Мислиш на оние шарените, имаше една доста коментирана со банана така? Тие сигурно не се мијат? Дефинитивно ќе проверам, ќе пишам како сум задоволна, уште утре ќе купам некое од овие зависи што ќе најдам.
Да, на тие. Имаат и опција да се стават во мала количина на влажна/сува коса без да се измијат со тоа што ќе делуваат како leave-in третман. Овие немаат лош состав, ама штета за isopropyl alcohol, лош алкохол е, делува исушувачки. Се надевам ќе направат промена на составот во догледно време.
Не е општо прашање за коса, ама морав да ви пишам.. Женски со маслава рицинус и кокосово обавезно преспивање. Упива скроз, приметувам зашто иако нашлапав кокосово на цела коса доста обилно, капка нема на пешкиров, се е впиено во косава. Што подолго го оставите тоа подобро затоа навечер пред спиење. Ќе пишам понатака за ефекти од подолготрајна употреба, сега за сега редовно ставам.
Хахахах не не, седев доста долго со маслата на коса пред легнување, муабетот ми беше колку може подолго да ги држат пред да ја измијат косата, имам пробувано саат-два пред бањање и ефектот не е ист.
Повелете природна маска: https://kajgana.com/napravi-sam-maska-za-kosa-od-majonez Во однос на маслата има три правила - да не се претерува со третмани, да се ставаат маслата на навлажнета коса (не целосно мокра) и да се врзе косата со кеса или капа за туширање (на овој начин кесата т.е. капата ствара вакум и не овозможува ладење на главата со што состојките од маската побрзо продираат во влакното)...
Предлог за производ за заштита од топлина на косата? Има нешто што делува или се е онака колку да се стави нешто?
Еден од најдобрите досега што сум ги имала, се става после бањање, на мокра коса, а може да се стави и на сува коса
Дали знае некој што да ставам на мојата виткана коса за да ги направам локните да се подобро оформени? Имам локни, но сакам да ми се уште поизразени
Ако сакаш само да ти се посјајни и повпечатливи некои силиконски капки одбери си. А за локни имам гледано многу различни производи, во ДМ имам сретнато пена за локни, спреј за локни и сигурно постојат и други работи. Разгледај нешто што ќе ти одговара но внимавај има препарати кои ќе ти ја направат како да имаш прашина низ косата, моја колешка од факултет имаше нешто за локни на балеа, многу грдо изгледаа нејзините природни локни..