^^ Со вакви витлери се постигнува брановиден изглед,благи локни,крупни...се зависи од косата. А за долга коса зависи каков ефект сакаш да постигнеш такви витлери ти требаат,мене лично поубаво ми е ако се витка со покрупни.
јас бев задоволна од Шаума го користе цела една година и косата ми беше одлична. На третиот ден вечерта ја миев. Ми беше со волумен. Но по една година фатив првут и уште кој шампон не го сменив и сег акосата ми е катастрофа. А од Гарниер воопшто не сум задоволна. Уште повеќе првут добив. Според мене подобро е да земиш Шаума. Но сепак ти си знаеш.
Мене од гарниер косата многу брзо ми се мрсеше, а шаумата ја имам користено и убава ми беше косата и немав проблем со првут.
Косичево мое ќе ме излуди.Се фарбам прилично долго, е сега паѓа,,кога повеќе кога помалку,мене ме нервира тоа што влакното се кине.И на врвовите ми е доста тенка во однос на онаа на темето.Имате некој совет за цврстина на влакното???
Има некоја феминка што е на пмф, биологија? ( биохемија и физиологија/молекуларна биологија) ? Нека ме контактира по лп, сакам да прашам нешто.
^ Зависи од многу работи, каква фарба користиш, дали jа пеглаш косата, па дури и како ти jа скратуваат косата на фризер. Мене еден период многу ми пукаа врвовите и откако сменив и шампон и маски и чуда испадна дека фризерката ме стриже со нешто слично на жилет, не знам поинаку како да го наречам, така функционира, и оттука почнувал проблемот. Имам слушано позитивни искуства за шампонот Arginine resist x3 можеш да го пробаш...Или смени ja фарбата со оние без амониjак, одмори jа косата малку и види што ти помага.
Не се пеглам,ама мора да се фарбам.И тоа секој месец.Гледам да биде само коренот.Користам Гарниер,друга фарба,особено тие на природна основа не можам да си дозволам,премногу е за мојов џеб. Ова што има маски во продавниците речиси се е пробано,од ништо не сум видела некој wow ефект.
Не знам колку чини Гарниер обичната, но гарниер и палете без амониjак се околу 165 денари (jа користам палете). Инаку наjдобри ефекти за решение на проблеми со косата е исхраната, внесуваj б-витамини, риба, овошje, зеленчук. Можеби звучи како универзален совет, ама проблемот е во нас, за било коj проблем прво одиме в аптека или во парфимериjа, а дури откако ништо нема да помогне е тогаш алтернатива е исхраната. Проблем како твоjот сум немала, ама прво што правам кога почнува да ми пага косата во есен е ампули бевиплекс во шампонот, пиjaм б-комплекс или пивски квасец и интензивно jадам овес, житарки и овошje. It works for me.
Дали некој има користено прелив за коса, ако има нека кажи како испаѓа косата, и од каде се купува и колку пари Бидеќи сакам да ставам плав прелив ама не сум баш сигурна да не испаднам ко марсовец
Кога влакното се кини, обично е знак на оштетување на косата. Ти ја фарбаш, друг ја пегла, без разлика какво оштетување е, да знаеш дека скоро на сите девојки што ги познавам (а, секоја ја штети на некој начин) им се кини косата, само вака никогаш не се пожалиле или не рекле. Овој проблем се решава многу тешко, зошто кога косата ќе `затера` така, многу тешко е да ја средиш. Мене со години ми беше таква (поради пеглањето). Единствено решение ми беше да ја скратам цели 20 цм. (ми беше долга) за да ја обновам целата коса (по совет на фризерката). Потоа не ја пеглав, а користев поскапи шампони и маски. (никогаш не ја фарбам). И кога почна да расти косата, пак растеше исто, долу потенко влакно, горе подебело, си мислиш на степени сум шишана, а не сум. И се кинеше. Потоа, друго стручно лице ми рече дека на база на стрес косата знае да се кини и да слабее влакното. И дека е можно да е и од тоа. Моја препорака е: да престаниш да ја фарбаш (освен ако сметаш дека мораш), што помалку пегла и фен (иако рече не се пеглаш), редовно потскратување по малку, и ставај маски, многу помага маслиновото масло за зајакнување. И чешлај ја со чешел кој нема да ја плетка или кини. Се надевам дека помогнав колку толку.
Понабрзо треба да ја потскратуваш косата да ти стане поцврста и да на ти се плетка ама и јас го имам истиот проблем
Го немам пробано ова и мислам дека доколку би го пробала не би успеало. Прво, од причина што имам долга коса, потоа ова одзема многу време и сметам дека вака од толку „собирање“ и „пуштање“ на косата, наредното утро наместо „екстра“ права ќе си имаш „екстра“ мрсна коса.
Може некој да ми каже што да правам со косата постојано ми е разлетана не помага пена а и несакам да ја пеглам повеќе...(инаку имам полуправа коса со извиени врвови).. ......Секое мислење би ми помогнало...
Иначе ми препорачаа да го користам шампонот на Афродита со екстракт од лук. Ми кажаа дека нема мирис на лук, туку дека бил ефтин и дека ја зацврстувал косата. Е сега колку е точно немам појма. Некој искуство? А да и сакам да ги пробам на алфапарм маските третманските, што ги има во Космо околу 400-500 ден се, ама потребно е помала количина и трае доста долго. ))
За разлетана коса, односно наелектризирана (што е најчеста појава зимно време), решение е - крема со алое вера! И јас не верував додека не пробав, ама делува, проверено и од прва рака ви кажувам. Значи, било каква крема (сеедно дали за лице, за раце, па дури и млеко за тело) што содржи алое вера ќе заврши работа. Ќе протриете многу мала количина на прстите и нежно ќе поминете по должината на косата Звучи малку чудно, знам, ама делува