Јас од маските на Гарниер воопшто не сум задоволна. Пробај со масла, ќе нанесеш пред туширање, половина час. Мене најдобро ми е чичковото. Исто, путерот од авокадо од Алверде е многу добар. Ама од мое искуство, со маслата најмногу успеав да ја скротам косата, сега немам ни потреба да ја пеглам.
И тоа мене не ми се допадна. Никако не ми помогна, исто и рицинусовото. Пробај со повеќе, да видиш кое ќе има најголем ефект.
Каде може да се најде оваа маска во Скопје и дали знаете која е цената отприлика? Некоја ако ја има користено нека сподели искуство ве молам И дали е подобро маскава, или спрејчето од истава серија?
Што препорачувате од ДМ за бујна, кадрава и сува коса Бујна ми е многу, локните веќе ги немам бидејки предолго време ја пеглав па сега пробувам секакви маски и регенератори за обликување на локните. Сува ми е, наелектризирана Ви благодарам однапред
Здраво дали може да ми препорачате од ДМ шампон за волумен имам тенка и залепена коса, и некој регенератор или маска за суви и оштетенИ врвови? ❤
Кај можам да најдам чешел (можеби си има друго име, не беше баш класичен чешел..), мало едно ко за тапирање и скротување на бебешките влакна? Прв пат го видов чудово. Ако знаете, би ми било ептен од помош..
Дали некогаш имате користено спреј за заштита од сончеви зраци? Лани додека бев во Германија си имав земено, ама сега никако не ми текнува на фирмата. Разгледував во ДМ кај нас, ама не успеав да најдам нешто слично, па можеби вие би имале некој предлог?
Јас го имав тој проблем и го решив на овој начин. Прво прекини да ја пеглаш и почни да си ја сакаш кадравата коса користев шампон од нивеа дајмон голд, и косата миј ја два пати неделно, на нашата коса не и годи миење на два дена. Маска користам од гарниер, од кога ке ја измијам ја ставам во памучна крпа ми стои неколку минути и потоа и ставам едно масло од дм го зедов со бадеми, потоа ја четкам ама со четка за фенирање некако подобро гледам ми функционира него чешел хаха и потоа повторно и ставам од тоа маслото и ја оставам да се суши сама, никако со фен и да не заборавам додека ја чешлам ја стискам постојан со рацете за да направам локни. Сега зедов и пена па ќе видам како ќе биде и со пена.
Женски посоветувајте ме какво фигаро да купам? Или бренд од кој сте задоволни, на што да внимавам, да не ја оштетува многу косата и слично. Благодарам!
https://www.tiande.mk/kosa/snake-factor-mask-detail Некој да не ја има користено маската или било што за коса од Тианде да ми каже искуство?
Девојки какви фризури носите, тие што имате брановидно виткана коса. Не мислам на ситни локни. Отсекогаш степенесто ја шишам косата но претходната фризерка поубаво ме правеше, некако локните ми доаѓаа до израз, сега сум како триаголник во косата, ни локни ни ништо имам. Ќе може ли некоја слика приближно на вашата, да знам што да барам оваа последно ептен ме унакажа
Девојки, ве молам дајте ми некој совет за тенко влакно на косата, и самата коса не ми е многу густа, па и влакното ми е тенко, веќе не знам што да и правам. Од толку што ми е тенко влакното, со тек на време почнува да се истенчува на врвовите и ми се оштетува. Воопшто не ми држи форма косата, како исцепкана ми е на врвовите. Меѓу коренот и врвот има драстична разлика во густината. Редовно ја кратам и дури и фен веќе не употребувам, уште помалку пегла или фигаро, го користам периодов дури работиме од дома за да ја држам најприродно што можам. Дури и собрана кога ми е, многу лабаво ја собирам со некоја шноличка, за да не ја тегнам. Исто, никогаш не сум ја фарбала досега. Ми ги препорачаа витамите за коса на Natural Wealth, едно пакување испив, но не гледам некое подобрување, можеби треба да се пијат подолго? Отсекогаш сум имала тенка коса, ама последната година косата ми е во многу лоша состојба. Ви благодарам уште од сега за секој совет.
Стресот и исхраната влијаат многу, пробај протеинска исхрана.. Витамините продолжи да ги пиеш не мора тие можеш б комплекс биотин... Или било кои други за кожа коса и нокти
Ако можеш пробај го шампонот. Се става малку, бидејќи сам по себе е со погуста структура и ќе ти трае повеќе време - прави доволно пена (секако над три месеци, малово од 250 ml). Ако можеш распрашај се по фризерскиве салони доколку некој/а го користи, бидејќи го зедов преку фризерка. Реално доаѓа поскапо, но ќе ти заврши работа. Дава многу убав сјај и волумен. Само внимавај да НЕ го користиш пречесто (буквално на секое миење) и претераш, а во меѓувреме ќе си тераш со друг шампон. http://www.framesi.it/en/productl-morphosis-volumizing Има и други од линијава, но не сум пробала друг освен овој.
Мене лично, од фарбите за коса ми се сушеше косата. Два пати ставив различна фарба од Keune, ист беше резултатот.
Да , фарбите малку и мене ми ја сушат косата , ама па според трајноста ми се најпогодени. Туку мене ме интересира за маските , шамнпоните
Производите се океј. На фризер кога имам одено имаат ми ставено маска на keune. Ама сепак не знам да ти кажам дали се добри бидејќи секогаш кога си одиш од салон косата е совршена, а кога ќе се измиеш дома е друга прича.