@eliesaab Благодарам, ќе пробам. Не изгледа многу комплицирано. Но имам многу долга коса и се надевам нема да се заплеткам Инаку косата ја одржувам едноставно со секојдневно миење, така сум навикната и не сум забележала дека е штетно за косата. Не можам да трпам никакви мириси во косата, освен тој на шампон
Може да има резултати ама ако се користи почесто, јас во шампонот со коприва го ставам бидејќи ми паѓаше еден период косата и искрено имам резултати имам многу нови влакна.Може и пред миење на коса да се користи.
Цело шишенце го ставаш во шампонот? Јас користам h&s па не знам колку да ставам. Мене брзо ми се мрси косата, па дали би правело некој проблем?
Ја идам според рецептот во 750 /700 мл шампон цело шишенце и не ми ја мрси, само бидејќи има и пантенол и плус шампон од коприва ми ја суши малце а и така ми е плава косата.Ама па така престана да ми паѓа.Можеш од рицинусово да ставаш и на веѓи и на трепки со чепкалка за уши ама и за тоа треба упорност ама има резултати !
Што да ставам на скалпот да ми помогне за чешање? Многу ме чеша веќе ми станува неподносливо. Се мислам дали пантенол раствор би помогнал или би ми предизвикал перут?
Ако го разблажиш можеби ќе ти биде добар, но да знаеш дека го суши скалпот ептен и можно е да ти се изиритира уште толку. Во шампонот капни неколку капки масло од чајно дрво, јас мешам директно во дланка. По 1-2 капки и измиј се. Или земи си го тој шампонот од Алверде - Ultra sensitive. Многу го смирува скалпот.
Јас сега користам на Алверде, против перут. А ова чешањево обично е знак дека ќе ми се појави кај и да е. Имам проблем ептен со тоа, кој и да е шампон ми предизвикува, ако не веднаш после неколку месеци користење. Може да го земам овој да го пробам, или пак во мојот да си додадам масло. Фала Мишелка.
Искрено многу тешко е, ама еве пример да се ставаат масла на коса кокосово, чичково, арганово....по саат време што почесто тоа подобро.Шампони и маски што ги рекламираат овие органски јас мислам дека воопшто не помагаат барем за плава коса, третирана коса треба со соодветни производи да се третира.Пегла за коса и фигаро да се заборави
Шишање на врвовите на 3 месеци, хидратација на врвовите (користење на маски (не природни по состав) на полусува коса , да ја држиш маската 15 минути), по миење на полувлажна коса да нанесуваш масло.
Dali pantenol rastvor moze da pomogne za hidratacija na kosata? Dali se stava ma suva, mokra, poluvlazna kosa? Ili pak preporacajte mi nesto za hidratacija, sjaj
Пантенолот можиш да го ставиш во шампон и е наменет за да не прави првут и плус можеш да ставиш некој витамин б6 и б12 (ампули)
Си купив фигаро за крупни локни, само што мојата коса буквално се пушта за 2 саати. Препорачајте ми нешто за зацврстување како лак, само да не ми ја прави крута како интеса лакот што има ефект може да е и нешто што се става пред виткање, само да издржи барем од сабајле до вечер
Тафт само не сум сиг дали црниот дали зелениот види прочитај си што пишува одпозади за нив а има едно како спреј на фармаси за локни ама незнам јас тоа го немам користно
Ја ишишав пола коса, дека ми беше ептен за никаде, сега ми е над рамења, после секое миење, и сушење со фен, косата ми мириса како на изгорено, ме нервира ептен, што да и ставам за да мириса убаво? Не сакам да ми мириса така одвратно. Иначе ставам и регенератор и капки од арган, и пак ми мириса, ме вади од кожа мирисот!
Зелената крема на Гарниер од алое вера има прекрасен мирис, ја има во ДМ и низ маркетиве, или пак спрејчиња и капки за коса од Авон и тие не се лоши.