Има различни големини, тоа на првата слика на пр. е за афро локни, на другата е за различни големини. За пошироки локни се користи пошироко фигаро, а за помали потесно. Спојлер
Косата мноогу брзо ми расте, ја немам сушено со фен една година, а никогаш ја немам пеглано. Еднаш ја имам фарбано ама од таа фарба останаа уште 3-4cm најдоле на косата. Проблемот е што порано ми беше многу густа и права, (по боја е светло кафеава) а од кога ја ретчев и си сечев шишки, некако не ми како што сакам. Ми изгледа многу сплескано. Прашањето дали може сега повторно да ми биде густа ако користам нешто, и ако може што треба да користам? Друг проблем е што шишките многу бавно ми растат ...
За да има сјај косата,многу е битна структурата и хидратацијата на влакното. Јас имам многу сјајна коса,а не користам никакви масла и силиконски капки.Редовно ја бојадисувам косата со Гарниер колор натуралс во тегет-црна боја.И мајка ми ја користи истата,но кај неа го нема тој сјај како кај мене што значи дека природно влакното е такво. Секоја коса е различна и не можеш да правиш споредби. Не мора да се користат некакви средства за да се постигне сјај.
Сакам да прашам зошто мојава коса не расте? Значи имам виткана коса, но не многу виткана и не ја пеглам можеби еднаш месечно. Откако знам за себе секогаш ми е до раменици. Кажете ми што да правам .. а и ми изгледа оштетена малце
Да истиов проблем го имам и јас. Колку и да ја чувам, негувам, ја потхранувам и внимавам на исхраната мојава коса воопшто не расте. Порано додека бев во основно не користев ништо но и тогаш не ми растеше. И да ја негувам ко сега и да не ја негувам косата ко порано секогаш ми е до раменици. Имам расцветани врвови но кога ќе ги скратам повторно косата ми расте до раменици и толку. Влакното ми е долго 45 цм и не може да мрде ни милиметарче надолу. Мизерија.
Дали е можно косата да не ми расте бидејки ми е постојано врзана или сплетена и тоа по цел ден, па дури и така спијам?
Не, тоа е апсурдно. Можеби не внесуваш доволно витамини, јади повеќе јаткасти и мешункасти плодови, земи витамини како што те советувала Nausica, а можеш да нанесуваш и масла. Мислам дека рицинусовото масло е добро за поттикнување на растот на косата.
Не е можно но најлошото нешто што можеш да и го направиш на косата е да ја вржуваш постојано ... осебено и додека спиеш!? немој девојче и на форумов има доста шампони кои сами си ги правиме за раст на коса и колку толку помагаат сите се на природна ваза со витаминчиња има и посебна група па разгледај тамо
Почни да се шишаш степенасто одма ќе ти ја згисни т.е визуелно нема да ти е сплескана и не убава на почетокот од кога ќе си нашравиш степени можеби нема да се снајдеш да ја наместиш доколку предходно си немала значи може ќе имаш мачку потешкотии при местењето но како и да е ќе изгледа многу по густо ... доколку не сакаш целосни степени тогаш направи само надворешни последниот пат јас така се ишишав ке дојде некако во форма на в т.е немој да замислуваш толку остро Немој да мислиш дека со некој масла или нешто ќе се згрутчи нема
абе по колку cm расне косата неделно, или месечно? ваљда индивидуално е нели?! .. али ај на пример отприлика, вака да ми каже некој?
Косава ми е многу густа и ни права ни виткана Ја пеглам после секое миење. И сега проблемов е тоа што кога ќе излезам надвор ако дува ветер или ако врне(иако сум под шатор) косава ми збувнува и ми се витка Решение?
Ставај малку восок откако ќе ја испеглаш. Тој ќе ја држи косата мирна и нема да се електризира и разлетува на влажното време. Ама внимавај да не претераш, мала количина ти е доволна.
Ако имаш виткана коса,само ти изгледа дека не расне,бидејќи се собира .Инаку избегавај да ја пеглаш,ако ти е оштетена оди шишај ја на врвовите 1 см,па после ставај и маски за сјај и зацврстување.Можеш и рицинусово масло,но не премногу бидејќи од него мене ми раснеше нова коса(бебешки влакна) и изгледав како лав
Ако имаш виткана коса,само ти изгледа дека не расне,бидејќи се собира .Инаку избегавај да ја пеглаш,ако ти е оштетена оди шишај ја на врвовите 1 см,па после ставај и маски за сјај и зацврстување.Можеш и рицинусово масло,но не премногу бидејќи од него мене ми раснеше нова коса(бебешки влакна) и изгледав како лав
Сакам да купам некој препарат за сјај на косата, значи убава ми е, долга и густа ама многу сува, гледав нешто во авон и орифлејм, ама од нив нема некој ефект, па ако знаете девојки препорачајте нешто.