Извини пак јас. Дали со пријавувањето во завод ќе бидам автоматски и здравствено осигурана или има посебна процедура?
За здравствено осигурување ќе отидеш во Фондот за здравство со потребните документи, ќе пополниш еден прашалник дека немаш приходи и мислам дека уште истиот ден од поднесувањето на барањето се е готово, односно нема да има потреба повторно да доаѓаш.
Тоа значи дека не се поврзани пријавувањето во завод и здравственото? Можам само здравствено да се пријавам, или мора таму па таму?
@Rubiii, веќе неколку години не се поврзани. Порано закасниш ли да се пријавиш, те бришеа на година дена од завод (што и не е толку битно, не дека ќе ти најдат работа) ама и на година дена го губиш правото на здравственото осигурување па ти мисли му ја. Сега не мора да си пријавен во завод за да имаш осигурување ама јас би ти препорачала да си се пријавиш во секој случај зошто ако имаш шанса за државно вработување, може да те кочи тоа што не си пријавена како активен барач на работа. Лично знам пример каде тазе вработена професорка во средно, тешка вмроовка со јаки врски мораше да напушти зошто не била пријавена во завод како невработена.
Лани не беше поврзано - јас отидов само во ФЗОМ, со копија од здравствена книшка или картичката, ич не ми текнува, заокружив формулар дека немам приходи и тоа беше тоа - од следниот ден имав осигурување. После точно една година - значи оваа, проверив и видов дека немам осигурување, на страницата цел систем беше сменет, барањата и формуларите се различни и СИТЕ ми рекоа дека мора да си пријавен дека си невработен за да поднесеш за здравствено. Јас уште се немам пријавено, а немам ни здравствено. Ако дознаеш повеќе за ова, т.е. дека не е задолжително да си пријавен би била благодарна да ми споделиш, затоа што ни јас не сум пријавена
^^ Јас прашував пред некој ден и ми рекоа дека 4 год веќе не биле поврзани едни со други , за здраствено да се среди треба во ФЗОМ,она кај Даре Џамбаз и ќе имам осигурување
Девојки, каде можам да најдам квалитетен, долг, струкиран капут, по можност со боја на смарагд? Одамна не сум разгледувала капути бидејќи ниту еден модел не ми се допаѓа, а минатата година видов една девојка со прекрасен долг капут и си зацртав да најдам некој по мој вкус. Барав на Aliexpress, но или цените се ненормални за продукт со сомнителен квалитет или воопшто не ми се допаѓаат моделите, ниту има бои. Бојата што ми се допаѓа е како на сликиве, може и потемен :
@Olgitsa За прашањата за кои има теми, поставувајте ги таму, може и веќе ќе си го најдеш одговорот. http://forum.femina.mk/threads/Целулит.58/
Вакво нешто во Бершка имаш: http://www.bershka.com/mk/woman/wom...e-breasted-military-coat-c706521p6353009.html Во Зара имаш повеќе избор ама скапи се многу. Еве види си тука: http://www.zara.com/mk/en/woman/outerwear/view-all-c733882.html
Фала ти премногу! Воопшто не се сетив да разгледам на официјалните страни на овие брендови, капутот од Бершка е фантазија (ми течат лиги), ќе одам деновиве да видам како ќе ми стои и се надевам дека ќе се подновам