Го користам долго време спрејов и задоволна сум. Го има во салонот за фризерска опрема Вип козметикс во Кисела Вода. Цената е 350д.- 400д.
Здраво девојки имам доста тенко влакно и мрсна коса сакам да пробам со спреј за волумен па ме интересира дали некоја котистела ваков спреј па да сподели искуство и ако може да ми препорачате спреј за волумен.
Многу е добар сувиот шампон на Батист за волумен. Јас го користев за волумен и кога не ми беше мрсна.
Порано користев секакви шампони, идев по продавници, што ќе ми се допаднеше по мирис си земав си купував, си користев. Проклет да е тој ден кога го мириснав и купив head and shoulders. После него, ако миев коса со друг шампон, олкави парчиња од главата ми искачаа.... Тоа не беше првут него буквално се распаѓав. И, со години од тогаш после неколку неуспешни обиди да сменам друг шампон останав да се мијам само со него. И сега последно гледам пак првут. И прашањето ми е знаејќи дека ако сменам друго нешто ќе се влоши ситуацијата, како да се спасам од првутот без да сменам шампон?
Презаситена ти е косата од шампонот и не делува веќе. Истото ми се случуваше од Head & shoulders за мрсна коса. Земи друг некој за првут да ти одмори малце. Друго решение не знам, види на дерматолог ако не.
Мене кожата на главата ми се исфрлаше од овој шампон, претпоставувам е многу агресивен. Мораш да го замениш, и веќе никогаш не го користи повторно. Обиди се со Гарниер со 5 билки, зелениот. Но биди упорна, од неколку миења тешко дека ќе има резултати. Ќе му треба време на скалпот да се опорави. За да го намалиш и смириш првутот, јас би ти препорачала да ставаш било какво масло на кожата на главата(пример бадемово), да отстои 20-30минути, потоа измиј ја со шампонот.
Ако ја миеш косата секој ден,престани.Миј ја 2 пати неделно. Секој шампон е агресивен ако премногу се употребува. Шампоните против првут не се погодни за секојдневно миење на косата. Не употребувај средства за стилизирање. Стави масло од чајно дрво на косата. Прогуглај,има идеи со алое вера,јаболков оцет и друго. Смени го шампонот.
Aко го сменам, не првут, парчиња ќе ми паѓаат од глава. 3 пати неделно ја мијам. Мислев некој од искуство да ми каже што се спасил од првут а да не е шампон друг. Затоа не гуглав.
Земи некој понеагресивен шампон и стави му масло од чајно дрво плус. Ќе видиш, мислам 7 капки на 100ml шампон. Јас земам од балеа оној 69 денари што е против првут и во него ставам масло од чајно дрво и ептен помага. (јас немам првут де, ама дечко ми имаше ептен и само вака не му се создава, а исто е со години на хед енд шолдерс).
Косата се презаситува,мора да го смениш.И внимавај да е за твојот тип на коса. Пробај со природни решенија,па ако не бива,оди кај дерматолог. Првутот не се губи одма.
Сигурно дека нема да одам на дерматолог, а и со искуствата минати со други шампони сигурно и дека нема да го сменам. Може да му капнам масло од чајно дрво по совет од @DAngel и твој. Па се надевам ќе се среди.
Мораш да го смениш. Хед енд шолдерс е катастрофа за косата. Стави масло од чајно дрво во некој помалку агресивен шампон и стисни заби малку, издржи додека да ти одмори темето.
Има и Head&Shoulders шампон со состојка масло од чајно дрво во него,а има и еден за сензитивен скалп со алое вера.Ако нејќеш да го смениш одма,пробај со некој од овие 2 ако не си ги пробала до сега. Ако тоа не помага,земи поблаг шампон и оди кај дерматолог.
Ви благодарам женски! Сега барем знам ако не друго, дека масло од чајно дрво помага за првут. Не сум знаела.
Смени го шампонот ама почни пред миење ако имаш време дали половина час или повеќе да ставаш кокосово масло ,мене само така ми се подобри проблемот со првутот моментално користам шампон од Афродита и немам повеќе проблем со првут откако го практикувам тоа до кокосовото масло ,плус шампонот од афродита не содржи силикони.
Девојки, може да ми препорачате некој добар виолетов шампон и од каде да го купам? Освен на Балеа, не знам за друг
Stom ti e tenka kosava siskive mora da se feniraat da dibijat volumen kapki nemoj da koristis bidejki za tenka kosa nese preporacuvaar m.n kapki
Може совет,се работи за доста слаба коса,опадна после порајѓај и ја ишишав рамно над рамена,сега како ми е малце порасната смешно ми изледа горе ретка,а долу рамно дебело (незнам како да се изразам) па сакам да ја шишам и се мислам како да е долниот дел,значи за ептен ретка коса барам идеи за фриз