Сечена ми е степенасто напред, ама врвовите на степените и на шишките (долги ми се веќе) изгледат оштетени иако нема од што да бидат оштетени, надоле косата ми е многу сува, а на коренот често се мрси(секој ден) иако секој ден ја бањам , е сега веќе 1 недела користам Wash&Go и се мрси на 2 дена.. проблемот е шо си сакам густа коса а не бива. А тоа со степените е за да изгледа дека има повеќе волумен. Очигледно е дека за густа коса нема некој лек, сакам да ми расте повеќе коса отколку шо имам ама не бива
Имам права коса ама соскубана што би се рекло, и иако ја пеглам, кога има влага ми се збувнува и ми е катастрофа, буквално ваква сум Спојлер . Исто и краевите на косата ми се виткаат нанадвор независно од времето.Има нешто што би ми помогнало?
Сува ти е по целата должина или само на врвовите? Потопувај ја косата до пола во маслиново масло, можеш и да ги намачкаш корените но гледај тоа да биде еднаш неделно (врвовите и остатокот можеш до два пати неделно да ги третираш вака) или преку едно миење, зависи како ќе ти се покаже најдобро според резултатите. Ќе ја држиш така еден-два часа и после ќе ја измиеш најнормално, но води сметка да шампонираш +1 повеќе од вообичаено за темелно да ја испереш од маслениот третман. По 2-3 миења ќе видиш како ќе ти стане посјајна. Гарантирам. Јас го практикувам истото веќе долго време со чичково масло, но маслиновото е баш наменето за сјај на косата. Пробај да го практикуваш истото што го пишав погоре. А за да не ти се бушави и електризира косата на влажново време, нанесувај малку восок, ама многу мала количина. Понекогаш пред да излезам си протривам малку пена за коса низ косата и поминувам низ неа. И ова го има истиот ефект како восокот и ја држи косата на место без да ја замрси или здрви.
zenski od tel sum nemam mk podrska. koristev sampon becutan od kamilica i vo nego stavav bb i vitamin c za da go potiknam rastot na kosava.. no mn brzo go potrosiv pa sakam sega vo nekoj sampon od 200 ml da stava no nz vo koj ne sakam vo onoj od kopriva... cekam da mi kazite vo koj stavate vie...
Девојки јас имам голем проблем со косата, ја оштетив многу цела ми е расцветана ми се изретчи веке и не ми расти, како можам да ја вратам повторно предложете ми некој добар шампон, маска, шерум сто и да е шо ќе ми помогни Ви благодарам однапред
Што да правам косата ми беше многу изгорена од пеглање.. од толку убава коса морав да ја скратам, ја ишишав краткичко,е сега од левата страна напред ми е изгорена а од десната страна не.. Како да ја изречам само од левата страна да ми падне расцветаното некако,од едната страна ми мазна косата од другата страна како метла
Пробај во шампонот на Афродита што е со 100% природен лук стави Б2, Б6 и Б12 ампули, од сите три витамини по две ампули, но посебно, не од тие што се сите во една ампула. Или во шампонот на Субрина рецепт, го користев и можам да кажам дека сум презадоволна. За овој зборувам:
Сакам да прашам зошто во период од 1 година мене косата не ми пораснала ниту 1 цм. Си ја гледав косата ланската година во септември кога се ишишав и ја гледам сега пак нешишана од тогаш. Косата ми е со иста должина Помош
Девојки сакам да прашам косата ми некако чудна (оштетена) влакното ми рапаво а не мазно, и не ми е цела коса ваква, до што може да е никако не ја пеглам косата и како да и помогнам на мојата коса?
http://www.radiofortuna.com.mk/index.ph ... Itemid=648 го има некоја користено против паѓање на коса/?
девојки вака, косата нешто во последно време воопшто не ми се допаѓа, ми изгледа како метла, раштрчана на сите страни, оштетена, не знам како и да ви објаснам, за прв пат добив и првут во мојот живот и уште толку ме нервира... инаку користам бекутан шампон, другите не ми одговараат, многу ми ја мрсат косата, само со него ми е добро, силиконски капки и спреј за расчешлување, маски и регенератори не користам, бидејќи имам слушнато дека и од нив се мрсела многу косата... и сега веќе не знам што да правам, што да и ставам...
Што се однесува до перутот, можеби повеќе на косата не и прија досегашниот шампон и време е за промена. Јас би ти ги препорачала шампоните од Орзен, многу се добри и не ја мрсат косата. Регенератор или маска е нешто задолжително за здрава и квалитетна коса и нема шанси од нив да ти се мрси побргу зошто ти го нанесуваш на врвот од косата, не на коренот. Можеби најдобро би ти било да отидеш на фризер да го скрати оштетениот ден и после да продолжиш да си ја негуваш косата со маски. Силиконските капки и спрејот се ефикасни ама, според мене, не се доволни - јас исто ги користам но во комбинација со регенератор или маска
Здраво девојки, сакам да ве прашам што да купам за побрзо да ми расте косата се ошишав ептен кратко. Да купам од оние шампоните од бреза,коприва или камилица оние што се мешаат со капсули Б1,Б2 како и да се викаат не ми текнува. Што препорачувате од кој шампон најбрзо ќе ми порасне косата?
Јас го кристев долго време шампонот од коприва на илирија и во него ги додадов ампуите и има резултати
Фала многу за советот,стватно делува . Иначе си имав восок дома ама не го користев, не знаев ни за што служи . Ама сеуште имам проблем со врвовите,ми се виткаат нанадвор какво и да е времето. Пробав повеќе восок да ставам ама џабе.Некој да не знае што да правам?
^ Јас имам ставано истолчен б- комплекс во шампонот. Само гледај да ги истолчиш добро, бидејќи остануваат парчиња во шампонот и нема да можат добро да се растворат во него.
И јас ставам б-комплекс, ама сеуште е рано за резултати. Иначе кога ги толчев ми остануваа на дното делчиња, па сега почнав во малце топла вода да ги ставам(истолчени) и се топат и потоа тоа го ставам во шампонот.(само да знаеш дека многу смрдат кога се топат во водата,ама потоа во шампонот воопшто нема мирис.)
Јас имам го користено имам правено ваков шампон но мене после тоа и косата не ми мириса убаво и го прекинав а имаше доста добри резултати планирам повторно да направам и затоа прашав дали има нешто разлика од ампулите и апчињата. Благодарам на одговорите
Тие што ја имат ретчено косата,многу ли ја разретчуват или малце? Косава ми е на два дела кратена ама сакам горниот дел да е поретко за да згине со големината на косава со должината што е поретка. Некој што ја ретчел нека пише незнам да ова немам правено вака...