девојки гледав видео на јутуб за како сама да си направиш спреј за заштита на коса од топлина девојчето стави вода во едно шишенце и потоа додаде само 3-4 капки од некое масло. можеш да користеш масло било какво(авогардово,кокосово,маслиново,сонџогледово,чичкино)... дали некој има пробано и дали има ефект?
Мислам дека маслата не се наменети за заштита од топлина, баш спротивно може да ти ја „спржат“ косата. Масло/силиконски капки се става после пеглање/фенирање, а пред тоа си има соодветни средства за заштита.
Девојки кажете нешо против опаѓање на косата.. пишав и во другата тема но никој не реагира.. Во последно време мноогу ми паѓа.. исплашена сум и испаничена ... немам некој стресови сеа, утре ке правам и крвна слика да видам дали има некоја врска и тоа.. Кај така ми е ретка уште да ми падне.. само на лошо мислам од што сум исплашена... Совет?
Во аптеките има многу корисни и квалитетни четки, поскапи се но поефикасни и подолгорочни. Ако додаваш ампули б витамини тогаш 15 а ако додаваш таблети тогаш 20 тина. Исто и од пивскиот квасец не повеќе од 20 тина. За против опаѓање на коса имаш најразлични шампони во аптека, или шампон од лук зависи кај кој како варираат пробај да го пронајдеш најсоодветниот и да не користиш јаки препарати на косата, исто можеш да се миеш со вода од претходно сварени коприви, конкретно јас се обидов со таблети од пивски квасец и ми се случи тотален пресврт и благодет на косава.
Зедов од рецепт против опаѓање и од афродита од лук исто против опаѓање.. па ке видиме.. и зедов и листови од орев за плакнење на косата.. Во план сум и некој третман да направам кај фризериве некој.. не знам и јас што побрзо да направам само таму ми брчи умот
Da bese nekoj so pomalku kosa do sega kelav ke odese,veke na patecot se gleda kolku e izretcena,uzas ej,gledam ima dosta od onie potkarcite bebeski pa belkim ke se podobri so niv,a da ve prasam posle poragaj kolku vreme trae toa opaganje?
mene mi pagase strasno dve nedeli go koristam i ne mi paga msm ne tolku kako so bese inaku ima razlicni za mrsna kosa za ostetena za prvut ima nekolku vrsti recepto
@Miss.N прво направи анализа на крв заедно со хормоните на штитната жлезда, за да си сигурна дека не е поради слабо железо, или проблеми со тироида и слично. Потоа ти ги препорачувам капсулите Фитовал, тие се за коса, кожа и нокти и се многу добри. Не се толку искомерцијализирани како Мерц, меѓутоа според мене имаат поголем ефект и се доста фалени по српските форуми пример. Имаш 60 капсули кои ти се доволни за два месеци. Еве како изгледаат и нешто повеќе за нив http://www.fitoval-formula.com/en/products/anti-hair-loss/capsules/ Се пијат по една на ден со јадење и се препорачува да се испијат една до две дози, и потоа да се прави пауза од неколку месеци. Фитовал имаат исто и шампон, има пакување од 100 и од 200мл, па можеш да го пробаш и него да видиш како ќе ти реагира косата. Исто можеш да си правиш третмани со рицинусово или чичково масло, да ја навлажниш косата, па да ставиш од маслото, да ставиш ќеса на главата и потоа да ја завиткаш во крпа и да оставиш така да стои минимум час, а можеш и повеќе доколку имаш време. Има и многу добра маска со обичен квасец, се прави како за стасување пола коцка квасец или пола пакетче сув квасец, 1 мала лажичка шеќер или мед и 1 голема лажица топло млеко. Сето ова се меша и се остава квасецот да се активира и потоа се нанесува на влажна коса, се става ќеса, се загрева со фен малку за да се активира уште повеќе квасецот и се става плус крпа за да ја држи топлината. Оваа маска е многу добра општо за коса, јас ја открив пред некоја недела и ја правам еднаш до два пати неделно и косата ми е многу мека и сјајна, баш сум задоволна. Квасецот изобилува со витамини од групата Б кои се многу важни за косата. Еве ти повеќе инфо ако сакаш да си прочиташ.https://mk.wikipedia.org/wiki/Лебен_квасец Не паничи, ова е долг процес, треба време од неколку месеци за да дојдат работите во нормала, вака колку повеќе се анализираш толку повеќе си под стрес, а тоа само може да ти го засили опаѓањето, а не да го намали.
Да денес бев кај матичната.. пред еден месец имав направено крвна слика и ми беше во ред 14ка железо, а утре ке направам за тироидната жлезда.. и денојве хормонски испитувања.. Се надевам дека се ке биде во ред и дека е само есенско паѓање на коса.. А ми паѓала и претходно ама не сум обрнала толку внимание како сега и многу ми дојде стресно.. од што ја мислам дури едвај спијам ако веруваш Докторката ми ги препорача Мертц апчињата, но ако мислиш дека тие се подобри тие ке ги земам.. а и ова со квасецот ми делува добро.. ке го направам и ке ти кажам шо ке биде Иначе сакам да направам и некој третман кај една фризерка работи со Диксон па си викам и со тоа да пробам.. не знам колку е паметно тоа.. Сепак фала ти многу <3
Заборавив да кажам за маската со квасец- не само што ми е мека и сјајна косата, туку имам и повеќе волумен. Мирисот на квасецот не се осеќа бидејќи нели прво се плакне квасецот, па се шампонира, а јас на крај си ставам и регенератор на врвовите. Мерц јас лично ги немам пиено, ги има пиено моја другарка и не беше задоволна, а како што кажав и други имам читано со истото искуство. Фитовал плус се добри бидејќи не отвараат апетит како што го прават тоа таблетите пивски квасец. Верувам дека си многу загрижена, ама како што кажав тоа е процес, како што не ти дошло наеднаш до оваа фаза, туку поминале неколку месеци додека да приметиш дека значително е проретчена, така ќе поминат неколку месеци додека да се среди. Трпение, спасение. И мене кога ми се деси ова пред некоја година многу паничев, ама видов дека тоа не ми донесе ништо добро, па потоа кога пак ми се повтори само се прилагодив на моменталната ситуација и ми беше многу полесно. Доколку е сѐ во ред со анализите, тогаш голема е веројатноста дека се ќе се среди, ќе излезат нови влакна, само смирено. Женското опаѓање на косата не е како машкото, каде што ретко да има подобрување каде што еднаш веќе почнала да паѓа косата.
Не знаев каде да прашам за ова, имам забележано некогаш имам боли во скалпот и така општо ме боли, а при допир ме боли повеќе, почна да ме загрижува, не знам што би можело да биди.
Не се сеќавам точно, ама мислам дека беа помалку од 300 денари, отприлика 280-290, тука некаде. Ги има и во Зегин, и во другите аптеки. Шампонот Фитовал од 100мл мислам дека е помалку од 200 денари, а тој од 200мл, помалку од 250денари, ама не се сеќавам точно и на нивната цена, ама повеќе се исплаќа да се земе тој од 200мл. Многу поефикасен е од шампонот од Афродита од лук, мене тој ми ја правеше како тесто косата, не го ни дотрошив, а ми се темнеше кога го гледав толкав, 1 литар. Лично не ни очекувам нешто посебно од шампон што за 1 литар има цена од 95-100 денари, јас од нив земам од тие 2во1 и за тело (пример од ванила или камилица ми се допаѓаат мирисите) чисто да се наоѓа низ дома како купка.
Здраво женски Се надевам дека некоја од вас ќе ми помогне Во кое фризерско студио во Скопје лепат кристалчиња на прамен од коса како следново на сликава?
Имаш болки на коренот и главата бидејки најверојатно косата ја држиш во репче повеќе време, и јас имам исти проблем бидејки косата ми е долга густа и тешка кога ја врзувам натежнува и не боли коренот, не е ништо загрижувачко. Мене навистина овој шампон од Фитовал што го спомена Сеси многу ми помогна, шампонот е одличен за првут, лупење на кожата на главата, секакви инфекции и опаѓање на косата, НЕМА ДА ЗАЖАЛИТЕ ОД ОВОЈ ПРОИЗВОД ВИ ГАРАНТИРАМ. Еве го шампонот Сметам дека сите оние кои имаат чести проблеми со кожата од главата и воедно косата треба да се откажете од обичните ефтини шампони и да си побарате нешто вакво медицинско и ефикасно, бидејки придобивките се големи, а обичните шампони можат само да ви го одмогнат проблемот и уште толку да ви направат дополнителни проблеми. @sesilija Сеси би сакала да те прашам за Фитовалот каде можам да го најдам со ваква ефтина цена бидејки кај мене во Македонија кошта околу 370 денари?