60 трга од Железничка, застанува точно под Матка пошто нагоре не ни може да оди. Треба да продолжиш само уште 3-4 минути пешки и влегуваш во самиот Кањон. До Македонско Село, исто од Железничка тргнува 28, а каде точно кај селото застанува не знам.
хах, не сум у тек, каква е таа реклама на Вип и која улога ја играм таму? Пошто многу реклами снимам, па веќе не памтам каде што сум глумел.
И да може, не е фер кон тоа дете, освен што нема да си ги знае вистинските родители, зарем треба да не си го знае вистинскиот ден кога се родило. Ако се смени датумот, џабе после родендени да му славите, кога не е вистински роденден. Не му го одземајте целосно идентитетот на тоа дете. Не знам дали прашањето ти беше онака општо или си во таква некоја ситуација, но морав да си го кажам своето мислење на оваа тема.
Онака прашувам не сум во таква ситуација, но за жал има многу вакви случаи па ме интересираше доколку некој знае точно да ми каже.
@shz Бидејќи тргнуваш од Штип рачунај го и времето од Штип до граница па на тоа додај му околу 2 саата плус. Значи на плажата ќе бидете после 6 часот наутро, да не речам накај 8-9. Еве сама прерачунај си - од Штип до граница + чекање на граница + од граница до Олимпик бич 2 саата. @EvAngelos најновата на Вип, една еДечкото што прв се појавува личи на тебе. Еве јаДечкото со марама на главата
Мислам дека во темата за барање на биолошки родители имам прочитано дека во домот не го ставаат денот на раѓање како официјален, туку за официјален датум на раѓање е напишан датум од неколку дена подоцна. Е сега не знам ти за што конкретно прашуваш, ама 99% сум сигурна дека датум на раѓање не се менува, доколку веќе еднаш е заведен во матична книга на родени, бидејќи тогаш всушност се добива и матичниот број кој не се менува. Спојлер https://forum.femina.mk/threads/Посвојување-Биолошки-родители.2179/
Каде можам да најдам едноставни фустанчиња низ Скопје..? Барав и барав..ама по се изгледа не најдов До кај 600 ден макс.
Каде на интернет да си порачам ранец кој би бил скаја/кожа? И од каде да најдам блуза на куси ракави убав не крут материјал Но со јака/крагња?
Види можеби бутик Ивери имаат убави ранчиња, мислам дека гледав неодамна имаа акција на фб. Исто и оној Штипскиот бутик The Brothers, така некако се викаше. Провери и таму.