Женски, каков фен за коса користите? Разгледав во конкретната тема, но за жал не е многу активна. Имам густа коса, па ми треба препорака за поквалитетен, јак фен, и секако да не ми ја оштетува косата многу. Што конкретно да барам? Гледав Ремингтон имаат фина цена, имате искуство?
Јас имам фен на Ремингтон во Мкд,убаво ја суши косата ама не очекувај многу. Солиден фен,сум ја фенирала и без додатокот ама сепак не спласнува многу бидејќи мојава си бара “друга”рака. Има две брзини и она за ладење по сушење.
Здраво , имам ни виткана ни права коса , кога ќе ја исушам за никаде ми е ако не ја испеглам .. некој производ или нешто што би ми помогнал да ми биде накршена или да се исправа без пеглање или некако подруго како да ја третирам некој совет ... ретка ми е
Доколку сакаш да ја стилизираш косата без оштетување од пегла или фигаро можеш после капење да ставаш витлери има во Jumbo јас од таму ги земав и задоволна сум како ми испаѓа косата после тоа.
Исплети ја во 2-3 крупни плетенки додека ти е скоро сува и преспиј така, утрото ќе имаш прекрасна брановидна коса. Можеш да прснеш и малку лак за да држи повеќе.
Што користите како превенција од расцветани врвови? Не знам дали има улога тоа што се префрлив од шампони со силикони на оние без (иако ова не е од пред некое време, има 2-3 години), ама забележувам дека ми расцветува косата релативно брзо. Се шишав во септември, вчера забележав испукани врвови и ќе се пишам повторно. Користам масла на врвовите на полумокра коса по миење, освен фен не користам други апарати за стилизирање, ставам и регенератор. Што би предложиле од производи што би можело да го спречи ова?
Имам природно многу права коса и остро влакно. Сакам да ја навиткам, но не на локни како што се добиваат со фигаро или витлери туку да ми биде прекршена (иако ни фигарото не држи како што треба на мојава коса, се исправа за саат време ). Која техника ја препорачувате?
А можеби шампонот не ти одгавара на твојата коса и ти ја суши премногу па затоа и врвовите пукаат.. Ијас преминувам сега постепено на шампони без силикони па твојов коментар ме замисли дека можеби од шампоните ти е така
Земи некоја појака маска, можеби би требало и да користиш некој производ со силикони на врвовите за да ги заштитиш од кинење. Масла не одговараат на секоја коса, а и не хидрираат воопшто. Ако постојано користиш масла а не ги измиваш убаво можеби водата не може да навлезе во влакното за косата да биде хидрирана.
Дали ја фарбаш косата? Мене фризер ми има кажано дека доколку косата се третира со хемиски супстанции (бланширање , фарбање) природните маски, шампони не помагаат или споро делуваат кај таква коса. Природни препарати се наменети за природно влакно. И јас користев шампони и маски без силикони ама ми беше ептен сува косата , не можев да ја расчешлам и со тоа се кинеа влакната, и се вратив на поквалитетни производи , сега косата ми е каде каде по негувана од претходно
Во тоа е чудното - никогаш не сум се фарбала и сепак врвовите ми се расцветуваат за кратко време по шишањето.
Јас па имам обратно искуство со фарбањето. Откако се фарбам, косата воопшто не ми е расцветана. Можеби влијае тоа што и природно косата не ми е многу склона кон цветање ама сега воопшто не се кине, влакното стана уште поквалитетно и поцврсто. Не ставам бланш бидејќи бојата е многу блиска до мојата, но се фарбам релативно редовно, некогаш коренот а некогаш целата коса. Во врска со производите, регенератор или маска влијае на тоа за да не се кине косата при чешлање и третирање, па тоа ги превенира и расцветаните врвови.
Ќе зедеш еден од оние за коса ластици, не ти треба ни огледало. Буквално ја виткаш косава назад, но со поситни делови и ги вртиш на него. Дури за постегнато можеш да користиш окциња. После само ќе ја растресиш и држи. Брзо, лесно и не губиш време. Едит: Ластикот го симнувам на чело оти така ми се покажале подобри откако ја пуштам косата. Инаку, мене ме интересира како ја одржувате долгата коса зимно време? Еве пример мене ме иритира страшно мирисот на чад, а не можам да ја мијам секој ден оти не е добро за косата..