1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи прашања за коса

Дискусија во 'Коса' започната од butterfly33, 30 август 2012.

  1. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    81.318
    Пол:
    Женски
    Ова да го пробаш ...
    Една блогерка нон стоп го фали па го имам зачувано некогаш да го купам за врвовите :D
    AirBrush_20200221204437.jpg
     
    На smile:) и buba4e89 им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Да не ги прави мрсни врвовите?
     
  3. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    81.318
    Пол:
    Женски
    Познавам пријателка која нон стоп го користи и не и ги прави мрсни врвовите .
    Доколку некој од форумов го има користено нека сподели
     
    На didisi и buba4e89 им се допаѓа ова.
  4. Vegegirl

    Vegegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Имам огромен проблем со косава... природно имав многу виткана коса, се разделуваа локните, во пубертет некаде после 18та год сорос ми се изгуби формата на косата, сега не ми е ни виткана ни права и не можам никако сама да ја средам морам да одам на фризер за фенирање. Должината ми е малку под рамена. Имате ли идеја што да и правам? Да се ишишам некако? Морам сама да почнам да ја средувам оти многу пари ми се веќе..
     
  5. Bebushka135

    Bebushka135 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2014
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    95

    Барај curly girl method видеа на јутуб. Следи што прави India Batson и ќе добиеш некој curl pattern.
     
  6. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.844
    Пол:
    Женски
    Смени го фризерот. Штом мораш да се средуваш само во салон, не ти ја погодува фризурата. Јас кога ќе се ишишам, можам да терам 6 месеци така, и тоа најчесто пери-носи.
     
  7. Marina*F

    Marina*F Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2019
    Пораки:
    304
    Допаѓања:
    266
    Пол:
    Женски
    Каде одиш на фризер?
     
  8. Vegegirl

    Vegegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Морам само во салон зашто кога ќе ја исушам или природно да се исуши не е ниту права ниту виткана, како кралот лав сум
     
  9. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    22.800
    Пол:
    Женски
    Смени целосна рутина.
    Исфрли шампони со јаки сулфати и силикони во сите продукти. Направи кларификација на косата со природен јаболков оцет и дестилирана вода.
    Маски за коса минимум две, една протеинска, една хидратантна.
    За дефиниција на кадриците можеш пиво, пена, гел и leave-in продукт, ама треба да се со добар природен состав.
    И јас имам природно кадрава коса и бев во слична ситуација, сега косата никогаш подобра не ми била.
    Пиши ми ЛП, за повеќе инфо, доколку сакаш.
     
    На Vegegirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.975
    Допаѓања:
    7.729
    Пол:
    Женски
    Девојки плс хелп.
    Имам права и густа коса која на влага во воздухот а особено во врнежливи денови почнува сама да се витка. На лето истотака имам проблем, особено на море. И тоа толку без врска се витка - само на предните прамени околу лицето и не целосно дефинирано, туку половично. И наелектризирана е целата. На англиски има убав збор што е баш соодветен за да поточно ја опишам косава - Frenzy. Излегуваш фенирана од дома, дур стасам кај сум пошла, фризурата ја нема..Сум пробала со гелови и лак, ама залудно е. Инаку, првата бебешка коса ми била ептен виткана со локни, ама со првото шишање почнала да расте права, најверојатно тоа е причината. Има ли некоја слично искуство и/или совет како да ја контролирам?
     
    На Ginger^ му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.671
    Пол:
    Женски
    Мојата коса беше таква. Имав долга коса и ужасно изгледаше по излегување од дома. И кога ми беше кратка на времето, иста песна беше. Личев на чадор.
    Едно решение е фенот да ти биде со јонизатор, но мене тоа не ми помогна баш па си купив пегла со јонозатор и се пеглав. :tmi:

    Ми се смачи од пеглање и на крај ја скратив многу, во асиметричен боб. Фризерката ми ги среди врвовите (немам веќе полн врв како кога ми беше рамна) и ситуацијата е далеку подобра.
    2 години се пеглам само по потреба и косата ми изгледа одлично по малку фенирање со четка.
    Не користам никакви средства за стилизирање, само шампон и маска, понекогаш ставам спреј за расчешлување.
    Клучот е во фризурата и начинот на кој е шишана косата, да одговара со типот на влакно кој го имаш.
     
    На Ginger^ и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  12. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.975
    Допаѓања:
    7.729
    Пол:
    Женски
    Леле, баш така сум шишана од пред еден месец - асиметричен, краток боб и со врвови средени.Хахахаха. Дефинитивно ми е далеку полесно со ваква фризура, многу полесно ја контролирам. Со долга е тортура.. Ама еве и денес со дождов приметувам дека шишките фатија кривина.. А спреј каков користите? Јас мислев дека е кратка, па нема потреба од спреј за расчешлување.. само маска некоја универзална користам после шампонот..
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.671
    Пол:
    Женски
    А ја фенираш ли со четка убаво?
    Делиш во слоеви и фенираш, исто како на фризер. За да ги скротиш сите делови од косата. Битно е и фенот да има јонозатор.
    Мене не ми се случило да ми се наелектризира и разлета дури ни кога врне, не станува како мастика.

    Немам некој специјален спреј, каков ми се најде по дома таков користам, имам еден двофазен од Авон и ставам понекогаш.
     
  14. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.975
    Допаѓања:
    7.729
    Пол:
    Женски
    Да, така ја фенирам, дел по дел, се изверзирав веќе во тој поглед. Но, на фенот ич не помислив. Фенот ми е од оние малите обичните - без јонизатор. Го купив божем за привремено, дур да најдам некој подобар, и еве заглавив со него 2 години (facepalm)...Може не е лошо да пробам со друг фен, можно е да ја сушам премногу со сегашниов... Ќе пробам и со некој спреј од Авон (знам за кој спреј ми зборувате). Немав лошо искуство порано со нивните производи. Користев масло од арган од Авон порано, ја измазнуваше малку косата. Не се сеќавам дали ја скротуваше, само памтам дека ми имаше многу убав сјај. Фала многу за советот :)
     
  15. strawberry111

    strawberry111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    57
    @senza.parole Ако не ти е тешко ќе можеш ли да напишеш кои производи ги користиш конкретно шампон и маски? ( која е протеинска а која хидратантна) бидејќи имам сличен тип на коса.
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.671
    Пол:
    Женски
    Немај гајле, белким нешто од ова ќе упали оти стварно е досадна разлетаната коса.
    Види некој фен со потесно грло, баш како за фенирање и ако има плус јонизатор би било одлично. Мислам дека ќе приметиш разлика.
    Спреј можеш каков сакаш, но и не мора. Јас не гледам некоја разлика и ставам како ми текне, еве вчера на пример заборавив. :D
    Овој од Авон ми се допаѓа како мириса па некако останав на него, а и дека двофазен, дополнително нели ја скротува косата.
    Доволно е малку оти знае да направи мрсни прамени ако се нашприца повеќе. Разгледај што ти фаќа око па види што ќе направиш.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    22.800
    Пол:
    Женски
    Од шампон задоволна сум од Insight за оштетена коса, иако сите нивни шампони имаат одличен состав, па во план ми е да пробам и некој друг.
    Од протеински маски за коса одлична е Balea Winter Protect прекрасен состав, ефект... феноменална е.
    Добар протеински состав имаат и Balea Collagen регенераторот, Balea Oil Repair Schwerelos маска и Balea Oil Repair Intensiv маска. Сè друго од Балеа е со лош состав и алкохоли. И не само Балеа, него 99% од она што се продава кај нас по рафтови треба експресно да се заобиколи.
    Овие маски (погоре набројаните) имаат и хидратантни состојки, ама преовладуваат протеините. Чисто протеинска маска што се продава кај нас (а, протеините се клучни за опоравување на оштетна коса е Biokap Nutriente).
    Од хидратантни маски сите од Garnier Hair Food се одлични.
    Битно е баланс на протеини и хидратација кај самата коса да се воспостави, само тогаш таа би била во совршен ред. Во зависност од тоа колку ти е оштетена косата, така наизменично се менуваат маските.
    Пр. ако ти е оштетена многу, едно миење протеинска маска, следно хидратантна. Во спротивно, на секои две миења со хидратантна, а третото миење со протеинска.
    Се надевам ме сфати.
    Пиши, доколку нешто не бев јасна. :D
     
    На sorbet, annii, Salome и 3 други им се допаѓа ова.
  18. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    13.419
    Јас мислам не е само до тебе и твојата коса проблемот, туку 90% од луѓето косата кога ќе биде повлажно времето им станува frizzy, се витка делумно, или ако ја имаш навиткано се исправува. Тоа е заради водата, не заради косата.
    Барем јас така мислам од мое, и искуство од другарки. Јас кога врне се замотувам со марама/шал, и така не ми допира многу вода до косата, и горе-долу останува во ред. :)
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Rosonerka

    Rosonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2012
    Пораки:
    250
    Допаѓања:
    4.221

    Како да се читам себеси...
    Се фарбам плава 5 год сама и воопшто не ми беше оштетена, последното фарбање со две evolution и два хидрогена метла ја направив..
    Косата како мастика се кине исто имам прамени искинати..
    Сега ја нијансирав на фризер олаплекс што не џабе, коренот ми е потемен па ќе ја одморам од фарбање, пеглање никако.
    Користам кокосово масло преспивам со него, глис спреј за заштита, капки од арганово и маска обавезно.
    Нема спас освен шишање малку по малку и одмор од фарби...(facepalm)
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Минатата недела ја скратив. И тоа не помогна којзнае колку. Ми беше до половината, сега ми е до таму кај што се закопчува прслукот. Краткиве искинати прамени си стојат, и уште се суви и грди. Ставам и јас кокосово масло и глис спреј, и третмани што не се плакнат. Буквално се ставам за омекнување, имам пишано во друга тема, мислам ритуали за коса или така некако беше темата.
    Нема спас.. Дефинитивно ја оставам сега и ништо нема да ставам, ниту фарба ниту бланш. Ола плекс можеби штити ама не може да спаси многу. Оставам да порасне, ќе ја шишам колку да се обнови и потоа ќе си ја вратам природната боја. Можеби малку посветла кафена ќе ја направам. И црна убаво ми стои, ама со бебе ќе бидам, нема да можам да ја одржувам сјајна црна..
     
    На Rosonerka му/ѝ се допаѓа ова.