тоа е уствари како еден вид гел само не ми текнува како се викаше. Прашај низ салоните за козметика или аптеки сигурно го има
Дали може некој да ми каже како да добијам идеални "паднати" локни а да е на природен начин да не ја горам со фигаро
Да пробаш со крпчиња? https://www.youtube.com/watch?v=h5T6JyPzeqE Или како оваа девојка https://www.youtube.com/watch?v=SkmgcI9QaGs
преоблемот е што имам тешка права коса сум пробала после капење фенирана и врзана во пунџа и кога ќе ја пуштам после еден саат косата ми е сеуште права само врвовите ми се виткаат.
https://www.youtube.com/watch?v=nEvJGE4XYxE Вака само јас со 4 чорапи вршам работа косата ја разделувам на два дела на левата и на десната страна потоа уште на два дела(од десната страна два дела ја делам и од левата на два дела ) и виткам со чорапите (немора косата да е многу влажна, јас и на сува коса си правам кога ке посакам ) .Од видето види го начинот како да завиткаш јас секогаш вака си ја правам и за 1 час пагаат локните како од пегла испагаат
Фала за советот , ќе пробам ја со морка коса пошто мојата е ужасно права што кога бев малечка едвај и фигарото ја кадреше, ја а да имам кадрава единствено решение ми е со морка коса да легнам
Мајка ти може не ама баба ако имаш прашај ја таа мора да знае како се витка со крпчиња. Баба ми ми кажуваше оти тогаш немале фигара и такви работи (зборам за пред 50 години) си ги правеле со крпчиња. И поубави излегуваат отколку од фигаро и повеќе траат нема потреба од лак. Само косата да ти биде влажна треба и така да спиеш.
Некоја од Вас да ми препорача квалитетно фигаро и слика ако може од истото? И дали сте инфоримрани дали има фигара со различна дебелина, пошто гледам на јутуб девојкиве користат повеќе фигара со различна дебелина и различни локни испаѓаат. Јас имам старо фигаро од времето има некаде 21 и повеќе години па сакав дури сум при пари да си се почестам со ново Па ако знаете ве молам пишете ми .