Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи прашања за коса

Дискусија во 'Коса' започната од butterfly33, 30 август 2012.

  1. wannabe777

    wannabe777 Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2019
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    Нема врска со пеглата, ставаат одредени прашоци, спрејови зависи кој што има за да остане права (или виткана), најдобро прашајте си некој фризер што користи па купете си и вие.
     
    На Mrs.Precious му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Нема везе до ставање на прашоци и останато. До косата е и плус тие знаат секој дел убаво да го фатат и секако имаат подобри преси за коса, појаки. Јас имам добра преса и онака на најслабо ја уклучувам за да ја исправам косата, ми доаѓа како чешлање, затоа што имам скоро права коса. За виткање исто, ми стои секогаш, не само на фризер кога се оди. И до влакното на косата е..еве сестра ми и на фриз да отиде за два саата ќе и се исправи ако е виткана и обратно. Такво и е влакното на косата.
     
    На Mrs.Precious му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.361
    Пол:
    Женски
    Прашањево може е глупичко али не сум имала искуство до сеа.
    Ќе си правам домашна маска за коса од јогурт, сода бикарбона и лимон.
    Дали маската да ја ставам пред да се бањам или по бањањето? (Не пишува на интернет кај што ја најдов)
    Да не ми смрди после косата на јогурт :wasntme:
     
  4. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Секако дека пред миење со шампон. Иако лично јас лимон и сода бикарбона не би ставила на коса никогаш...
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.994
    Допаѓања:
    81.332
    Пол:
    Женски
    Ако веќе сакаш домашна маска, подобро испасирај едно авокадо, измешај со малку маслиново и стави на косата.
    Јогуртот па и со лимон и сода не знам какво дејство ќе има, да знаеш дека лимонот и содата многу ја сушат косата.

    Или можеш дури и само маслиново масло, или кокосово, да ставиш на косата по цела должина, да оставиш некој саат да стои во коса и после убаво да измиеш.
    Верувај, ефектот ќе биде многу подобар.
     
    На Sahlene и Feminka22 им се допаѓа ова.
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.361
    Пол:
    Женски
    За мрсна коса е таа маска.Мојава е у моментов УЖАС.Завчера ја измив, вчера вечерта зејтин ми беше.
    Ми треба нешто што ќе ја исуши.
    2B6126C9-EE92-4574-9013-F8468005F401.png
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.994
    Допаѓања:
    81.332
    Пол:
    Женски
    Ама содата и лимонот не го сушат скалпот, туку самото влакно. Косата после тоа одвај се скротува, како грмушка е.
    Како сакаш, но подобро земи си масло од чајно дрво и капнувај 2-3 капки во количината шампон со која миеш коса.
     
    На Kimberly11 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  8. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    Нема да има ефект, коренот пак ќе се мрси. Смени шампон, може е презаситена косата и не ја миј многу често, така само полошо правиш.
    Јогуртот ќе ја направи мека, мене ми ја скротуваше, лошо е што може да остане мирисот, треба добро да исплакнеш. Лимонот и содата не ми гледаат како добри опции.

    Друго, ефикасно ми се покажа чичковото масло. Го масираш скалпот, стои пола час и ја миеш.

    Поентата не е да ја пресушиш косата за да не ти се мрси, што повеќе го правиш сув скалпот, повеќе лачи за да надохнади и нема никаков ефект.
     
    На Feminka22 и Mrs.Precious им се допаѓа ова.
  9. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    ^Доволно е средството за миење на κосата да содржи пенливи материи. За другото погрижете се преκу храната и масκите и балсамите за κоса, сеκаκо избалансирано си пената и гелот, κаκо и топлината κаκо стилизирач на κоса.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Што може да предизвика преголемо згуснување на косата?
    Отсекогаш сум имала густа коса, но последниве неколку месеци станува неподносливо. Ако не ја соберам високо, се чувствувам како да носам ќебе на грбот. Да не зборувам што за сушење ми треба еден час.
     
  11. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Изретчи ја. :D
    И јас имам прегуста коса и обавезно при секое шишање морам да ја изретчам и супер е. :sun:
     
    На prominent му/ѝ се допаѓа ова.
  12. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Да, секако ќе ја изретчам при следното шишање, но малку се изненадив зашто некако одеднаш ми никна дупло повеќе коса, едвај наоѓам стегач :D
     
  13. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Да не имаш сменето шампон па да ти ја прави поволуминозна?
    Или пак да не користиш некои масла, некое ново средство за коса?
    Знам исто дека хормонален дисбаланс може да предизвика зголемена влакнетост по телото, ама не знам дали важи и за косата. :D
     
    На prominent му/ѝ се допаѓа ова.
  14. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Ништо ново, истиот шампон си го користам веќе години наназад, а масла, маски итн, многу ретко ставам. Само регенератор за полесно расчешлување, но не верувам дека е од тоа.
    Како и да е, подобро екстремно густа отколку екстремно изречена :)
    Фала ти сепак!
     
    На martiiinna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    19.558
    Пол:
    Женски
    Дали таблетите Мерц делуваат против опаѓање на коса и за згуснување на косата?
     
    На DenaM му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Да,од искуство :) Плус косата ми растеше брзо.Исто и кај ноктите имаше ефект само што кај некои се јавувало зголемен апетит а кај мене немаше такво нешто. У секој случај добри се, во аптека ми кажаа да ги пијам секој ден по 2 држеи првиот месец па после по 1 и откако ќе ја испијам кутијата месец дена пауза да правам.


    Иначе моето прашање е , дали од потемна фарба косата се оштетува многу и се суши? :)
     
    На eliesaab, MeowMeow, DenaM и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    Нема врсκа што фарбата е потемна, κосата се гори од хидрогенот и од апарати за облиκување со извор на топлина.
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    19.558
    Пол:
    Женски
    Се прекина паѓањето на косата?
     
  19. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.624
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае како целосно да ја извадам бојата од челото горе?
    Ме фарба мајка ми и секогаш горе челото ми го избојува и ми стои 3 дена боја,неможам реп да врзам :) се гледа дека со темна кафена се фарбам
    Со шампони со сапуни со влажни како не пробувам
    Дали има некое посебно средство да не знаете?
     
  20. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Не знам како да го извадиш ама имам слушнато пред да се фарбаш да се намачкаш со нешто мрсно за да не те исфарба на лицето
     
    На koritsaki, Justicija и Bella* им се допаѓа ова.