После миење на косата може да нанесеш масло од јојоба. Стави на прст две-три капки, протри и помини низ косата. Повремено го практикувам овој третман и косата е мека, сјајна и свиленкаста. Истото дозирање може да го направиш и со бадемовото масло.
Маслото го има во продавниците на Биокосмос. Редовната цена е околу 320 ден. но некогаш го има на намалување.
Дали правилото "природен шампон, без сулфати, итн." важи и за коса која е бланширана/фарбана, односно веќе оштетена?
Ја бланширав и фарбав косата и малку ми е изгорена и сува барам некој регенератор,спреј,масло или маска што ќе ја омекне и ќе и даде малку сјај,ваши искуства и препораки?
Јас имам користено извесен период, на почеток ми беше чудно и ја чувствував како вишок, но потоа ја навикнав. Да напоменам дека јас ја ставав само понекогаш, најчесто за излегување, не ја носев секој ден.
Веќе подолго време се шишам со степен ама секогаш кога ме шиша фризерката и ме ретчи, ме интересира бидејќи сакам да ги ишишам само испуканите краеви може ли да се скрати на степен без ретчење ?
Девојки се фарбав неколку пати сама дома плава, и после фарбање откако ја измив косата имам неколку прамени кои се тегнат како мастика и не се расчешлуваат од што може да биде тоа ?