Ja има ли некој користено четкава за коса со креатин дали навистина помага ? http://www.dm-drogeriemarkt.mk/mk_homepage/ubavina/negakose/568542/nega-kose-v.html
Здраво феминки, имам многу мека и тенка коса (неретка е) и кога и да правам локни или фризура после пола час почнува да се растура, исто така многу сплескано ми изгледа шо се вика како крава да ме лижела Дали знае некој некое решение или се соочува со истио проблем и што има преземено у врска со тоа?
@pinkberry пред да правиш локни на секој прамен стави пена за коса. И мене ми е мека. Со овој "третман" никогаш не ми попуштила инаку и за која и да е фризура пред да ја сушиш косата стави обилно пена и исфенирај ја. Инаку, ставај и обилно лак за коса на секоја локна. Ти препорачувам Интеса на оддалеченост од 10-15cm за да не ти се залепи. Со среќа
Женски здраво сакам да ми кажете дали знаете каде би можела да ја направам вака косава трајна негде низ скопјево ама да издржи подолг период,зашто мислам веќе киселините што ги користат не се тоа со биле порано,ама сепак ако правела некоја да ми каже каде и колку чини од прилика? Фалаа
Јас ја имам веќе некое време. Ефект некаков не гледам - убаво расчешлува долга коса, не ги скубнува влакната и толку. Да не се лажеме - за коса без сјај лекот се третмани со маски и масла, а оштетена коса ја спасува само шишање, не магична четка за коса. Јас би рекла - ништо посебно, преценета алатка за парите. Има поубави четки за коса од оваа. Ми изгледа и неквалитетна, затоа што по неколку користења почнаа да се откачуваат и да паѓаат запците со топчиња на врвовите. Ако веќе планирате да дадете пари за четка, подобро земете некоја со скроз кратки и густи влакна (баш ко четка), без метални запци со топчиња на врвовите. Четките со метални или пластични запци (со топчиња) ја кубат и кинат косата многу.
Дали при едно миење на коса користите регенератор и маска што ставате прво малку ме буни дали ноже да се користат и тоа и тоа при едно миење?
Маска пред миење на косата стави и држи ја 20-30 минути (бар јас така правам) а регенератор на крај на миењето стави и исплакни.