Избегнување на средства на хемиска база, редовно скратување на врвовите, употреба на фен со јонизатор, употреба на четка со природни влакна...
Кажете нешто за згуснување и волумен на косата, многу ми е ретка и без волумен. И кога ја фенирам после 2 часа ми спласнува.
@Adriana.O @Justicija Мислам дека може да ви помогне користење на сув шампон за коса. Последно гледав таков во AVON, цената беше околу 200 денари. Истиот ефект се постигнува и со ставање бебешка пудра на коренот со малку масирање. Како шампон за волумен би ви го препорачала овој од Pantene. Цената му е околу 200 денари. Јас го користам и регенераторот - одличен се покажа досега, а и преубаво мириса. Исто така пробајте кога ја сушите косата, да бидите наведнати вака како на сликава: Јас секогаш вака ја сушам косава и навистина волуменот е доста зголемен. Избегнувајте да користите било какви силиконски капки, восоци и сл. бидејќи тие ја спласнуваат и мрсат косата и така се губи волуменот.
Здраво, ме интересира далинекој го користи балсамот за згуснување на коса од авон и како го употребува, бидејќи на производот не пишува начин на употребаниту во каталогот? Дали се плакни после нанесување на коста? Колку време треба да стои?
Баш овака ја сушам косата и пак ништо . Шампонов го имам користено и пак ништо дури и не ми одговараше , ме чешаше цела глава Сепак ти благодарам за издвоеното време
Решение нема, едино фризер што ми кажа е цела коса само на коренот тостерки да ја првам за волумен. Друго гледам нема
Капкиве ги користев со години и ги земав од Космо. Повеќе ги нема, дали некоја од вас случајно ги користи или знае каде на друго место може да ги најдам ако воопшто ги има некаде веќе. Исто може да ми предложите други од кои сте задоволни.
Женски дајте предлог за мојата коса....ми се појавиваат бели влакна и се гледаат неколку одозгора. Но немам време за често фарбање...има некое друго решение да се прекријат белите влакна?
Освен со боја за коса, белите влакна можеш да ги покриеш до следното миење со кармините за коса на Голден Роуз по цена од 160-170 ден. или со спреј на Лореал за таа намена по цена од 400 ден. во ДМ. Колку можеш избегнувај го честото бојадисување со вакви алтернативи затоа што процесот се забрзува и потоа нема друго решение, освен употреба на боја, а тоа одзема време. Ова го споделувам од искуство.
Јас имам мрсна коса , го користам кокосовото масло нанесувајки го на сува коса (пред да ја мијам) и јаа оставам во пешкир пола саат , па се мијам. Не ми ја масти косата дополнително