Вака, пред неполн месец се фарбав црвена, меѓутоа ете веќе се каам. Некој начин како да се ослободам од бојата освен да се префарбам? Маски?
Повели @Luminary а знам дека постојат од покрута и помека пластика направени. Има некаква врска тоа околу трагите на коса?
Во александар козметик ги има 3се во пакување околу 150ден, Имав и од џамбо ама покрута пластика се и одма ми се скинаа,другиве ги имам една година гајле немаат.
Моите се од покрута, и само такви сум пробала, за другите искрено не знам. Веројатно нема разлика, не сум сигурна
Update: Само што се нашлакав со вит. Ц и head and shoulders, маж кога ме виде со 10ленти мислеше ќе се предозирам немаш те срече љубави Ќе ве известам ако има промени
Здраво девојки...Имам природно смеѓа коса па пред извесно време се фарбав и сега некои прамени ми осветлеа од сонцето и буквално ми се направија како суканици...Некоја со слично искуство... некоја маска или нешто слично за расчешлување ?
Preporaka, sto da stavam na kosata posle peglanje. Mi izgleda suvo i razletano na vrvovite posle pola saat..
Извинете вака што се мешам , јас еднаш купив од дм и многу ми беше убава косата мека и убав мирис има , сега може кај секој е различно ама пробај јас лично имам позитивно искуство со маслото од арган
Ќе ставаш многу малку на врвовите капка две ќе размачкаш на рацете ,а доколку имаш потреба може да ставаш и погоре на косата само до делот кај ушите .Ако можеш земи си арган од кај фризерот што одиш тие се многу поконцентрирани масла и поскапи секако ама траат многу долго и неможе да се најдат во малопродажба
Од силиконските капки косата неможе да ти биде мрсна , тие служат за да и дадат сјај на косата , доколку е наелектризирана да биде мазна и слично , да ги заштитат врвовите од пукање ..... се става една до две капки прво се размачкува на рацете и потоа ја поминуваш косата од ушите па до врвовите само треба да видеш кој силиконски капки одговараат на твојот тип на коса , со силиконските капки косата е многу поубава т.е по убаво изгледа , според мене за долга коса , а за кратка не
Да ми предложите добар спреј за заштита на косата од ТОПЛИНА? Да не е повеќе од 600-700 ден. ако може. Другарка користеше еден на Глис, имам ставано од нејзиниот и убаво си ја вршеше работата само не ми текнува како се викаше.
Здравоо Дали знаете под кое име да барам фарби или нијансите на косата како се именувани? Спојлер: * Сликите се од инста блогерки на кои не сакав да им ги прикажам лицата. Не знам како оди приватноста( а нив им се јавни сликите) оваа ниту портокалова ниту драч црвена ретко такви слики наоѓам. (Коса5)
Имам две прашања 1. Да ми предложите некоја црна МАТ фарба. Се фарбам црна веќе со години, во последно време со гарниер бидејќи највеќе ми стои бојата, но многу ми свети, дури како перика ми изгледа косата па би сакала да сменам некоја помат боја. 2. Дали знаете некој начин како да ја виткам/ прекршувам косата. Со години ја пеглам, имам права коса, ама бајаги волумен, надигната ми е и не ми се свиѓа. Порано ја гужвав со пена, но сега најверојатно од фарбањето не ми излага убаво. Па дали има некоја друга тактика за прекршување на косата, а да не е фигаро или четка бидејќи сум со две леви и не можам да си ја направам.. Убав ден