1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Организација на времето

Дискусија во 'Психологија' започната од Ema.Sk, 21 март 2016.

  1. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.311
    Допаѓања:
    4.758
    Колку често велите дека немате доволно време за да завршите некои работи или немате време да појдете некаде или да се видите со некого?
    Колку често ги слушате другите како се жалат дека немаат доволно време?
    Недоволното време е најчест изговор што го даваме кога не успеваме да завршиме некои работи.
    Сите ние имаме на располагање ист број на саати во текот на едно деноноќие -24 саати, меѓутоа ги користиме истите на различен начин.
    Некои од нас наоѓаат време да завршат повеќе работи во текот на денот.
    Разликата помеѓу оние луѓе кои постигнуваат повеќе во текот на денот и оние кои постигнуваат помалку, се состои во тоа што првите знаат ефективно да го организираат времето што им е на располагање.

    Па, феминки какви сте вие во тој поглед? Како го организирате вашето време?
    Дали правите неделен план на акција, работи/активности кои треба/сакате да ги завршите во текот на неделата или имате тенденција кон одложување на работите?

     
    На sugarlips и Deemy им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.036
    Пол:
    Женски
    Јас сум од тие пасивните кои реално имаат време но не го распоредуваат како што треба а си имам и тенденција повеќе да "одмарам" иако всушност не сум се заморила. Ми фали енергија, признавам.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Херкул

    Херкул Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.294
    Пол:
    Машки
    А можеби и по карактер си флегматик? Си правела таков тест? Си има тоа и предности и негативности, како и секој карактер.
     
  4. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.311
    Допаѓања:
    4.758
    @Херкул мислиш на темпераментот?

    Според Хипокрит нели, има четири видови темпераменти:

    • колеричен (холеа - жолчка), овие лица реагираат брзо, силно, со долго траење на емоциите, на лицето им се гледа што чувствуваат (екстравертно) основна емоција им е лутина и раздразливост. Поради својата екстравертна природа тие се добри организатори, амбициозни, често сакаат да се „главни" со што ги свртуваат другите против себе,
    • сангвиничен (сангвис - крв) реагираат брзо со слаби реакции кои траат кратко, екстравертно, основна емоција им е веселост и оптимизам. Активни се, се зафаќаат со многу активности, но не ги довршуваат, лесно воспоставуваат контакти со многу луѓе, но најчесто се површни,
    • меланхоличен (меланхоле - црна жолчка) реагираат многу бавно, но силно и долготрајно, на лицето не им се забележува што чувствуваат (интравертно), основна емоција им е тага и песимизам, настаните длабоко ги преживуваат, тешко воспоставуваат контакти, но кога ќе воспостават тие се вистински пријатели,
    • флегматичен (флегма - слуз) реагираат бавно со слаби реакции, кратко траење на емоциите, манифестацијата е интравертна и основната емоција им е рамнодушност. Овие лица делуваат спокојно и сталожено.

      Темпераментот и карактерот се разликуваат по тоа што темпераментот е вроден, а карактерот треба да се стекне.

      Инаку, јас се наоѓам во еден период од животот каде што треба да сменам некои концепти бидејќи се покажале како неефикасни.
      Истражувам, барам некои техники и совети затоа што повеќето стресни и фрустрирачки ситуации можат да се избегнат со ефективен план и организација на времето.
      Често правам список на работи ( To Do List ) што треба да ги завршам во денот, некогаш ќе го исполнам, некогаш не...
      Кога не сум фрустрирана многу е полесно да бидам креактивна и продуктивна.
      Сите ние, или барем јас имам одредени обврски кои не ми претставуваат посебно задоволство, но треба да ги исполнам. Истовремено и посакувам во текот на денот да ми остане повеќе време за да ги правам оние работи кои ми претставуваат задоволство. :D
      Некогаш постојаното размислување за незавршени работи ми црпи повеќе енергија и време отколку што е можеби потребно да вложам во работите што ги одложувам да ги завршам.

     
    На sugarlips и Херкул им се допаѓа ова.
  5. Херкул

    Херкул Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.294
    Пол:
    Машки
    Што помалку работи пишеш во TO DO листата, толку ќе биде помотивирана да ги исполниш. Затоа не претерувај и подели ги работите што треба да ги завршиш во следниве 4 категории на приоритет:

    1. Важни и итни (Ако имаш испит утре, секако дека тоа е приоритет )
    2. Важни, но не итни (спорт, дружење со пријателите)
    3. Неважни, но итни (гледаш да се отарасиш од нив за да се фокусираш на важните)
    4. Неважни и неитни (овде сигурно спаѓа форумов :D )

    Најмногу потфрламе во 2та категорија, затоа што си велиме има време има време.. се додека ни дојде јајцето под гзот и после или нема да ја завршиме работата или ќе ја направиме фушерајски, или пак ќе жртвуваме од сонот и одморот и сл. за да ја завршиме.
     
    На cresa-jagoda, okcenzi, sugarlips и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.036
    Пол:
    Женски
    Не ќе да е до карактерот бидејќи јас отсекогаш не сум ваква. Ова е, би рекла, само таков период.
     
    На sugarlips му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Многу точно (y)

    @Ema.Sk Па,мој совет,не ги ставај сите ситници на листата што мораш да ги завршиш.Напиши на пример,две три важни работи.Постави си краен рок за секоја обврска,дали треба да ја направиш наредниот ден,за една недела,еден месец...Најпрво стави ги најважните работи и гледај прво тоа да го завршиш :!: Запиши си колку време би ти требало да направиш нешто и така.Не си поставувај некои високи цели и премногу обврски :D
    :o:
    Од друга страна мислам дека не се организира времето баш добро со правење листи дека од каде да знам што ќе ми се случи наредниот ден па ќе ми остане некоја недовршена работа?:P Одложувам понекогаш,па кога се ближи рокот сум во паника :worried::worried::worried:
     
  8. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.219
    Пол:
    Женски
    Организацијата е гранка од економската област на науки, и не секој е роден да биде добар организатор. Но, со тек на времето се се учи. Некој и да не е толку многу талентиран, со труд ќе успее можеби и повеќе од некој надарен што не се труди. Организација на време или програмирање на човек :D
    Јас моето време си го организирам, првенствено од се, од голема полза ми е работата т.е. што одам на работа. Едно си знаеш, стануваш наутро, се будиш, го пиеш сабајлешното кафе и тргнуваш на работа. Работиш, завршува работното време, се качуваш во автобусот и те остава во близина на местото кај што живееш. Слегуваш од автобусот, си доаѓаш дома , јадеш, па се фаќаш за било какви активности, спиење на пример :D Но, и не мора да значи. Фактички се одмараш со било каква активност што не е од твој домен(она што го работиш за пари).
    Со добра организација и плански распоредено време полесни се дејствува, а и минува време :)
     
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Јас "to do" листа пишувам само кога треба да завршам некоја битна работа што не смеам да ја заборавам, па си лепам потсетник на компјутер. За се' друго си правам "mental notes" :) Мислам дека сум прилично организирана, не само кога е времето во прашање, туку и за се' останато. Мразам безделничење и напразно губење време, жалосно е така да ми отиде денот. Уште кога некој ќе ми рече: Леле колку ми е досадно... Јас не се сеќавам кога последен пат ми било досадно.
     
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.420
    Пол:
    Женски
    Порано правев to do, ама на крајот на денот бев многу изнемоштена зошто така си давав повеќе одколку што можам да исполнам па не помина добро. Сега без некој план, некако успевам. Уствари јас планирам до детал, затоа не знаев како точно да се изразам. Па ако нешто треба да завршам во Понеделник, јас подеднакво ќе го поделам за да го завршам во добро време, поделено меѓу сите денови ако е нешто големо или во помалку делови ако е помало и обавезно оставам малку време за себе, па камоли и тоа време да го искористам лежејќи и гледајќи во таванот.
    Ако имам повеќе побврски во краток период тогаш правам to do зошто така се мотивирам побрзо да направам тоа што треба (тоа што е малку побрзо, значи дека немам големи паузи и планирам во мал рок на време, ама не значи дека не е квалитетно, на пример).