@stefanijata За жал мора да чекаш да ти пораснат, а сите знаеме дека тоа не се случува експресно преку ноќ. Во меѓувреме можеш да ги носиш на страна: Да ги направиш уште пократки: Или да ги собираш со шнола: Еве линкче со идеи: https://www.pinterest.com/explore/pull-back-bangs/
Совет за мазна и сјајна коса како водителкине и певаљкине па што им ставаат на косите што им се такви убави? Која е тајната?
Кое масло е најубаво да се купи за коса? Против опаѓање да биде и за што побрзо израснување на нова коса т.е што повеќе влакна од тие попаѓаните. Досега не сум користела никакво, па ај да пробам некое, ништо нема да изгубам секако
Рицинусово масло и масло од ленено семе е за експресно растење на коса. Секако помагаат и другите масла , маски и спрејови.
Постојано се исфенирани, тоа е „тајната“. Ист ефект ќе добиеш ако ја третираш косата со помош на фен и пегла кои имаат јонизатор.
Како го користите рицинусовото масло? Го ставате директно на косата или во шампонот? И колку пати месечно го правите тоа? Јас користам кокосово масло еднаш неделно. Некогаш го мешам и со јајце, ама уште немам забележано некое огромно подобрување. Никако да ми зајакне и да ми порасне.
никако во шампонот... на коса го ставам стое 30-120 мин кај мене и се мијам најнормално Од кокосот косата не ми расцвета а од други масла никаков ефект кај мене.
Многу почна па да ми се мрси косава , и коренов многу ме чеша а го сменив шампонот Од што може да е ?
Го имам користено маслото и маската за коса.. но не бев задоволна , плус за тие пари не вредат , а составот не е добар - за тие пари можеш да си земеш вистински масла ете веќе девојките погоре имаат пишано за рицинусовото масло , па и кокосовото е мног убаво
Luge imam dolga kosa i vekje izgubiv fotmata vo maj se imam posleden pat sisano i vo sreda imam pak na frizer da se sisam dajte mi predlog ideja za nekoja moderna frizura kako da ja skratam kosata kakva fruzura da napram help me plise?
Имам многу густа, црна и виткана коса ( претежно ја пеглам , ретко ја носам виткана) , ми беше долга до половина, но ја скратив , сега ми е средна должина, а сакам да ја скратам уште повеќе. Е сега, каква фризура би ми предложиле, со оглед на густината да не изгледам како шлем да имам ставено на главата?
Секогаш кога сакам да сменам фризура, се ориентирам според типот на лицето т.е формата на лицето. Доколку не знаеш која форма е твоето лице повели линк http://www.byrdie.co.uk/how-to-figure-out-your-face-shape/slide2 , па од таму ќе добиеш инспирација за интересни фризури кои ќе го земат во предвит и влакното и густината на косата http://www.instyle.com/hair/find-perfect-cut-your-face-shape