Препорачајте масло за цела коса освен на аура. За фарбана и густа коса? Исто така да прашам дали е подобро спреј или масло да се нанесе? Додека одев на фризер ми нанесува спреј Gliss, не знам што да правам.
Мора ли да биде масло? Сакав да ти го препорачам путерот на Алверде со авокадо и шеа-путер. Многу убаво ја омекнува косата па затоа. Верувам дека би делувал убаво и на третирана коса. Јас го нанесувам и како маска пред капење и после фенирање само на врвовите. Ако не сакаш таков производ, пробај го Алверде маслото со бадем и арган. Не е скапо, ама многу убаво мириса и одлично ја негува косата. Исто како и путерот, супер е и за цела коса како „маска“, да си правиш третмани и убаво е кога се употребува и како стилизирачко средство. Спојлер Единствено не се сеќавам на цената, 200 и нешто денари би требало да е, не верувам повеќе. А можеш да видиш дали би ти се допаднало и маслото на Балеа, исто со арган (и слична цена од околу 200 денари). Само, немам приметено каков му беше составот, ако евентуално тоа ти е битно. Мириса некако чоколадно, одлично е и тоа. Спојлер Јас користам и масло и спреј, обично земав од оној жолтиот Глис против испукани врвови, но често ги менувам. Моментално имам Byphasse и не е лош, но жолтиот Глис повеќе ми се допаѓаше. Овој (Byphasse) и ми мириса некако како на „хемија“, а ефект некој посебен нема.
Секоја чест за брзиот одговор. Јас имам ставано маски за коса порано тие имаа контра ефект на мојата коса,ми паѓаше, ми се сплеткуваше и не можев да ја исчешлам па така веќе не користам маски. Јас кога ја мијам косата не ја расчешлувам ја сушам и ставам од капките и потоа со четка мало фенирање и доста и е. Сепак можеби изборот ќе падне на Alverde, не ми менува ништо органско или хемиско, само барам да има ефект. Инаку по групите фалат нов шампон на Natura Siberica околу 300 ден е 500мл ама ме интересираше дали некој го има користено од сајтов?
Ако станува збор за овој http://biodevojka.blogspot.it/2017/11/natura-siberica.html тогаш и јас тврдам дека е многу убав. Го користам во комбинација со еден друг шампон од расул. Воопшто не ставам балзам, а после тоа ставам од витамините. Поздрав.
Помошшкосата премногу ми се изретчи на патецот пробав се,но небива никако...Повеќе "окељаев" Кажете нешто ефикасно испробано??????
Имам прашање за путерот на Алверде, колкава количина да ставам, за пред миење како маска? И колку време можам да ја држам така пред да ја измијам? А и дали треба да ја навлажнам косата пред да го ставам или не? @Mishela те означувам бидејќи читам погоре дека ти го користиш. Благодарам однапред.
Пред секое нанесување маска или масло, најдобро е да се навлажни косата претходно, за на тој начин да делуваат подобро нанесените продукти. Колкава количина да ставиш зависи од должината на косата, но и од твојата рутина - дали ги третираш само врвовите, пола коса, или пак целата коса вклучувајќи ги и корените. Путерот се однесува исто како маска, така да употребувај го исто како што досега си употребувала регенератор или маска. Можеш да го оставиш колку сакаш на коса, во зависност од слободното време кое го имаш на располагање - минимум 20-30 минути барем да отстои. Лесно се мие, не е страшно дури и ако стои подолго.
@Luminary ако ти е сува косата и не ти се мрси, можеш и да не го измиваш путерот. Сега на интернет баш прочитав дека пишува дека може и да не се испира, а и јас купив путер од Балеа скоро, исто на декларацијата пишува или како маска да се користи, или на мокра коса исушена со крпа и да не се испира. Јас само 2 пати го имам користено, не го исправ и косата воопшто не ми е мрсна, напротив, ептен позитивно сум изненадена.
Моментално ми се чини дека во ДМ се на акција околу 150-200 ден, не повеќе Има различни видови, мириси за различна намена.
Ima li nekoj babinski lek za zgusnuvanje na kosata mi otpadna mnogu kosa i gore na temetk skoro su kelava nz syo ne probav i dermatolozi i se nis ne pomaga ako imate iskustvo pisete i nz uste koj sampon ne probav sega mi prestana da opagja no mnogu na temeto sum kelava
Не знам бабински лекови, ама сум презадоволна од шампонот Здаве, бугарска козметика го има во зегин и еврофарм...
Da i na mene mi otpadna posle operacijata a sega nz od sto mi se uporopasti kosata ni ja farbam ni feniram