@Ingvild јас па имам позитивно искуство со Колорб4 , ми ја извади црната фарба 80% и ми стана кафено црвенкаста. Но , не ти препорачувам доколку сакаш да станеш плава ова да го користиш зашто не осветлува овој производ - само ја вади бојата и тоа не целосно па така да потоа ќе треба бланш да ставаш. Јас ова го користев кога сакав да станам бринета. За плава коса оди си на фризер таму оддеднаш ќе те средат од искуство ти кажувам , нема да знаеш дома колку времеда го држиш бланшот и косата ластик ќе ти стане
Дечки не знам дали има конкретна тема за тоа, па тука да прашам...дали знаете која е цената за балајаж(или како и да се вика) и каде е најокеј да пробам да ми ја направат? само по можност да не е многу скапо
Девојки, да ве известам... Купив ColourБ4 и тоа EXTRA ама не сум задоволна воопшто од резултатот. Не очекував плава да испадне ама барем да ми се врати природната. Ништо ни од тоа. Има ептеен мала разлика за нијанса, ништо повеќе. Дури на некои делови ми е темна, на некои посветла. УЖАС!!! Ќе си закажам утре за на фризер и вакви експерименти, никогаш ни на крај памет нема да ми текне да правам!
Се извинувам за мислењата едно по друго... Не можев да изменам, а морав да допишам дека меѓу другото косата сега ми има мирис како да сум ја брцнала во измет од коњи
Што ми се случува со косата, вчера ја измив и ослабна некако, ми се чини, ако ја оттегнам може слободно да си го скинам репчето! Што би можело да биде?
Како да ја направам погуста косава? Имам ужасно влакно што тешко се скротува, но е многу тенко. Имам чувство дека ептен ми се има проретчено косава, не знам дали тоа ми е од к’ната или од тоа што 90% од времето ја држам врзана. Не ја пеглам и избегнувам да ја сушам со фен.
Imam prilicno dolga kosa no nikako nemozam da go dobijam toj efekt na "mazna" kosa , bez da izgleda prekrseno i razletano. Sovet?? :/
Ova ne e bas za kosa ama tuka ke prasam. Malku glupavo prasanje, Ako ostavam boja za kosa na vratov na raceve, na glavata ke mi se izvadi samo ili? Vadev vadev i mi se smaci veke pa rekov da ostavam ke se izvadi samoto..
Сакам да си направам како белијаж со спрејот од Балеа за осветлување, па би можела некоја да ми прати видео како да ја направам? Имам светло кафена коса.
@anakonda88 имам пишувано во темата за Колорб4 јас бев задоволна 80посто од црната фарба ми ја извади и добив некоја црвенкасто кафена боја баш и слики имам ставано. Пребарај низ форумов зашто оддмна беше , пред околу 2,5 години , но ако сакаш плава да се фарбаш не ти препорачувам да го користиш колорб4
уфф јас сум фарбана црна тегет , се фарбам еднаш годишно , последно се фарбав во април месец , сега ми е никнат кафиавиот корен и се познава ... Сакам да сменам кон посветло , единствена надеж ми беше деклорантот ,друго чаре нема , али се разочарав од вашите искуства за coulor B4