Девојки предложете ми добра четка за коса (до 20 евра). Инаку имам многу меко влакно, многу ми се заплеткува и ми е многу долга па секое чешлање ми е хорор филм..
Дали знаете што би можело да помогне за да ја смирам косава. Имам подолга коса и по миење обавезно ја фернирам исправена ми е но пак ми е "frizzy". Недајбоже да врне надвор или да е влажно времето колку и да е права пак се прави таква . Ако може помош што да користам за да стои на место?
Знам како и е исти проблем али јас најдов спас во дм има неможам слика да најдам ако најдам одма ти пуштам се става на скоро сува коса и потоа можеш да се фенираш или пеглаш
еве го девојки @CocoLady во дм го купив околку 200 и нешто денари е не се става многу зашто може многу мрсна да биде косата по малце се става јас го купив негде пред н.година уште ми трае
Јас го купувам од мојот град од локална парфимерија. Побарај го како силвер шампон. Распрашај се по прфимерии. Има разни фирми. Во Скопје знам дека има во Космо а би требало да има и во ДМ.
@koritsaki дали си користела некоја замена за мерц таблетите што се за коса, кожа, нокти? Оти нив не можам да ги најдам овде, па мислев ако имаш искуство со некој друг бренд, а за истата намена да ми препорачаш нешто.. Фала.
@Yowannty немам користено нешто такво годиниве да ти кажам, тие Мерц ги имам користено ама искрено не видов никаков резултат
Како е можно млади луѓе да имаат бела коса? Имам еден пријател кој го немам видено нешто повеќе од година и многу е изменет од тогаш. Косата почнала да му белее а има 25 год... Добро не дека прв пат гледам така, познавам една познаничка која сега е околу 20г и има по некое бело влакно, ама девојчето мислам цел живот дека ги има. Но таа има само неколку, ептен ептен малку и сите и се на една место. А дечково кога го видов не го препознав, во косата личи како да има 40 год... Дали е во прашање недостаток на некој витамин или и друго нешто може да биде?
Имам многу голем проблем со косата во последно време. Ја фарбав последен пат на 1 јуни и од тогаш два пати имам скратено по 1-2 прста ама косата како се пооштетена да ми е. После секое миење ми се тутка многу, едвај ја чешлам што не било проблем порано. До раменици ми е некако океј, мека е и не е толку "мртва", ама под тоа сум како метла. Планирам да ја фарбам некоја боја приближно до мојата природна и да ја шишам пократко. Дали ќе смени нешто тоа?
Фризерката ми предложи "рецепт" за осветлување на косата - белка од јајце и исцеден лимон .... Го пробал некој ова до сега? Ја оштетува косата ? Ја осветлува?
Јас имам пробано, одамна кога воопшто ја немав фарбано косата. Мене ефектот од лимонот многу ми го направи суво и круто влакното, како слама ми стана косата. А околу осветлување не видов кујзнае каква промена но искрено само два-три пати ставив и прекинав.