Дали тоа субрините не се во ред нешто, или мојата коса не е во ред? Ставам субрина, веднаш ми се мрси. Пред тоа не беше така, како мала мајка ми ми ставаше за да ми ја расчешла косата, а сега сакам за сјај и помека да ми биде и ништо од тоа.
Пробај ги на Глис спрејовите, мене ми беше супер го користев црниот со златно капаче. Во ДМ ги има, во поголеми маркети околу 200 денари. Многу убаво се расчешлува косата и многу се подобрува самиот квалитет на косата. Супер производ, јас сум многу задоволна. Еве од кога не го користам веќе, мака мачам да ја исчешлам а и не ми ја мрсеше, цело време заборавам да си купам ново.
Девојки, има некоја да сподели искуство со израстување на светла фарба? Јас џабе ја затемнував, ми падна бојата и после две фарбања дигнав раце, немаше цел да продолжам залудно да ја мрцварам косата и сега си се шетам со светло кафен корен и средно плава коса Имам кратка коса, малку до под раменици и се што можам да направам е да ја соберам во едно шугаво репче од едвај 5,6 цм па така некако се камуфлира израстокот ама кога е пуштена, коренот не да ми вришти...
Да и направиш балајаж? Ќе биде скапо на фризер дефинитивно, ама пак ќе ти биде убава косата, и како што ќе ти расте ќе ја кратиш?
QweenSM за ккава субрина правиме муабет? Зошто марката е Subrina и има шампони, регенератори, спреј, фарби..
А што ти фали? Мене баш ми е симпатично, од таа причина јас мојава ја немам фарбано од Јануари, си имам фино коренче, повеќе од 5 сантиметри кафена, и надоле златно плава Башка лето иде, нема зошто дополнително да се уништува косава, кога самото сонце ќе ја направи посува и оштетена, со и без третмани.
@x.Daisy.x, многу ми се допаѓа таа техника на фарбање, нека порасне малку коренов па би сакала да ја пробам @kjukli, ако се сретнеме во град, ќе се препознаеме по фризурите (плус, и јас последен пат се фарбав во јануари ) Хороскопска девица, шта чеш, се мора да е совршено Се замарам за глупости, знам, ама коренот стварно ми боде очи кога ќе го видам, едвај чекам да порасне, да ми дојде барем до под уши. Сега сум на мисла да пробам со тој шампонот на Афродита со лук, наводно многу брзо растела косата од него...
Мене тој шампон ми ја мрсеше косата премногу. За 2 дена веќе морав пак да се мијам, а обично на 3-4 ја мијам косата. Не е многу скап, околу 100-110 денари во ДМ го имам гледано па ако сакаш да пробаш нема да изгубиш многу, а и добиваш 1л продукт што ќе ти трае долго.
А кажи ми, ти растеше барем косата побрзо додека го користеше? И јас косата ја мијам на 4,5 дена и ептен тапа ако треба секој втор ден да почнам да ја мијам...
Искрено, не знам. Многу кратко го користев 2-3 недели, а и тогаш косата ми беше многу многу долга па не ни приметував дали ми пораснала или не. Зошто не пробаш со ампули, има девојки ставаат Б6, Б12. Инаку знам дека помага многу ако пред миење на пример и ставиш масло некое, обично чичково и со наведната глава надолу го масираш скалпот 5 минути. И баш прочитав мислам дека pleza4e имаше пишано дека ова и помогнало многу. Еве во овие видеа на пример секој ден 1 недела си ја масираат главата и наводно им расте многу, испробај барем не е ништо штетно.
OmniaVanitas Субрината ми беше порачана од Орифлејм, имаше шампон и субрина одеше со него. Ич не беше убава ни шампонот ни субрината.
Најверојатно мислиш на регенератор, зашто Субрина како назив, се однесува на бредот кој произведува препарати за коса. А добро познатата Субрина, бил првиот регенератор за коса пуштен во продажба на Екс-Ју просторите, па затоа најверојатно некаде уште се нарекува под тоа име.
Порано на некои моменти многу лош мирис ми имаше косата, колку и да е чиста. Сега пак. Многу се чувствува, имам мрсна коса одсекогаш, а спас во ништо. Сега ниту Орзене не ми е ок, xормонски се ми е проверено. Не знам што да користам
Гo нaпишaв oвa, oд пaлете кoсaтa ми рaсцветa булвaлнo дo ушите. Мoрaв дa јa скрaтaм, кo тенџере. Спaс зa мoјaтa тенкa рaсцветaнa кршливa никaлвa кoсa? некoј ми беше предлoжил другa фaбa. Нo ми требa мaслo,мaскa штo би ми јa упрaвил кoсaтa,кoјa ми е безживoтнa,сувa.. :/
Sunnygirl , јас ти предложив фарби баш вчера , инаку јас би ти предложила да пробаш со некои витамини што се наменети за коса и нокти , да попиеш некој месец , зашто знаеш некогаш е и од внатре не само одозгора да ставаме маски , шампони и др. Јас го имам истиот проблем ко и ти за сува не ми е сува косата , но имам слаба коса без волумен , многу тенко влакно. Друго не ти препорачувам никако да ставаш бланшеви и др осветлувачи на коса бидејки тие ги докрајчуваат и така тенките влакна , ова го пишувам зашто знам дека едно време бараше да ти пишеме некои плави фарби за коса. Трето можеш да пробаш некои шампони/маски што содржат некое масло внатре , и плус можеш да ставаш додатно маска еднаш во неделата како кокосово масло , бадемово масло... Еве гледам на Балеа многу ги фалат ако има некој таков можеш да пробаш , а кокосово масло имаш по продавнициве за здрава храна. И кога се миеш коса и нанесуваш маски , држи ја косата со маската во крпа ако можеш околу пола саат , мене ова многу ми помагаше кога косата ми беше сува. Можеш да користиш и спрејови за заштита од топлина , на пример јас користам едно масло такво од Глис и многу сум задоволна плус сјај ми дава на косата. По нет читам дека и црната линија од Глис е многу добра за сува и оштетена коса , па можеш и од нив да пробаш
Се стaвa пo мaлку oсoбенo aкo кoсaтa ти е крaткa , и држи гo пoлa сaaт пa измиј се не сум гo кoристелa никoгaш oвa мaслo , aмa мнoгу гледaм декa се зaдoвoлни мнoгуминa
Јас користам слично вакво. Се става по малце, низ цела коса. Два пати стави шампон и одма ќе ти се извади од коса. Имам пробано и со ладна и со топла вода, се вади во секој случај.