Девојки,од морето косата си ја осеќам сува.Ставам маска и масло на Пантене ама мислам дека е џабе.Инаку имам многу мека коса не знам што се случува Некое чаре?
Девојки на свадба сум во сабота ве молам да ми кажете пакет шминка и фризура до 1000 денари во Скопје фала ви
Го купив Мојата коса е многу густа и frizzу, ни права ни виткана. Откако ќе се испрска од спрејот, косата станува малку крута. Кај мене воопшто не дава ефект на фенирана коса ( што и очекував), но ми помага полесно и помазно да ја исфенирам и ја смирува наелектизираноста.
Дечки јас цел живот имав права коса. Но од кога сум тука без фен и без останати препарати самата ми се извитка како природно виткана. Кога ја чешлам ми паѓаат влакна. Само ми е чудно како вака бидејќи кога ќе употребев дома фигаро не ни стоеше витканото.
Не знам каде си, но ако влажноста на воздухот е поголема, многу веројатно да е од тоа. Мене на одмор секогаш ми е повиткана косата од обично
Тебе да не ти се згуснала па не прашуваш нас???? Можеби, ако постои некоја таква волшебна фарба..и ќелавите би се фарбале
Мојава коса доби слама волумен..инаку, шала на страна, мислам дека нема никакви шанси да се добие од било каква фарба некој позитивен ефект за косата, освен убава боја само.