Здраво девојки имам едно прашање до вас. Видов на фб за фризерско студио Александар во Аеродром па има некаков третма за коса за 300 ден. Дали некој бил на тој третма да ми каже дали има некои ефекти..или општо фризерот-фризерките таму какви сте, дали сте задоволни од нивната услуга и сл.
Feminki me interesira okolu transplatacija na kosa vo sistina dali nekoj vas blizok ili poznanik pravel..da spodelite
некои се мачкаат со некои гелови што прави да им изгледа (со малце претеран ) сјај што по мене не е решение.
So koja bilo farba ako ja farbas cela kosa od koren do vrvcinja sekoj mesec ke ja isusi kosata. Moras obavezno da koristis regenerator ili maska, sprej za rasceshluvanje, ampula za obnova, kapki za kosa od argan i ulje (kokosovo, chichkovo, bademovo itn)
ќе може ли некој кој има искуство со ехотон да ми каже каде може да се купи, колку чини и која е процедурата на нанесување.
Има во ДМ маркетите и мислам дека е стотина денари, можеби нешто над сто, одамна ги гледав и не се сеќавамна цената. Не би знаела да ти кажам како се нанесува, не сум користела до сега.
@SunnyGirl2 Баба ми користеше ехотон. Имаше седа коса, правеше месечен третман на фризер и по употреба косата добиваше сива боја. Го користеше за неутрализирање на жолтите тонови на седата коса со што таа добиваше убава и изедначена боја. Каков ефект би имал на природна небојадисана или на бојадисана коса и јас се прашувам.
@SunnyGirl2 па мене фризерката ми рече да почнам да го користам за да ми се изедначат бојата на косата со коренот зошто сум плава и ми двои, а исто и жолтилото го неутрализира.
Јас како што знам се користи на пример кога имаш фарбана коса посветла, и пораснат корен. Ќе ја натопиш ќе го ставиш тоа и го оставаш да делува некое време. И после тоа нема да ти се познава толку многу темниот корен што ти пораснал. Го продават по фризерниците обично.
Ombre, имa ли вaквo кaј нaс? Сaкaм дoмa дa си јa нaпрaвaм, нo сo штoo? Блaнш кaде се прoдaвa,кoлку пaри и грaмaжa?
Бланш имаш од кесички по 25 грама до цела кутија од 500 грама, цената зависи од каде ќе купуваш, каков, и колку ќе ти треба за косата(незнам која должина ти е). Јас ја осветлував косата неделава од црна-плава, доколку ти треба помош пиши ми пораче...
Ги има и Лореал омбре фарбите за коса, во сите подобро снабдени маркети. Цената им е околу 500 денари, а нешто подетално не би можела да ти кажам затоа што ги немам користено.
Кој од Глис спрејовите е за отплеткување на косата или за помека да е?, пошто мојата во последно особено врвоите ептен е крута не се чешла, а немам метил баш ја прашав фризерката. И како се користи спрејот? Зборам за овие
Јас го имам истиов виолетовиот на глис и го прскам на мокра коса после миење. Со оглед на тоа што косата ми е ептен долга без него нема шанси да ја исчешлам. Ја прави мека да, ама нема некојси WOW ефект....сеа незнам што отчекуваш ти