Пред да се бањаш, стави масло од ленено семе нека ти стои два часа, ако не посети кожен лекар и мене така ми се појавуваше ама од маслово ми помина
Може шампонот е преагресивен за твој скалп. Ако ја миеш често смени некој со благ за секојдневно миење. Јас со Корин (алое) спасот го најдов, плус и не ми се мрси.
Да се корегирам не е ни шампон, сега открив кога пребарав. Во Зегин, за цена не паметам ама не е повеќе од 300 ден, а ми трае долго.
Да ,штетно е толку често ,сепак не е исто со фарбањето коса.Се препорачува на секои 5 до 6 месеци да се нијансира или шатира косата
Ме интересира дали доколку не ми е расцветана косата,а притоа сакам да ја пораснам на колку време треба да ја шишам? Практикував да ја шишам на секој 2 месеци, но секогаш ми се враќаше истата должина (кратка).Сега не ја ни фарбам,не ја оштетувам само со фен што ја сушам.
Сакам да знам дали ако се шишаш со степени, мора и да ти ја ретчат косата од средина надоле со тие ножиците како чешел? Се кладевме со една пријателка
Може искуства со лосионов? И евентуално инструкции колку се користи. Преводот им е многу лош... Фала.
Прскаш на местата зафатени со првут и оставаш да делува. Кога сакаш можеш да нанесуваш, ама имај предвид дека малку ја мрси косата, особено ако напрскаш поголема количина.
Косата ми е природно виткана али пред неколку години почнав да ја пеглам после секое миење.Почна многу брзо да ми се мрси.Сакам да не користам пегла некое време али не знам како да оддржувам виткана коса ич убаво не ми стои и со едно чешлање ептен се згуснува и не личи асално некоја препорака?
Женски дали оние што се како “црева” не знам како да ги наречам имаат внатре како жица за виткање на коса.Дали се ефикасни,се исплати ли да се купат?
Имаат внатре мека жица, ако мислиш на тие меките од материјал како сунгер. Не се лоши ама треба еднаш или два пати да си направиш проба за да се уходаш во фатот и техниката. Инаку многу се згодни за спиење, јас порано преспивав со нив, преубави локни излегуваат А ако мислиш на тие како федерчиња, со нив немам искуство.
Здраво девојки сакам да ве прашам кога би ср пострижиле кратко како жица косата мрнр бидејќи ми подолга и сакам да ја продадам но ми рекоа на фризер кога брв дека тренело да се преработи дали некој до сега има коса продавано па знае како оди тоа помоошш ако може да ми објасните
Сакам да прашам дали после миење на мокра коса можам да нанесам на врвовите мала количина на бадемово масло,но да не ми изгледа косата мрсна кога ќе ми се исуши?