Што мислите за фризурава? Се мислам дали да се шишам. Бојата на косата ми е слична, мојата е природно плава, можеби сте ме виделе на темата Модни критики.
@crimson Сум те видела во модни критики и искрено, повеќе ми се допаѓа твојата моментална фризура. И Овој избор е добар доколку сакаш да направиш промена. Сепак, одлуката е твоја.
Има некоја од вас отстранувано метил од косата со упаљач? И каква е косата после тоа? Стварно не се познава ништо? :\ Мене искрено ризично ми е,не знам како би било.
Баш пред некој ден го гледав филмот со неа каде што е со ваква фризура и ми се допадна. Пробај, направи промена, коса е, ќе порасне.
здраво девојки, имам проблем со мојата коса, пред да се породам имав убава виткана коса, не многу долга, ама секое влакно виткано, само си ја мијев, никогаш не се чешлам само со прсти поминувам, арно ама, после породување, дали од хормоните не знам, косата ми стана бушава, секое влакно лета до таван, не сменив шампон ништо, туку косата ми е катастрофа, воопшто не е виткана, ниту права, како да објаснам бушава. Не знам што да правам, порано многу ми паѓаше но и многу ми расте, сега не ми паѓа многу ама никако да ја средам Препорака ???
Здраво девојки Освен шампон и регенератор или маска, кои се користат додека косата е сеуште мокра, што користите откако ќе ја исушите косата? На овие ниски температури, неизводливо е да чекам косата да ми се исуши без употреба на фен. А после сушење на косата со фен, целата ми е разлетана. Препорачајте ми некој ефикасен и ефективен производ, кој нема да ми ја сплеска косата, туку само ке ги смири разлетаните врвови.
@Linda.A За стилизирање на косата можеш да користиш крем за коса кој ќе ти ги спласне разлетаните влакна. @jovanovska94 Спреј за коса или крем за коса. Од спрејовите овде преовладуваат оние на Schwarzkopf кои имаат и најголем избор. Доколку не сакаш да ја сушиш со фен, совет од мене е да ја оставиш да се исуши во крпа некои десетина минути и потоа да ја сушиш само на коренот, а да ги оставиш врвовите сами да се исушат.
Ќе може ли да ми препорачате некој добар спреј за коса за полесно расчешлување а воедно убаво да мириса?
Мене многу ми го фалат на Шаума, го немам пробано ама сите што сум ги прашала ми го имаат препорачано
@Reachel Јас ти го препорачувам детскиот спреј од Авон со мирис на манго кога веќе ти е битен и мирисот.
Како се справувате со електрицитет на косата? Никогаш порано сум немала ваков проблем, ама во последно време мака си мачам. И додека се фенирам, лета на сите страни, и отпосле во нормална состојба кога е . Нема разлика дал е свежо миена , или после некој ден, туку така знае да се разлета на сите страни, и страшно ме нервира. Немам промена на шампон, користам маска, не ми е оштетена пред 1 недела се шишав, стварно не знам од што може да биде.. Откако ја приметив, после некој ден ми се пожали и мајка ми за истото.. И нејзе истото и се случува...
И мене исто ама мене не после фенирање туку наредниот ден кога ќе излезам некаде, може да е од ладново и од влага.
@Olgitsa и јас го имам истиот проблем и многу се нервирам. Баш се мислев да прашам тука дали некој има решение за справување со електрицитетот. Мене ми се електризира косата од џемперите, шаловите, јакната, капата, ракавиците и се што е такво волнесто. Но, не е дека ми се електризира само од нив, туку во секое време од годината го имам тој проблем, само што сега е преизразен заради употребата на такви материјали на облека кои доведуваат до зголемување на електрицитетот. Ниту мене не ми е оштетена косата, шишана ми е пред 2 недели, немам сменето рутина во миењето на истата така да тоа е тоа. Јас го решавам електрицитетот така што на рацете ставам крема или пак само вода и нежно поминувам по косата, најмногу на површинскиот слој и врвовите. Исто така ми помага ако на четката за коса пред чешлање испрскам лак за коса. Меѓутоа ова е само привремено решение. Во наредниот саат-два пак ке ја фатам со раце или ќе го тгнам шалот од врат и сум ко балон да сум си триела од глава, Ако има некој некое подобро решение за овој проблем нека сподели
Рејчел,јас користам ваков спреј,многу убаво мириса,како на праска мирис има,а косата многу лесно се чешла,едно време го земав за околу 230 денари,па после го начекав на попуст 195 денари.
Од самото време е таква - внатре топло со сув воздух, надвор влажен, па додади на тоа и еден волнен џемпер и уште толку ми леташе косата како да фаќа сателитска. Јас „патев“ од истото, ама го решив откако почнав да употребувам млеко за коса пред фенирање. Ретко ја фенирам косата цела, обично само корените ги дувам малку, колку да не ме боли глава, ама ете во последно време ми треба средена фризура и се фенирам почесто. Го купив млекото за коса на Balea со манго, го користам можеби два месеци и навистина сум задоволна од ефектот и од негата. Косата ми е мека, мириса на манго и не се мрси. Доволно ми е само едно истиснување за целата коса - нанесувам од пола коса, а најмногу на врвовите. Има разлика во фенирањето, косата е многу полесна за обликување, мека е и подолго време ми држи права. Дури ни влажното време не е пречка за тоа. Многу сум задоволна, не очекував дека тоа може да биде решението. Не е скапо, можеш да пробаш со него. Мислам дека го купив 170-180 денари од ДМ.
Го имам истото млеко за коса од Балеа ама мене не ми одговара, ми ја мрси косата. Незнам, не ми се допаѓа...од време на време му давам шанса зошто не сакам да го фрлам и секогаш жалам што сум го ставила на коса. Имам и едни силиконски капки исто од Балеа, за исправување на косата, а имам и од Лореал едно Extraordinary Oil. И двете ми ја прават косата прекрасна, ама па од нив ми е уште по разлетана. Пробав и со пена за коса, не иде. А како шти ми се масти брзо темето, не ни сакам да ставам триста глупости на главата... Изгледа нема спас тоа е
И мене ми се мрси темето најмногу, ама сите препарати што ги нанесувам ги ставам минимално по должината на косата и највеќе на врвовите. Понекогаш ако претерам со количината од млекото приметувам дека не останува свежа како и вообичаено, но си ја научив онаа која ми е доволна за да не ми се електризира косата, па сега немам гајле. Пробај да ставиш помалку, можеби ќе профункционира и кај тебе. А за овој проблем мислам дека дефинитивно крема или млеко за коса му е мајката. Маслата и мене ми ја прават косата полесна и поразлетана, ама не ја избегнувам таа постапка затоа што ставам масло наместо регенератор. Можеби малку восок ќе ти заврши работа, ама мене не ми се допаѓа како ми изгледа косата по нанесување восок.