Има нормално спреј за свежа коса во авон стално го користам не ми ја мрси косата мн убаво мириса и е многу евтино јас го зедов 150денари со попуст и секогаш земвам цветна категорија за на лето и некој лесни нијанси за на зима..Секогаш ми мириса убаво..А btw фризерката кога ја прашав за парфем или дезодоранс на коса ми рече да не ставам бидејќи многу се оштетвела косата Мило ќе ми е ако помогнав на некого
Девојки сакам да прашам дали со премногу честа употреба на маслата за коса (бадемово, ореово, рицинусово итн..) може да ви се измрси косата и да не можете после да си ја оправите? Ми кажа една другарка дека требало 2-3 пати во месецот само да се става од маслото, јас си ставам секоја недела бадемово и рицинусово ги мешам. Што мислите вие?
Немој да ја сушиш веднаш по миењето, кога уште ти останува вода на допир на раката. Ќе си почекаш 10, 15-тина заврзана во пешкир да ти се подисуши. За волумен суши ја со главата надоле, без да ја чешлаш. Ако природно ти е спласната и на овој начин не ти се прави волумен, најдобро е да си купиш пена за коса, што се нанесува пред фенирањето на полу сува коса.
Совет плус, усоврши ја техниката на фенирање со четка. Откако ќе го намоташ праменот на четката, со фенот дувај во коренот, под четката. Јас вака добивам на волумен, плус и сушењето со главата надолу.
Феминки.. ја имате таа чест да ја запознаете мојата чкљ или какко и да е, коса барам совет од вас. Косава е ниту права ниту виткана. Смачено ми е веќе да ја пеглам мада и тоа нема никаков ефект Спојлер освен ефект на горење кога стои права само пол саат а потоа веќе почнува да се витка на врвовите. Не планирам да пишувам есеј кратко и јасно барам некаков совет со што би можела да ја скротам косава? Нешто за да биде виткана барем.. за исправување знам дека нема Секој совет е добредојден п.с. сликава ќе ја ставам во споилер.. за доброто на сите Спојлер
Јас ја плетам во внатрешна плетенка за спиење и сабајлето ја отпуштам и многу убаво се витка, така ми стои се до наредното миење.
Јас вака ја виткам. После миење ќе ја исушам и колку можам (и пола саат е доволно) ја чувам вака виткана. Ако ја оставиш подолго уште поубаво. Или фати ја цела во две "плетенки", или само предниот дел, или направи повеќе од две Држи доволно долго http://www.youtube.com/watch?v=luL_xi88S9U
Како да постигнам косата да ми биде подигната од коренот? Знам дека треба со фенирање ама дали има друг полесен начин а ако нема тогаш ќе ми објасните како да ја фенирам од коренот, со каква четка дали може со обична, дали треба после миење или може кога било?
Што да користам за врвовите на косата, односно од половината па надолу да не ми биде сува ? Користам моментално шампон за против опаѓање на косата и тоа малце ми ја суши.
јас користам капки од Авон, само за врвовите на косата. Откако ги користам ниту ми се суви врвовите, ниту пак ми расцветале. Не знам како се викаат капките, во плаво кутивче се, ќе ги најдеш во делот за нега на коса во каталогот на авон.
Сувата коса мијте ја поретко и повремено масирајте го темето со маслиново масло. Мрсната коса е најдобро да ја миете со чај од камилица или со вода во која сте растопиле боракс и сте додале малку глицерин. Русатас коса ке биде посветла и посјајна ако во последната вода за капење додадете чај од камилица и ружина водичка. Првутот ќе го отстраните ако косата ја плакнете со раствор од еден литар вода во која сте додале 20 гр. калиумов карбонат.Можете да користите и чај од липа,но ефектот не е толку силен. Ако ви паѓа косата,мијте ја со силен чај од камилица. Да пишувам уште?
Да! Одлични совети Ќе почнам да се мијам со чај од камилица, ем ми паѓа, ем малце сакав да ја светнам и осветлам
Каков ефект се постигнува со вакви витлери? За долга коса какви витлери се подобри поголеми или помали?