Општи прашања за коса

Дискусија во 'Коса' започната од butterfly33, 30 август 2012.

  1. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Ги има сигурно? Пошто слушнав дена во МК ги немало овие шампони :?:
     
  2. izabela63-64

    izabela63-64 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2013
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    44
    Може ли некој да ми дадете совет дали да си направам плави прамени или не?
    Затоа шо една моја другарка отиде на фризер и си напрај плави прамени ама по 5-6 дена почна да и паѓа косата на тие делови кај шо беше исшатирана :worried: :sweat:
     
  3. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Па тоа зависи колку долго и стоела бојата на коса. Не би требало да има никакви проблеми,напрај си прамени и немај гајле ;) :)
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.246
    Допаѓања:
    81.807
    Пол:
    Женски
    Herbal Essences мислам дека нема ниту во Скопје ниту било каде тука во земјава.
    Порано чинам имаше, сега одамна немам сретнато вакви шампони никаде, а баш ми беа по мерак. :|
     
    На CharmedGirl и Sw3et.Ang3l им се допаѓа ова.
  5. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.460
    Допаѓања:
    1.482
    ^ Променето им е пакувањето. Ги има, ама не сегаде. Ги имам видено во поголемите и поснабдени маркети.
     
  6. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    А јас сум ги барала по поголемиве маркети, Рамстор, Веро, и не сум ги видела.Ги користев порано и супер ми беа, ама одамна мислам дека ги нема кај нас.Си ги носев од Грција, таму уште ги има, ама некако не е тоа тоа, изгледа дека ја смениле формулата, заедно со пакувањето :?:
     
  7. Markusa2

    Markusa2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    381
    Што да ставам на косата за да немам стрчки откако ја испеглам? Знам дека е невозможно да биде ептен мазна и без стрчки ама мојата оти е тенка и целата изгледа ваква, како на втората слика.

    Имам ставано капки, тие зелените од Авон, ама немаше многу фајде.
    Понекогаш ставам малку помада на рацете, ја размачкувам и поминувам низ косата. Колку толку има ефект ама не за долго.
    А особено ми е страшна кога е испеглана на влажно време. :sweat:
     
  8. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    пробај со восок за коса тафт црниот или црвениот или спреј за коса од тафт
     
    На Markusa2 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Мислам дека што и да правиш и да ја замазнуваш косата, решение нема.
    Косата се оштетува од пеглањето, се кини, и нормално е да имаш такви стрчки. :(
     
  10. Miss.M5

    Miss.M5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    85
    ^^Серум за коса? не сум пробала ама прашај дали ке ти заврши работа.
    а и нз каква ти е косата мозеви треба да ги скратиш врвовите ... :/
     
  11. Markusa2

    Markusa2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    381
    Не се работи за оштетени врвови, ја кратам и одржувам редовно. Не ја ни пеглам, можеби еднаш во 2 месеца за некоја поспецијална прилика.
    Таква ми е косата. Имам тенко влакно, нема тежина, и наместо да седи надоле влакното ми стрчи.
    Баш планирав да пробам и восок, некој поквалитетен.
    А восокот само на врвоите ли се става или може низ целата коса да поминам?
     
  12. Miss.M5

    Miss.M5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    85
    Не восок туку СЕРУМ за коса (да мислам дека е само за врв.) а штом се работи за слабо влакно тогаш треба да ја зајакнеш косата и не смееш да користиш ништо што дополнително ке и претставува тежина. смени шампон (да да и јас не верував колку еден шампон може да направи разлика)(воглавно лесни шампони со ознака Light на нив или без силикон)а јас ке ти препорачам GarnierFructis - Strenght&Shine , мојата коса беше нешто слично така ке дојде до одредена должина и повеке не расте и станува сува&тенка од врвовите па нагоре по влакното-катастрофа :tmi:
    А да и бадемово масло ке ти помогне. :)
    А восок на тенка коса не ти препорачувам воопшто.
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.246
    Допаѓања:
    81.807
    Пол:
    Женски
    Markusa, јас можам да речам дека го имам истиов проблем и наместо со восок, ставам малку пена за коса на рацете, ја протривам делумно и нанесувам по целата должина на косата - без корените, нормално.
    Не се прават локни и брановидни прекршувања, ами косата останува права подолго време, не штрчи и издржува временски неповолности. :)
    Немам купено восок, или заборавам или предност им давам на други препарати, па затоа пената ми е алтернативно решение кое патем одлично се покажува засега.
     
    На Markusa2 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    еве го црвениот црниот не можев да го најдам http://www.nowekosmetyki.pl/images/prod ... 97_big.jpg пази имаш wax и гел-wax ти ќе го земеш гел - wax овој ти ја прави посјајна косата јас сепак ќе кажам восокот ти е решение тие што имаат тенка коса цел живот неможат да ја сменат такво им е влакното од секогаш ,знам по мајка ми а пената за коса истотака е штетна таа влакнотот го прави уште потенко и кршливо пробај со црниот восок или црвениот од тафт не е баш восок повеќе е како крема тоа е голема предност од другите восоци што ја мрсат косата барем восокот нема некое негативно штетно влијание на косата и не мрдаат тие боцки влакна јас како што ги викам мислам дека не е скапа околу 170 денари и се става многу малце ептен малце за да не ти се измрси многу брзо, ќе ја нанесеш таму кај што имаш проблем значи кај што штрчи а и јас имав едно време такви па со восокот ги средив ама после почнав да ставам повеќе препарати на косата и сеа ми ги нема тие остри влакна омекнаа а се чудам од кој препарат зошто користам многу за косата види за овој шапмон од фруктус што ти збори Miss.M5 и малце со восокот и ќе ја оправиме работата не е тешко само треба да се најде вистинското за твојата коса :)
     
  15. Markusa2

    Markusa2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    381
    Anyone? :wasntme:
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.246
    Допаѓања:
    81.807
    Пол:
    Женски
    Markusa, јас имам една голема ваква и друга помала дрвена со природни влакна или какви и да се.
    Нема разлика или барем јас не ја забележувам.
    Би требало да имаш фен со таков додаток со потесно грло за успешно да ја исфенираш косата.
    За полесно да се исфенираш и да не ти се заплеткува косата низ четката, исчешлај ја, па потоа почни да фенираш. Земај прамен по прамен - колку потенко снопче коса толку подобро и држи го фенот за самото грло, т.е. усмери го надоле по вертикала.
    Немој да ја вртиш четката, за почеток подобро влечи ја по праменот и ако по првото фенирање не е доволно исправен, помини пак.
    Кога ќе го усовршиш ова, почни да ја вртиш четката - далеку полесно ќе ти биде. :D
    П.С. За долга коса, препорачливо е да се користат оние широките четки, а за шишки или пократко шишани - оние потенките.
    Ако не ви одговара да се фенирате, па и да фенирате некој друг со оние поголемите, слободно земете си потенка четка. Ете, јас имам прилично долга коса, а секогаш се фенирам со потенка зашто некако повеќе ми лежи на раката и не ми е толку тешка. :)

    И за да ти оди полесно фенирањето - фати го со шнола или стегач делот кој не е исфениран. Така нема да ти летаат непожелни влакна во веќе земениот прамен. :D
     
    На Markusa2 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.460
    Допаѓања:
    1.482
    И си има туторијали по YouTube. Разгледај си и може ќе ти помогнат ;)
     
  18. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    523
    Допаѓања:
    1.522
    Дали коа се пеглате косата ви мириса на изгорено малце...? ама ептен малце? :?:
     
  19. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Нормално,се зависи од тоа колку ја држиш пеглата на одредено место,и некогаш ако подолго ја држиш повеќе мириса,а некогаш помалку,па некогаш и не ни мириса..Како што кажав,зависи од тоа колку долго ја држиш пеглата на одредено место :) Незнам како друго да ти објаснам :)
     
  20. beliver

    beliver Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    луѓе ми треба совет одма.. Имам темна кафена коса и сакав да си напраам ОМБРИ и стаив еднаш фарба светла нијанса али не ми фати и после една недела повторно ја повторив и сеа косата ми е како метла ... катастрофа.. се ежам коа ја пипкам.. здрвена е и сува... Што да напраам за да се врати стариот сјај... или ќе мора да се шишам...