Е па нема спас, одма е јасно дека е од тоа. Ќе ти се изретчи, ќе се искине, па со тек на време ќе се обнови и ќе се среди. Јас имав таков проблем затоа знам. Џабе и масла и маски и регенератори. Немој кај секој да одиш да се бланшираш, плати поскапо ама оди кај некој што работи со поквалитетни производи што не ја горат косата. Сигурно за некој денар поефтино си била кај што си била. После тоа што се зафркнав и јас и косата што ми беше ко слама и се туткаше и кинеше, бев во професионално студио, помина време да се опорави косата и сега одам таму и имам здрава коса. Ама, давам пари...
Напротив платив 5000 денари за косата. До сега сум одела кај поефтини што ми зимале по 1500,2000 денари па не ми се оштетила!
За жал косата не можеш многу да ја смениш, веќе е касно. Мачкај ја со маски, ставај и млеко, ама мислам ќе треба да се ишишаш за да не се малтретираш многу. Веќе изгорена коса не ја спасува ништо
Што да ставам на коса после миење за поголем волумен? Брановита коса имам, но некогаш знае и да ми се сплесне кога ќе се исуши, особено горе, а доле е густа. Некоја пена можеби?
Здраво девојки, веќе неколку години имам проблем со првутот. Незнам каков шампон не сум пробала, од најевтин до најскап. Од дрогериски па се до шампони од аптека, ништо не ми помага. Ве молам ако некој се соочил со истиот проблем, да ми сподели искуство. Ви благодарам.
И мене ми беше таква кога ставив бланш, но немав на цела коса. Точно се приметуваше разлика посебно кога ја миев, на горниот дел од што беше сува како ни вода да не впиваше. Сега прилично ми е опоравена, пробај некој шампон за хидратизирање на косата и обавезно користи маска или регенератор. Исто така, мене многу ми помогна рицинусово масло кое го користев редовно, а сега користам кокосово и некогаш ги мешам и сум баш задоволна.
Откога ја скратив косата прилично кратко, над раменици, почнаа да ми се прават рокчиња на тилот Колку и да ја мијам косата, кога ќе ми е исуши тие си стојат таму и многу лошо изгледа. Што да направам за да се изгубат Хелп!
Сув шампон, можеш да нашприцаш малку на корените и одма после миење за да добиеш некаква текстура со која ќе пробаш да обликуваш волумен. Мене оваа финта ми функционираше и кога имав долга коса, помагаше да не биде сплескана уште наредниот ден.
Има едно од тафт за волумен како пудра во прав е, малечко зелено пакување. Јас го користам и сум задоволна.
И јас го имав овој проблем. Сите ги искупив, и најскапите не ми помогнаа. Единствено ме спаси Ултрекс и Салсун од Грција ги земав. Ултрекс има таму по маркети, а Салсун во аптеки. Сега тешко дека можеш да набавиш од Грција со оглед на ситуацијата, па пробај со Doctors црниот сапун, го има во аптеки. И тоа ми помагаше, ама мноогу ја суши косата, едвај се отплеткува, ќе ти треба плус маска и некој третман за да ја омекнеш по миењето.
Женски дали можи да ми предложите некој препарат за коса што ја исправува косата и ја држи исправена подолго време.Не помага ни преса ни ништо.Одма разлетува после 10-15минути и се прекршува..
Пошто изигравам сама свој фризер си заработив вакви и кога ќе ја исушам и ќе ја соберам како во моментов, ми штрчат на сите страни и ме нервираат. Дома мислам дека освен лак за коса немам ништо друго (треба да проверам и лак дали имам). Како да ги приберам?Со лак знам како, ама ако немам како да ги залепам? Џабе е мокрење