Kористам пребарувач librewolf вид на firefox каде што во самите опции можеш да забраниш секаков вид на реклами и следења, па дури и колачиња без да се попречи работата на страните што ги посетуваш. Мене до сега ми се нема пуштено ни една реклама воопшто на која било страна, а со тоа ни на youtube.
8 долари. Директно на YT плаќаш, плус имаш опција кога ќе го заклучиш телефонот, да не се изгаси видеото. Плус може во позадина да работи, т.е. видеото да ти е ко коцка доле десно и да си работиш друфо на телефонот. Јас иначе ја откажав претплатата, бидејќи поцеќе Тик Ток го користам отколку јутјуб. Ама ако седиш повеќе време на јутјуб, се исплати. На месечно ниво сами ти одземаат од картица, а можеш да ја откажеш претплатата кога сакаш.
Генерално ерата на бесплатен интернет и YouTube пополека завршува. Јутјуб работи со загуби, не генерира профит, а самото одржување на платформата бара многу финансии. Тешко во блиска иднина, или воопшто, да се појави силна конкуренција на јутјуб. Користење adblock екстензии го успоруваат YouTube и Chrome.