Да прашам нешто.Имам здрава долга коса и немам мака со нејзе но имам бебешки влакна и 2/3 влакна кои ги добив од шишање прамен самата (ми се заглави прамен во фенот и изгоре и морав да го скратам).Многу грдо ми изгледаат,едвај растат,ако ја фатам косата со школка или ја сплетам штрчат.Што да правам,знам дека не сум единствена со бебешки влакна.
Се работи за опаѓање на косата само од едната страна ? Што е причината за тоа и каде да ја упатам личноста која го има проблемот, на каков лекар поточно ?
Братучедка на мојата другарка која има коса до под раменици, порано и беше многу густа но сега не и е, исто така врвовите не многу но и се расцветани. Таа ме замоли да ве прашам дали знаете од искуство нешто по можност сама да го направи со што ке и се згусти косата, ќе и порасне подолга и како да не и појде косата со тоа што ке ја стрижи од расцветаните врвови затоа што обично на фризериве им велиш еден прст да пресечат они колку цела рака сечат Девојчево 13 ипол години има така да нешо као за нејзини години
Ме интересира дали може од многу фарбање и тоа многу често фарбање косата да почне да паѓа и да се изретчи? @koristaki ми личиш на доста искусна ај хелп кажи ми? Пошто не ми беше до хормони или крвна слика опаѓањето и проретчувањето! А се фарбав ко' ментална лани еднаш летото 4 пати у неделата пошто испаднав као папагал шарена на фризер и се префарбував 4 пати и уште и деколорант користев ццц...
Нормално дека може. Сите тие хемикалии и уште и 4 пати неделно? Си го преморила коренот. Ако претходно се немаш фарбано си направила и општо голем шок. Затоа не се препорачува често фарбање со перманентни фарби. Дури и еднаш месечно е многу, а за 4 пати во недела воопто и да не зборуваме. Плус е и деколорантот зошто и тој е полн со хемија ама ај него да не го броиме. Сега негувај ја косата, користи нежен шампон (по можност некој бебешки) и ако ти се плетка косата од таков шампон, користи регенератор на врвовите. Прави маски со рицинусово масло (кое поттикнува раст) и нанесувај ги на коренот, намали со користењето на пегла/фигаро, фенот на најслабо (ако мораш да користиш) и со тек на време ќе се подобри ситуацијата.
Фала ти мноогу Па јас веќе почнав со нега, користам најобичен шампон од коприва и плус ампули купив и му ставив и за сега е супер, освен што ми е косата сува али како ми паѓа бојата, така и се подобрува гледам дека горниот дел не ми е дотолку сув Регенратор кога користев уште повеќе ми се сушеше косата така да баталив тоа а и фен и пегла не користам ич, уште тоа ми фалии Некои ми викаа оди на дерматолог или у онаа Клиниката за коса што е, ама им викам што барам јас таму да им кажувам како и колку и со што сум се фарбала лоол Аа да и користам рицинусово масло два пати во неделата ставам и спијам со него Се надевам ќе ја опраам скроз, знам треба дооолго време али не се откажувам
Некогаш има задоцнети реакции како последица од премногу фарбање (или третирање со хемија) и затоа и му треба толку време на коренот за да „заздрави“. Сепак, тоа било преголем шок, а еве читам дека веќе си ги заземала потребните мерки ( ). Не ти се потребни клиники (барем не после 2-3 месеци). Особено што и веќе забележуваш промена на оној дел кој почнува да расте. За некое време ќе се среди.
Дааа, фала му на Господ каква ми беше нејќеш да знаеш како без коса бев (битно плавуша да сум била нели --- тоа ми беше целта ). Сега е далеку подобро уф... А и да заборавив ја кратам по 2cm на 2 недели и к'на ставив еднаш и резултатот беше супер ми се зајакна косата каде каде... и сега здравје пак ќе ставам к'на Иначе во август беше тоа (уште малку и една година) четрири фарбања у една недела у + деколорант Што да кажам, гледајте и учете од мене - како не треба! Ејј и фала ти уште еднаш!
Потребно ми е некој спреј/ млеко за коса за заштита од сонце? Никогаш не сум користела, но многу ја оштетив косата, па барам нешто што ќе ја заштити на одмор од морето и сонцето.
А секако , косата се оштетува , ретчи , паѓа од толку често фарбање. Поготово ако имаш тенко влакно.. Еднаш во месецот треба да се фарбаме , зависи од својата потреба де , на пример јас кога бев плава бидејќи си имав портокалови прамени на две недели го фарбав само коренот за да немам портокалови нијанси. Сега сум црнокоса и еднаш во месец се фарбам. Иако имам тенко влакно косата не ми е воопшто оштетена. Ако ти е многу сува , гледај да користиш послаб хидроген - 6ка , арганово масло за коса (чисто да биде) , не ја суши косата со фен и никако пеглање.
Еее фалаа тиии Не бе какво фарбање, баталив тоа си ја враќам природната (сега сум пола смеѓа - пола плава) Да јас имав тенко влакно уште пред да се фарбам, и отпосле фарбите уште бетар ми се проретчи али добро е има мноогу нови влакна па ваљда ќе се згусне ја оштетив тоа е (и нез зашшто тоа толку неопходно беше плавуша да сум била) па се фарбав 4 пати по ред така се фати лани у август ова и на крај пошто бев како папагал, (коренот портокалов а косата каде кафеава каде црна, абее сите боии и бапна деколорант и упали и на крај плава фарба и бидна офф офф али затоа косата изгорена метил, башка горе кај коренот цела сплескана како да ми седел некој, ужас ужасс Користам јас рицинусово масло два пати неделно ставам пред да легнам и засега е добро А фенови и пегли тоа баталив јас уште у август кога видов шо беља напраив
Спoред мене фaрбиве дoтoлку не прaвaт бељa кoлку ли пеглaтa, фенoт..и јaс веќе не јa менувaм бoјaтa црнa нaјубaвo ми стoи, кoристaм кoлку мoже пoслaб хидрoген, фенoви пегли никaкo и некaкo јa врaтив кoсaтa вo нoрмaлa
Дали некој има користено Colour Б4 EXTRA и искуства, стварно е толку ефикасен? Сакам од црна (веќе е падната боја па мава накај смеѓа) да сменам плава.
Јаас И не би ти препорачала ако не е итно, неќам да те разколебувам ама јас имав мнг непријатно искуство, а читај дадов 800 ден за тоа ѓубре Косата ми се исуши цела, пепел ми се стори башка ми се сплеска нит се чешлаше нит се пипаше, паѓаше ко луда. Красна коса ми се упропасти ете од тој деколорант
Оф. Јас до сега слушав пофалби за него и сакав во понеделник да го купам ама си викам ај уште еднаш да си прашам. И подобро со оглед на мојава коса, пепел ваљда ќе станеше. Епа ај некој совет од црна боја, плава?