Може касно ти одговарам, јас го користам еднаш месечно ставам и на скалпот и на цела коса. Со лажичка гребам и на прсти па после размачкувам низ косата, оставам да отстои барем 1 час, некогаш и 2 и мијам со шампон. Намената му е за се, можеш и во кафе да го користиш, татко ми си става наутро, можеш и за лице да го нанесеш, за тело буквално за се. Многу е здраво, јас од кога го користам косата ми е поздрава и посјајна.
Ја мрси брзо косата? Го имав на Балеа млекото за коса со манго ама многу брзо ја мрси, не издржувам ни 24h
Не, штом имаш многу сува коса баш ќе ти годи Во упатството пишува два начини на употреба, на сува коса да постои 10мин па темелно да исплакнеш или на измиена коса мала количина на врвовите, јас така го користам. И по други теми пишуаа членки дека се задоволни Мене многу поубава ми е козметиката на Алвере од Балеа
Во последно време забележувам дека врвовите ми се многу суви после фенирање, а бидејки ја третирам без силикони избегавам да купам силиконски капки.Од Алверде има ли некое масло за после фенирање како замена за силиконски капки?
Во било која аптека, јас го купив од Зегин, а за цената не можам да се сетам, мислам дека не беше повеќе од 150 денари.
Можеш да ставиш кокосово масло, јас така правам и многу е фино за обликување. Алверде има едно шишенце со бадемово масло (не се сеќавам дали беше бадемово или арганово, ама мислам дека беше од бадем) и тоа исто ми има оставено многу фин впечаток. Сепак позадоволна сум од кокосовото масло, не постои нешто подобро од него за мојава коса.
Пробај со арганово масло, јас сум презадоволна. И мене од нон-стоп фенирање и пеглање ми станаа суви врвовите, но со употреба на арганот веќе не ми се суви и не ми цветаат врвовите.
Косата ми е на степен и ме нервира што ми се витка на врвовите.. Точно е тоа дека доколку се шиша скрос рамно не се витка ?
Se vitka ama mnogu malku zatoa shto stepenot i retchenjeto i davaat da recham lesnina na kosata i taa si zazema oblik a dokolku imash ramna kosa tezhinata na kosata ne i dava da se vitka samo malku onaka prirodno normalno
Нешто за згуснување на косата и добивање на волумен. Всушност постои ли воопшто шанса да ми се обнови косава... Само да не бидат тие витамините Мерц. Очајна сум...