1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Орална кандидијаза

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од mal.ecka, 4 јануари 2011.

  1. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.256
    Допаѓања:
    124.739
    Се надевам дека нема ваква тема :D Пред неколку месеци ми се појави кандида на јазикот од преголема доза на антибиотици.Чувствував стегање во грлото како гнедла да имам.Пиев повејке од месец капки нистатин но нема никакво подобрување.Дали некој има вакво искуство и што му има помогнато?
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Кандидијаза во устата

    Па обично се користи Нистатинот, ама не да ги пиеш капките, туку да ги ставаш на заболените места или да ја плакнеш устата со растворот. Исто е и со дражеите Нистатин, треба да ти се растопат во устата, а не да ги голташ. Ако не помага Нистатинот, се препорачува Метронидазол во вид на гел или раствор - стоматологот ќе ти препорача што е подобро за тебе, и секако, испирање со Бетадин и слични препарати на база на јод. Освен тоа, можеш да си ја плакнеш устата со раствор на сода бикарбона, со чај од камилица или арника. Треба да обрнеш внимание на оралната хигиена, почесто да ги миеш забите и јазикот.
     
    На briko и mal.ecka им се допаѓа ова.
  3. jovance2001

    jovance2001 Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Кандидијаза на хранопровод

    Има ли некој искуство со кандидијаза на хранопровод. И што треба да се пие и која храна да се зема во тој случај.
     
  4. paleska3

    paleska3 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    3.156
    Здраво mal.ecka,

    Мене моментално ми се случува истото за кое што имаш пишувано тука, дали може да ми кажеш како успеа да ја излечиш кандидата на јазикот и како престана тоа чувтсво на гнедла во грлото?

    Однапред благодарам
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. skorpija091

    skorpija091 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    20
    Здρаво,имам κандида на јазиκот па да ме советувате κаκо да ја излечам,κаκо вие се спρавувате со овој пρоблем?Κаκви се тие κапκи нистатин κаκо се κоρистат и дали се земаат без ρецепт
     
  6. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    896
    Ги даваат без рецепт. Види по аптеките, некаде се поскапи некаде поефтини.
    Кога ги земаш од аптека треба да ти ги растворат.
    Околу 20 капки се земаат 2 пати дневно, после оброк.
    Доктор има речено, да се пие медицинска сода бикарбона и да се внесува поголеми количини јогурт и кисело млеко.
     
  7. skorpija091

    skorpija091 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    20
    Со нив се плаκни устата не се голтаат таκа?Κолκу им е цената многу се сκапи? @jok Ти ја излечи κандидата?Ти благодаρам на советите :)
     
  8. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    Mene mnogu nistatinot ne mi pomogna, okoly 140 den e, a poefikasno stavi od kapkite na jazikot i so gaza na prst trij go jazikot..jas i so soda bikarbona probuvav
     
  9. skorpija091

    skorpija091 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    20
    Уфф,а што е поефиκасно тебе што ти помогна?Κаκо ја κоρистиш содата?
     
  10. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    896
    Јас ја немам, блиска особа ја има. Еден период ја немаше, дифлуконазол капсулите и помогнаа. Но, пак и се врати
    Она капките ги голташе. После нивно пиење постојано, се жалеше на горчина во устата. Моментално ништо не пие.
    Често се јавува поради намален имунитет.
     
  11. skorpija091

    skorpija091 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    20
    Јас ќе пρобам со κапκите ќе видам κаκо ќе делуваат,инаκу ви благодаρам на советите.
     
  12. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    2.152
    Пол:
    Женски
    Во врска со темава, јас капките Нистатин ги пиев, така мислам дека требаше...На нив пишува по 20 капки 4 пати на ден...Некои други искуства да споделите?? Инаку постојано имам како некој шлајм со белузлава боја кој не знам од каде точно доаѓа-некогаш е на грлово присутен а некогаш како преку синусите да се слева. Јазикот не ми е многу бел. Некои совети и препораки за ова, Ве молам? (гледам одамна нема пишано на темава се надевам ќе види некој ;) )
     
  13. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    896
    @lavinija28 да пробаш со пиење на медицинска сода бикарбона и правење гаргара со неа.Сe продава во Зегин. И да внесуваш што повеќе кисело млеко и јогурт.
    Освен нистатин, се пие и дифлуконазол. Ама тој мора да го препорача специјалист по ОРЛ, матичниот доктор не може без специјалистичко мислење да го даде на рецепт.
     
    Последна измена: 12 мај 2017
    На lavinija28 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. еленагхс

    еленагхс Активен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2018
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    ијас сега го имам проблемов пиев нистатин и ништо како го реши ова??
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.532
    Допаѓања:
    7.422
    Пол:
    Женски
    Пробај со чај од залфија да правиш гаргара,сабајле и навечер.Исто и раствор со вода и содабикарбона,една чаша вода и пола лажиче сода бикарбона,исто гаргара:)
     
  16. еленагхс

    еленагхс Активен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2018
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    пробував со сода ама ништо ке пробам и со чајот секако ти благодарам. Иначе имам и уреаплазма ми најдоја на брис дали можи од бактеријата пошто несум ја лечела и од стрес да ми се појавило?