1.На мокра коса (по шампонирање ставам маска од Kavos од кавијар 1000мл од Кит Го за некои 300 денари мислам можда и помалце) после плакнам 2.Ништо 3.Не
1. Шампон и маска за коса. Различни бренд и состав, комбинирам зависно потребата. 2. Пиво, домашен гел од ленено семе, leave-in средство (обично Алое маската на Гарниер) и гел за коса. Не сите одеднаш, комбинирам исто и тука. Ама јас не ја пеглам, тоа преретко. Ако ја пеглаш ти треба нешто со добар состав и мал дел силикони за заштита, на пр. SOS leave-inот на Garnier. 3. 100% арганово масло, или масло од јојоба.
1. Mane n tail шампон или Биоблас шампон со арганово масло, после тоа регенератор Mane n tail. 2.Ништо 3.Спреј за врвовите на Лореал
имам прашања. Balea Winter protect нели е балсам, не ти ја мрси косата? Која е цената на Биокап маската и каде ја има? Јас маските ги употребувам така што ги измивам, поубаво се расчешлува косата.
Не е балсам, маска е. Многу убава структура има, воопшто не ја мрси, туку поради протеините баш дава чувство на „цврст“ изглед. Откритие на годината ми е. Биокап во Виола аптеките ја има 100%, а мислам и во Космо. Цена околу 700 ден. Инаку, секако дека треба маските да се измиваат.
Оваа е? И која и е цената? Штом толку ја испофали ќе си ја земам оваа,генерално сум задоволна од производите на Балеа така да мислам дека вреди да ја пробам. И плус ќе ја земам од Гарниер таа со банана дека ми е многу оштетена косава па ќе ги менувам маскиве како што препорача,барем колку толку да ми се опорави малце
Таа е. Мислам макс. 250 ден., дека е. Ама провери дали ја има, обично само зимно време ја носат, не знам сега дали ќе ја најдеш, прашај ги вработените, или пиши им порака на ДМ, ќе ти одговорат дали и каде ја имаат на залиха.
Може ли линк од некоја страна што продаваат обликувачи за коса во вид на преса за бранови? Слични како оние за тостерки, но се поголеми, со два, три цилиндри. Нема на страните на нептун, сетек, техномаркет.
1.Каде можам да најдам футрола за фигаро? 2.Препорачајте некој препарат што го нанесувате пред правење локни со фигаро за подолго да траат локните?
Имате ли проблем со сува коса? Од кога ќе ја измијам едвај ја чешлам, во горните делови многу ми се тутка и на допир како да лепи, многу лошо изгледа цела како идпокубана и пресува . Користам маска за коса и капки. Некоја препорака?
Се фарбаш плава или светла нијанса на боја или користиш бланш или некои производи за осветлување на косата?