Доста фален е којнскиот шампон. И рицинусовото масло, ако се користи редовно, знам @1209 имаше пишано искуство. Секако ова како плус, во комбинација со таблетите.
Пантенол раствор за коса - го има во аптеки и не емногу скап. Нема мирис и боја, како вода е... Обновува скалп и коса.
Јас земам пантенол во спреј од ДМ маркетите, околу 170 денари е отприлика, го препорачуваат и за коса и за кожа.
Препорачајте ми некој производ(крема, спреј, гел, што и да е) од кога ќе ја исфенирам косата да ми стои смирено, право, да не ми се дуе. По можност од ДМ или да го има по маркетиве/аптекиве и со некоја нормална цена. Благодарам однапред.
Зависи од годините, стилот, форма на лице и тело. Помладолик изглед ми имаат жените со шишки, небитно дали на кратка или долга коса. Се разбира, доколку им стојат шишки.
Спрејчето на Калос 14 во 1. Полно е со витамини и разновидни масла кои овозможуваат хидратација, потхранување, сјај и секако полесно расчешлување.
Не можам да ја поднесам косава!! Од кога престанав да ја фарбам, бидејќи сакам да ја израснам црнава, косава ми е лом. По природа имам права коса, но со волумен (кој што не сакам да го имам) ја пеглам и за 1саат ми се "надувува" и витка... Има ли нешто што би можела да ставам за да не ми се случува ова?
Јас ги купувам овие, Balea 99 денари се и не ги користам често, подобар е овај за кафеава коса другиот од праска има многу јак мирис и остава како прашина на коса
Ве молам за помош,како да се одвикнам од собрана коса,значи нон стоп е собрана и за спиење и за се,тоа е веќе добри 3,4 години и како резултат имам опадната коса,скоро па ќелава сум и болки во гкава,имате ли некој совет како да се одвикнам,мн ми смета пуштена зошто вака веќе се навикнав