Znaete li nekoja aplikacija ili nesto da probam da vidam kako bi mi stoele siski... Toa mi se uvrtelo da napravam siski imav edno vreme ama na strana, mi bea super sea sakam ramni
Колку е цената? Знам дека ревлон се скапички. Имав прашано пред 2 години за нешто слично на ова мислам околу 900 денари ми кажаа.
800 ден. на акција го зедов, и навистина вреди за парите. Инаку околу 1000 ден е. Јас на мокра коса го ставам, чешлам, па ја сушам косата со фен.
Сега имам земено друго нешто, фризерката ми кажа да земам Лореал крема за коса и спреј со неколку масла. Да ги потрошам па ќе се распрашам за овој.
Мене не ми даде ефект, ни малото ни големото пакување. Пробај со Фанола или Имел ги има кај фризерите или на hairmk на фб. Од двата сум задоволна едниот е виолетов другиот син.
Мариз, може ова да се користи и како заштита при фенирање/пеглање? Како поточно го користиш? Мислам дали после ја третираш некако косата или ја оставаш природно да се исуши.
Ja ставам од кога ке ја избришам со пешкир, после си ја сушам со фен. Такво за заштита никогаш не сум користела
Четка за потпомагање на волумен може и постои, ама преса која има баш спротивна намера, не постои. Освен ако мислиш на тие тостерките.
Така се вика, инаку да како прееееситна тостерка, само за коренот. Ефектот е како замена за тапирање (барем мој впечаток е тоа ).
Мене многу грдо ми изгледа така , порадо би се тапирала, ама и тоа со усул. Да не изгледа косата како планина. Најубав волумен се постигнува со фенирање, кога горните делови на косата се фенираат со четка наназад. Ни тостерки ќе треба да правиш, ни да се улепуваш со лак за коса, ништо. Прекрасна ќе ти биде косата и без такви глупости.
@Mishela го ценам твоето мислење, но косата ми е претенка и премека, буквално како пајажинка. После фенирање, волумен имам неколку часа, а потоа ми е сплескана. И искрено, обврска ми е секој ден миење и фенирање. Не ја тапирам воопшто, бидејќи од што ми е мека, тапираното ќе ми држи неколку минути, а ако и ставам лак за коса ми е буквално како тесто. Досега еднаш на фризер ми ја направија со таква преса за волумен и мене ми беше супер, ми го држеше коренот поткренат, а не ми беше ни како грива од лав, ниту пак имаше потреба од лак за коса. Да, е како тостерка, но преситна и искрено освен ако не ја гледаш од блиску не се ни забележува. А и не мора да се прави баш на патецот каде што би се гледала, доволно е прамените под него да се поткренати за да изгледа поволуменозно.
Едвај чекам да ја скратам косава. Ми беше нијансирана од корен во јуни, пред 1 недела пак истото го направив. Со заштита, со сите салтанати, во добар салон. Ама не бива, пепел е косава. Фризерот ми вели 10цм под итно. Јас немам храброст никогаш не сум скратила многу. Сега ќе го послушам дефинитивно. Не можам да си ја гледам, како искубана ми е на врвовите, а гледам имам и неколку искинати прамени.. Што да правам со тие искинатите? Косата цела ми е до половина, ама имам прамени , најгорните ми се до ушите, како степен да имам, а секогаш рамно се потстрижувам. Фризеркиве викаат од пеглање сум си ја искинала, ама многу ретко се пеглам, 2-3 пати во месец максимум... Не знам што да им правам на тие прамени, иако ќе се шишам 10цм може и повеќе, овие прамени пак ќе останат пократки. Освен тоа сакам некако да ги оправам, ако воопшто има начин..
Препорачајте ми некој третман за бланширана коса. На фризер или некој производ за дома. Малку да ми оживее косава
@Lostinparadise Спојлер: Линк https://www.nane.mk/vchera-nanesov-...ite-me-prashuvaa-kaj-koj-frizer-imam-otideno/
Ми треба спреј за суви врвови. Тоа @lovemme што го препорача не ми одговара. Мислев за врвови го користи. По можност онлајн нарачка бидејќи во странство живеам. Инаку имам густа коса, дебело влакно.