Може ли да вратам продукт во Анхоч што сеа го купив? Значи. Ги пробав слушалките ама квалитетот на звукот е полошо од гомно. Срамота е што 5000 фрлив на нив и сакам да ги вратам. Амбалажата, фискалната и се останато имам и не е оштетено. Ќе ми ги примат и вратат парите?
Не, нема да ти ги вратат назат парите ако ги вратиш слушалките. Совет од мене, друг пат види на сајтот на анхоч што ти се допаѓа прво, па за тој производ отвори да прочиташ рецензии, па после купи го, вака за џабе си дала пари.
Ама ги фалеа, прочитав рецензии. И човече воопшто не ми се свиѓа звукот, не ми се верува дека за овој продукт имаше толку добри рецензии. А зошто да не ми ги вратат? Ми кажаа може во рок од 2 недели..
За кратко време треба прв пат да патувам со авион и тоа сама и имам неколку прашања. Не ми е страв од самиот лет туку од целата процедура на аеродром и како ќе се снајдам, а и да не пропуштам нешто. Некој што има искуство да ми објасни што сѐ се прави откако ќе се стигне на аеродром и какви се процедурите. Исто така, имам само рачен багаж односно ранец и ме интересира дали може да имам на мене и fanny pack односно педерка за телефон, новчаник и слично. Може и во порака за да не на полниме безпотребно темата.
Кога ќе стигнеш на аеродром најпрво треба да се чекираш. На екран е истакнато за кој лет на кој шалтер треба. Ќе дадеш пасош и картата (или ќе покажеш резервација на телефон). Ќе ти отпечатат карта или ќе ти ја заверат истата. Бидејќи немаш багаж толку е постапката. За ранецот претпоставувам со виз ер ќе леташ. По правило ако си без багаж, можеш да имаш само едно парче мал багаж а тоа ти е ранецот. Може и да не ти речат ништо ама може и да ти кажат да го спакуваш помалото торбиче во ранец. Смееш јакна, новчаник, телефон во раце или џеб. Потоа одиш нагоре, кон пасошка контрола и безбедносна контрола. Самите патници ќе ги следиш, не можеш да утнеш. Пред ескалатор за нагоре ќе ти побараат да покажеш карта, горе може да одат само патници, не и придружба. Одма после екслаторот е пасошка. Ќе покажеш пасош, ќе те прашаат каде одиш и толку. Позади пасошка е security check. Се што носиш ќе ставиш на лента а ти поминуваш низ метал детектор. Ќе следиш, полицаец ќе ти каже кога да поминеш. Може да свири, ќе ти кажат да соблечеш кондури, ништо страшно. Може и ќе те претресот рачно, нормално е. Штом ќе ти дадат знак дека е ок, зимаш стварите од лента и се упатуваш накај гејт, си фаќаш место и чекаш лет. Истакнато е за кој лет на кој гејт се чека на екрани. Има што да се јаде и пие има веце. Само цените се ненормални. Ако носиш вода или било каква течност повеќе од 100мл со тебе, ја фрлаш пред security check или ќе ти ја земат. Кога ќе дојде авионот пред излез кон гејт ќе почнат да чекираат карти, ќе видиш сите ќе станат и ќе се наредат Мислам дека опфатив се
Дечки, има ли некој од тие поскапите соковници 15.000ден итн, дали се навистина подобри од тие поевтините по 2.000ден и сл.? Што е разликата?
Мислам дека се подобри поскапите. Не сум експерт на темата ама разликата е во моќноста на моторот, искористеност на овошјето/зеленчукот (колку сок вади), квалитет на материјалите од кои е изработен, колку е лесен/тежок за расклопување и чистење...
Каде во профилот на фемина можам да сменам пораки да не може да ми пишуваат? Ми здосади од м**ијаци секакви во приватна порака.. не сум на профилов за ширење познатства (ако читаат).
Хелоу дечки Сакам да се запишам на факултетот за германски јазик и книжевност на филолошки. Живеам во странство и сакам да се запишам вонредно. Има ли некој искуство? Колку кошта година? Благодарам однапред
https://forum.femina.mk/threads/Филолошки-факултет-Блаже-Конески.4014/page-64 https://forum.femina.mk/threads/Германски-јазик.8403/page-39 Прочепкај ги темиве, сигурно ќе се најде некој да те упати
Кој ски центар е најдобар Попова Шапка, Маврово, Крушево или Пониква? Пелистер? На кои има да се изнајмат скии? И цени ако знаете околу смештај и ски карта...