@koritsaki Ima li efekt barem ? Jas bi sakala da si go otstranam ombreto a da ne se sisam mnogu kratko ?
Ах Мини, во врска со омбре незнам што да ти кажам тоа подобро да прашаш некоја фризерка , јас имав црна боја фарбана на коса и лани ставив од деколораторов и не ми ја оштети воопшто косата , цела фарба ми ја извади и косата ми беше кафено портокалова. Имам ставано и слики како ми беше косата пред и после , јас лично бев задоволна. За омбрето сигурно прво ти е ставано бланш, прашај си фризер
Имам слични вакви само од Орифлејм,и најчесто кога се виткам со нив земам прамен од косата и го вртам на витлерот само што преферирам косата да ми биде малку влажна бидејќи така повеќе ми се витка ама тоа зависи од косата исто така кога се виткав навечер преспивав со нив ама сабајлето кога ќе станев не можев крајот да си го најдам
Девојки, дај кажете некој совет за побујна коса? Имам тенко влакно, права и мека коса скоро до половината, и откако ќе ја измијам ми е како сплескана. А и тешко се витка.
Се оформуваат како полжавчиња или чворчиња. Еве слика и линк со детално објаснување. http://everydaylife.globalpost.com/use-sponge-rollers-make-ringlets-31611.html
Девојки да ве прашам со деколорантот може да се исфарба само пола коса но не од коренот. Да ја направам омбре?
Не не, дома не правам сама експерименти. Инаку прашав неможе со деколорант, може со бланш. Ама подобро да си бидам црнокоса.
Фалаа Ти Еленче ама размислив дека така нека ми расте и сама ке си излезе бојата па што ке биде нека бидее немам повеќе зивци за да експериментирам со мојата коса па да ми ја снема некој ден хаха
Може ли некоја идеја за шатирање или омбре ...кое е подобро ...сакам да сменам нешто но немам идеја каква да ја правам ? Иначе смеѓа ми е косата .Ако може некоја сликичка .Фалаа ви однапред
Подобро е да не го загреваш пред да го нанесеш. Намачкај насекаде, замотај ја косата во кеса, па стави пешкир одозгора и дувај со фен. Јас вака правам, по советот на @Biodevojka и многу сум позадоволна на овој начин, отколку да го мачкам загреано на кожата од главата или на самото влакно.