Незз кај да пишам па тука. Косата ми е кратко шишана и кога ќе ја испеглам за едно пола саат доле на краевите ми се подвиткува и за џабе ја пеглам. Што да ставам кога ќе ја пеглам косата некој спреј или нешто? Ми рекоа Gloss спреј и шампон да сум користела. Некој искуство да има? Help!
Nesto bilo sto..krema maslo sprej i sl. Za suvi vrvovi i plus koi se postojano izlozeni na peglanje feniranje i sl. Sekoj sovet e dobredojden...
Имаш заштитни спрејови во ДМ не се многу скапи. За секаков тип на коса се. Јас користам спреј на Balea пред да ја пеглам прскам, ем ја штити ем убаво мириса. Околу 150-160 денари е.
Не туку за заштита од фенирање и пеглање. Многу убаво делува на косата јас сум презадоволна. Не и нешто скап. Не ја лепи и и дава цврстина на косата.
Јас бев многу задоволна (поготово периодот кога одев на море) од кремава за заштита од топлина на Kerastase lincroyable blow dry lotion Косата е мекана , свиленкаста, не ја слепува , влакното хидратизирано , штити од топлина до 230 степени, намерно го имав купено од кога ја скратив косата и почнав да ја нанесувам по секое миење и пред сушењето со фен. Нешто по убаво немам користено. Веќе неколку месеци не користам ништо за заштита и приметувам дека косата ми е малку оштетена , и лесно се кине , деновиве ќе одам на фризер па пак ќе набавам нешто. Од Kerastase има уште една крема слична на оваа што ја користев Ciment thermique , па ако некоја ја користела нека сподели мислење
Некоја маска или ампули или било што за да не изгледа сува и изгорена косата? По природа имам суво влакно и овој период многу ми изгледа набушено, а ставам масла, капки, маска
Пред бременост имав тенка коса и многу склона кон мрсење... Сега откако сум бремена имам убава и сјајна коса но премногу сува.... Дали може да ми кажете искуство со некој препарат, безбеден за трудници, да го користам.... Не знам дали е од ладното време или од бременоста волку сува.... Пред да останам бремена го користев ова.
Девојки што мислите за црна коса со плав додаток? Ја сум црна и сакам да си земам плав додаток за собрана да ја носам ама не знам дали стои убаво.. и бај д веј кај има репови?
Во шампон од коприва додади раствор пантенол ( на др.Плант најдобар според мене ), по две ампули АД, Б6 и Б12. Пред секое миење се протресува шишето.Косата побргу расте, добива неверојатен сјај, цврстина, мекост, изглед на здрава коса.
Имам 23год и косата почна да ми белее, прво беа неколку влакна па ги скратував со ножички сега веќе се многу, не можаж да ја соберам косата кај ушите делот се познава. Не сакам уште од сега да почнам да ја фарбам, темно кафеава коса имам, совет некој, да се шатирам ли со посветли тонови или не би помогнало не што да правам
Мислам дека има во ДМ нешто за покривање на бели влакна, дали овде читав или во ДМ гледав ич не ми текнува, ако си од Скопје погледни во ДМ за да не мора да си гориш косата