Топло ви го препорачувам овој шампон од коприва. Чудо прави. Косата расте многу побрзо, станува посјајна, добива на волумен и се зајакнува коренот. https://www.kurir.rs/amp/1783913/pr...cava-opadanje-vraca-sjaj-i-podstice-rast-kose
Маски за потхранување на влакното можеш да користиш. Чисто како превенција. Инаку вродено си е тоа. Можеш само да си помагаш со ампули, средства за потхранување на влакното. Ако е тенко, нека биде здраво барем. Јас имам тенко и остро влакно, а бујна коса. Со волумен немам проблем, но влакното ми е многу терсене, а со тоа и самото обликување на косата ми е смрт. Ако имаш проблем со коса без волумен, можеш да ставаш сув шампон, бебешка пудра или некој спреј за волумен. Делуваат за визуелен ефект.
Го имам испробано , и после неколку саати од миењето ми спласнува косата влакното ми е здраво ама тенко , воопшто не е третирано , но ете тенко и ретка коса е дали можеш да ми препорачаш таков спреј и сув шампон ? доколку пак некоја има искуство со таков спреј и шампон нека ми пише
Во моментов користам сув шампон од Кам маркет. Yven, така некако му беше називот и мислам дека го купив 99 денари. За волумен е супер, ќе ја поделиш косата во повеќе делови и ќе прскаш кај коренот. Дава ефект на зголемен волумен, но според мене ова не е баш најпаметно решение за секојдневна употреба. Нели, сè што е умерено е во ред, можеш да го користиш некогаш кога ти треба волумен. Јас најчесто го користам за да одложам миење на косата за еден ден плус, но дава доста волумен и косата изгледа бујно и свежо. Од спрејовите за волумен, мислам дека Балеа имаа добар спреј. Шишето е со виолетово капаче. За цената не сум сигурна, многу одамна го користев, но секако не е скап. Според мене, пробај со овој шампонот што ти го предложила @SwanMay, витамините внатре ќе си го направат своето. Можеби нема да има драстична разлика, но сите тие состојки внатре се убави за косата и влакното и вреди да се обидеш.
Здраво девојки имам многу густа коса ни права ни виткана ама многу ми е густа,сакам кој знае да ми предложи дали би ми стоела фарбана коса и каква за мојата коса инаку цел живот сум со ептен темно кафеава коса и ми е здосадено.позз..
Искрено, бидејќи имаш густа коса жално е да си ја расипеш со фарби. Би ти рекла да ти направат на фризер белијаж бидејќи тоа не е од корен и нема да имаш потреба постојано да се фарбаш.
Девојки ми треба совет. Имам темно-кафеава коса , али се фарбам долго време црна. Како да ја пуштам мојата коса , без да ја оштетам или шишам?
Од Dm Препорачајте ми Масло за коса Спреј за заштита од горење на косата И силиконски капки за после пеглање на косава Фалаа
Дали некој знае каде во Скопје можам да најдам фризерско студио кое работи со овој апарат или сличен за постигнуванје на истиот ефект? Сакам да ги скратам врвовите, многу ми е изгорена и исушена, но без да скратам многу од должината.
Купив колор шампон во платинеста боја ама не го потрошив цел па го оставив така отворен на полица, би имало ли сега некоја промена во составот или ќе си остане ист?
Дали некоја го има користено? Пишува дека се става навечер и треба да се преспие со него и утредента да се измие. Доколку некоја го користела нека сподели искуства
Деновиве косата ми е ептен наелектризирана, не можам да ја наместам никако. Ги користам истите производи, шампонот со лук од Афродита против опаѓање и розевиот спреј на Глис за долга коса. Што може да ми помогне?
Имам долга црна коса.. Прв пат се офарбав црна пред 6-7 год, па ми текна плава да се правам, па тука си ја упропастив, ја изгорев цела, па пак се вратив на црна (едвај ја оправив) и веќе неколку години сум вака и многу ми здосади. Ја шишам некогаш повеќе, некогаш врвови, но досадна ми е, а сепак би сакала да ја задржам темна.. Предлози?
имам коса со техника балајаж, дали може да ми кажете совет за понатамошно одржување и каков шампон да користам за да си остане густа и да не ми стане како слама прамените