^ Има доста скапи работи како маички обични памучни по 189 евра , ама исто така често се наидува на попуст, јас си земав патики оргинал најк за 30 евра, тренерки оргинал за 35 евра можеш да најдеш, додека кај нас тешко дека оргинал ќе најдеш за таа цена барем јас досега не сум налетала во мојот град
Сакам да прашам нешто во врска со факултетот..нели за запишување наредна година потребни се 30 кредита , доколку не се соберат се презапишува истата година како се вика она на квадрат е сега мене ме интересира доколку сум последна година од студии, и заклучно со последната сесија за таа година немам 30 кредита дали пак ќе треба да се запише годината? Со оглед на тоа што ми е последна и немам повеќе за студирање мислам не би требало..ама сепак да си прашам?
А на кој факултет си? Различни се правилата, не се секаде исти. Кај нас на филолошки вака беше. До јануари имаш право да ги собереш кредитите, ако не ги собереш пишуваш квадрат. На колешка ми две години по ред така и се случуваше, првата година ги собра кредитите ама плаќаше казна, а втората година повторно ги собра, ама казната беше укината, не се плаќаше.
Moже некој да ископира Јаhya Kemal тестови (неколку прашања)? Кај мене не се отвараат и кога ќе ги симнам се покажуваат некои јапонски букви. Ако има некој нека пише во ЛП. Благодарам однапред!
Девојки да не знаете како може да се блокира страница на интернет да можам само јас да ја отварам со пасворд ? Кога бевме кај едни пријатели видов дека може така да се направи но јас не знам како..Ако знаете пишете ми
Дали при правење на анализа на тело, во смисла проверка дали имаш масни наслаги, колкаво количество на мускулна маса имаш, масно ткиво и тие работи, дали при таква проверка земаат крв?
Ако мислиш на мерења кои ги прават во Хербалајф и други такви слични не, јас кога бев пред некоја година ми дадоа да држам еден апарат во раце и се ми измерија со тоа и масни наслаги и мускулна маса се.
Не, овие работи немаат врска со крвта, освен ако не сакаш да правиш целосна анализа, шеќер во крв, хемоглобин, еритроцити... Тоа тебе што те интересира се антропометрија и кардиореспираторен капацитет, т.е. излезните параметри: мускулна маса, коскена маса, BMI, релативно масно ткиво итн.
Неможев да ја најдам темата каде што се прашува каде да најдеш некоја тема па да си прашам тука. Каде е темата "Ритуали при вршење голема нужда" ?
^ Тука прашувај. za-forumot/kade-da-ja-najdam-temata-t9039/ Инаку еве ја темата. nasmevka/rituali-pri-izvrsuvanje-golema-nuzda-t6606/80.html
Ти помогнала Глоси, ама за следен пат кога ќе ти треба некоја тема, одиш во напредно пребарување и ја пишуваш темата или некој клучен збор и ти излегува. Пребарувач
Дали некоја од вас била да испитува крв во МАНУ...освен упат ми треба ли уште нешто и од каде се влегува...да не му упаднам на Камбовски у кабинет
Треба и плаво картонче и пари за партиципација кога ќе влезеш во дворот на Ману ( значи спроти судска) си вртиш лево и после десно и тука има една врата ( му доаѓа спроти судот) пишува на вратата, и ќе видиш луѓе излегуваат, влегуваат ако не ме сфати пиши ми ќе ти објаснам пак и поубаво
Целта на тоа е да поставиш прашање на кое другата личност одговара, притоа да не се дознае кој го поставува прашањето... Мене лично е ми се допаѓа тоа воопшто...