Полутрајни се тие бои, ништо не можеш да направиш, само поретко да ја миеш. Нанесувај еднаш шампон, и понежен некој, со послаба измивачка моќ.
Што ставате на врвовите на косата откако ќе ја исушите? Капки, маски, ампули, масла што не треба да се плакнат. Препорачајте ми некои за ептен суви врвови.
Можеш масло од арган да ставаш ја прави косата мазна убава е сега има од повеќе фирми од авон многу го фалат исто има и од пантен..
Kako ja odrzuvate svezinata na vasa kosa, mojata ne e farbana do sega nitu ednas no e izlozena na cesto peglanje. Koristam garnier sampon od argan, regeneratot ili maska koga od argan koga od avokado, sprej glise za suva ostetena kosa. Cat pwt staval arganovo ili ric.maslo no kosata mi e suva barut.. i koga ja peglam mi e suvq nikakva. Nesto za posle peglanje da ja osvezi da i dade sjaj so da staam neznam veke us eo neam probano...
Во едно шишенце со прскање стави од маската за коса и наполни малку вода. Со тоа навлажни ја косата. Намачкај масло, добри се кое и да го имаш од тие две. Можеш малку и да го загрееш, поголем ефект има. Јас исто маслото го мешам со путерот од авокадо на алверде. Смесата нанеси ја од уши надолу, подели ја на пола косата и направи две плетенки. Вака спијам а утрото се туширам. Кога ќе ги пуштиш плетенките косата многу мека ќе е ама и мрсна од маслото. Измиј ја, шампон па маска. На водена коса испрскај од спрејот глис, јас повторно и на водена ставам од путерот за коса. Сушам само корен со фен надолу не. Чешлам два три пати дури не се исуши. Некогаш ставам и од серумите за коса од авон што не се плакнат, и даваат повеќе сјај и ја измазнуваат. Косата после третманов е како пеглана. Ќе ја намалиш употребата на пегла а воедно и многу поскротена и посјајна ќе е косата. Јас пеглам само некои делови од косата што не се исправиле убаво а некогаш дури и воопшто немам потреба од пегла.
Што користите за заштита од топлина при пеглаење на косата? Јас го користам овој спреј, убаво ми мириса ама мислам дека нема многу ефект.Веќе ми е при крај и сакам да пробам и друг.
Вчера си ставив јајце на косата и поубава, помека и посјајна никогаш не ми била. Ме интересира колку често можам да ставам?
Пишав и на две други теми, но сега видов дека оваа е најактивна Ве молам за мислење, на колкав период ги шатирате или нијансирате вашите коси? Фарбањето нели во зависност и секој месец оди, но дали е штетно нијансирање/шатирање да се направи во рок од еден месец/два? Благодарам
Девојки каде во Скопје или Битола можам да најдам вакви марами со кои би можела да правам интересни летни фризури за на плажа во различни бои ?
Некое средство за коса за пред/после пеглање? Ја пеглам секој ден, не сакам да ми се уништи. *по можност за мрсна коса.
Забележав дека последниве 2 месеци откога ќе се избањам ми се лупи изгледа скалпот напред на главата,навидум личи дека е првут ама не е . Од што би можело и што да правам?
Да не ја миеш пречесто или користиш агресивни средства? Пробај смени ги препаратите за коса.Користи понежни некои.
Како да извадам фарба од коса? Црвенкаста накај бордо боја е. Од оние на база на масла што се (ако менува нешто).