Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи прашања за коса

Дискусија во 'Коса' започната од butterfly33, 30 август 2012.

  1. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.759
    Допаѓања:
    23.965
    Пол:
    Женски
    Леле, јас на шампонов му дадов шанса едно 3-4 пати, ама на крај се откажав и го фрлив скоро цел.
    А, го купив оти тука го фалеа.
    Мене природно ми е многу, премногу сува косата, а шампонов уште толку ми ја сушеше.
    Не знам, со ниту една маска не се решаваше проблемот.
    Сега го гледам низ маркетите и пакување му смениле.
    Сума сумарум, за сува коса не би го препорачала ни под точка разно, освен ако некој нема совет за соодветен регенератор или маска во комбинација со него.
     
  2. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.425
    Допаѓања:
    91.500
    Пол:
    Женски
    Јас имам многу мрсна коса и мене ми одговара.
    Има два вида, едното е со чичково масло, и е пакувањето со виолетова етиката,а другото е она стандард.
    Двете ги имам користено и од ова со чичково масло сум позадоволна.

    Еве трет ден косата уште не ми е мрсна ко што знае да биде со друг шампон, а порано бев презадоволна од обичниот коприва.
    Ми ја прави убава мека, сјајна.

    Ако имаш проблем со мрсна коса, убав е. Мајка ми има сува коса, неа не и одговара.
     
    На mime87 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.916
    Допаѓања:
    81.189
    Пол:
    Женски
    Мојата коса е мрсна на корените, сува кон врвовите, највеќе на самите врвови. Мене шампонот од Афродита со лук ми е најдобар на свет! Не го менувам повеќе, зашто стварно се уморив од читање етикети, состави, рецензии и искуства низ Интернет. Толку, до тука било, пресеков пред повеќе од месец дена. :lol:
    И мене на почеток уште толку ми ја сушеше косата, но му го најдов лекот и веќе не ми се потребни ниту маска, ниту регенератор, ниту бутур. Косата да не се подречам, поубава не ми била од дете. :)
    Час или два пред миење, на полумокра коса нанесувам чичково масло повеќе на врвовите или на пола коса, кога-како и оставам така да отстои. Потоа си се мијам со шампонот и немам мака. Ниту ми е безживотна, ниту врвовите испукани. Косата ми се препороди.
     
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Некој добар фризер што знае да шиша и да фенира убаво да препорачате?
     
  5. jagodka.18

    jagodka.18 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    607
    Во Скопје ? Ако е за во Скопје мжам да ти ја препорачам мојата фризерка , 4-5 години се шишам кај неа и сум препрезадоволна. Не е позната но си ја знае работата. Да не испадне дека правам реклама , пиши ми ЛП ќе ти дадам бројче ако сакаш
     
  6. lana666

    lana666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    55
     
  7. BabyyBoo

    BabyyBoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Има ли некои добри спрејови за обновување на коса
     
  8. kate89

    kate89 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.562
    Пол:
    Женски
    Дечкии зимно време имам голем проблем со косата...
    Значи ми се витка ненормално многу, без разлика дали ми е пеглана или фенирана, ич не ми стои и страшно ме нервира.
    Дај кажете спас. Шампон ли, маска, спрејови нешто што знаете или пак користите за малце поцврста да ми ја држи косата.
     
  9. MiaNmaR

    MiaNmaR Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Женски
    Истиот проблем го имам и јас :( и само поради тоа зимно време избегнувам да ја носам пуштена косата ..Ајде ако знае некој нека помага
     
  10. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Шампон за осетлива коса?
    Не можам да си најдам шампон.Некои ептен ми влијаат врз косата,ми предизвикуваат чешање,првут и ми ја сушат ептен,а други-ми ја праат премногу мрсна.
    Предлог?
    :?:
     
  11. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    904
    А да пробаш со бебешки шампон. Благи се, неутрални. Јас до скоро користев на Babylove но, за жал повеќе го нема. И се префрлив на Хип за деца. Eдинствено после нив косата не ме чеша. Од сите други ме чеша. Мислам и против перут дека е. Кај мене перутот скоро и да го нема.
     
  12. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    1.512
    косата ја третирав 'пери-носи`, ама мора малку да ја улепшам :lol:
    Не сум користела маски и регенератори, ама дека ми е оштетена косава, девојки ако може да ме упатите кога и како се користат :rofl:
     
  13. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    @Calla Регенератор за коса се користи после употребата на шампон. А маската може да ја нанесуваш како неделен третман (еднаш во текот на 7 дена) после измивање на косата со регенератор. Ако забележиш дека треба да ја редуцираш употребата, може и еднаш месечно да правиш третман. Се зависи од степенот на оштетеност на косата.
     
    На Traveler91 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Купи си на Gliss conditioner има во повеќе пакувања со различни бои. Најубаво ќе биде да одиш во некој маркет или ДМ и ќе разгледаш која боја за каква коса е. Јас го користам црниот со кремасто/златно. На него пишува дека е за многу оштетена и сува коса ама јас го користам по препорака иако не ми е оштетена. Секогаш го ставам по бањање, не се измива и косата ми станува мека и многу лесно се расчешлува. Јас лично сум многу задоволна, околу 200 ден. е некаде помалку некаде повеќе ама за тие пари вреди, и многу долго ќе го користиш, не се става по многу. :)
    [​IMG]
     
  15. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.525
    Допаѓања:
    106.055
    Пол:
    Женски
    Некоја да ги има пробано шампонот и маската од Балеа ? Ме интересира да не ја мрси или суши косата? И која е разликата помеѓу овие шампони и другиве
    [​IMG]

    [​IMG]
     
  16. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Во периодот откако користам вакви производи (а тоа е долг период) немам слушнато за користење на маска на овој начин.
    Регенераторот ја има истата фукција како и маската и се употребува на ист начин и воопшто не е потребно да се користат и двете истовремено. Наместо и двете, одбери едно од нив. По избор можеш дополнително да користиш и спреј за коса на деловите каде што тешко ти се расчешлува косата и/или капки за коса.
    Ако е потребно повеќе информации, пиши каква ти е косата за да може нешто конкретно да се препорача.
     
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    @OmniaVanitas и јас користам или маска или регенератор, никогаш не ги користам и двата продукти истовремено.
    Меѓутоа сум приметила дека на многу маски е наведено да се употребуваат еднаш во неделата, додека кај регенераторите не сум го забележала тоа.
    Затоа маска си користам само еднаш во неделата, а регенератор користам 2-3 пати во неделата после секое миење на косата затоа што ми е потребно нешто да ставам после шампонот. Разлика има и во тоа што регенераторот немора да се држи неколку минути туку одма може да се исплакне, а нели маските обично треба да остојат некоја минутка.
    Најверојатно маските се поконцентирани од регенераторите и подлабински може да делуваат во влакната.
     
    На Traveler91, SwanMay и OmniaVanitas им се допаѓа ова.
  18. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Сестра ми баш вчера го купи шампонов во средина што е, ама уште не го пробала. Кога ќе видиме ефекти ќе ти пишам.:)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  19. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    @mims-89 Маска, регенератор, капки, спреј, масло... Со сето тоа само ја преоптоваруваме косата. Затоа велам дека не е потребно да се употребуваат и маска и регенератор, особено ако се додаде уште нешто од наведената листа.
    До сега немам користено маски од кои треба да се прави пауза или имаат упатство да се користат поретко. Сепак, до сега имам користено домашни маски и преферирам регенератори.
    Инаку и регенераторот се остава да отстои неколку минути. Колку подолго - толку подобар ефект. На оние на кои пишува да се остават една минута се всушност за периоди кога ни е потребна побрза подготовка и немаме подолг период за средување. Сум забележала дека од нив, колку подолго стои - толку подобар резултат даваат.
    Како и да е, секоја коса си е посебна „приказна“ и овде можеме да дадеме совети. Крајниот резултат се добива од истражување.
     
    На MiloMalo, koritsaki и mims-89 им се допаѓа ова.
  20. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Препорачајте ми некој шампон?
    Не Хед ен шолдерс или Ваш ен гоу.
    Некако после некое време сите шампони ми прават перут, се мислам да не ми е кожата чувствителна? Има ли нешто на Балеа убаво, да пробам? :)