Си ја изгорела косата. Ако си ставала бланж сигурно си го чувала предолго време. Сега само кратење ништо друго.
Не, само фарба, затоа ми е чудно и тоа само 2 мали прамени а останатиот дел од косата ми е здрав и не е воопшто оштетен ....
Тогаш претпоставувам хидрогенот е или 9ка или 12ка. Ако бил во пакување заедно со фарбата тогаш сигурно е 12ка. Нареден пат на фризер или купи си послаб хидроген на пр. 6ка. Е сега ако си многу темна рачунај дека нема многу да те осветли, најмногу една до две нијанси. Сега не се фарбај некое време зошто потребно е време додека да се опорави изгорената коса. Добро е што се само тие два прамена. Но сепак тоа е знак дека си ја оштетила косата или ти била премногу оштетена од претходно. Оставија да мирува некое време. Пробај користи природни масла за потхранување.
Си ја изгорела косата,некое време не користи пегла,фен,фигаро. Добра нега,маска,масла за коса користи и тоа е.
Фала девојки иначе заборавив да кажам дека тие прамени се такви само додека е влажна косата, кога ќе се исуши се е нормално и се исти како и другиот дел од косата.
Многу ми се заплеткува косата. Имам виткана долга коса, и после два дена веќе почнува да личи на гнездо стварно не знам што да и правам. Користам мек шампон, маска за коса, повремено ставам ампули ама упорно ми се тутка. Едвај ја расчешлувам пред бањање. Да ми препорачате некој препарат ако имате сличен проблем?
Маската што ја користиш е супер, ја имам истата и многу ми помага во расчешлување, ама би ти рекла да не ја расчешлуваш пред капење, туку после тоа. Исто така можеш да нанесуваш кокосово масло, и тоа многу помага.
Ќе ги препорачам овие два од искуство. Вториот го купив за 69 денари, првото околу 150 да не беше, не сум сигурна. Формулата е супер, што е најважно, овој со манго е малку поводлест, ама задоволна сум.
Девојки овие маски што ги има во гарниер фарбите, дали ги има да се купат во продавница? Ги барав, ама не можам да ги најдам, а преубави ми се. Други гарниер имам пробано ама не ми се свиѓаат.
Здраво девојки. Цел живот мака мачам со мрсна коса. Два дена после миење не личи на ништо. Сум пробала секакви шампони, последно што користев и од кое имав полза беше од Алверде шампонот за мрсна коса, кој навистина ми помогна, но ми се јави друг проблем, првут. Не знам ни дали е првут тоа, главата почна да ми се лупи. Го купив после Алверде против првут, но ништо не се смени. Сега повторно лутам и не знам кој шампон да го користам. Косата ми е мрсна и со првут во исто време сега, порано барем немав првут. Некоја со сличен проблем како мојот, што ја спасило? Благодарам.
Ако имаш тенко влакно, џабе е, се мрси. Сум пробала и шампони, и немиење повеќе денови, па да се навикне на поретко миење ама џабе. Почесто миење и евентуално некој сув шампон може ќе ти заврши работа. Цел живот сум така и чаре не најдов. За првут немам совет, не сум имала проблем со првут.
Мојата коса е виткана,но локните не ми се оформуваат.. Дали постои некоја крема за оформување на локни?Може да ми препорачате некоја која е ефикасна?