1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Организирање на протест против сиромаштијата!

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Offspring, 23 декември 2010.

?

Дали би присуствувале на протест против сиромаштијата?

  1. Да, само така можеме да го искажеме револтот.

    63 глас(а)
    39,4%
  2. Не постои сиромаштија во Македонија.

    6 глас(а)
    3,8%
  3. Можеби би присуствувал/а ако добро се организира.

    35 глас(а)
    21,9%
  4. Никогаш нема да успееме да се собереме.

    56 глас(а)
    35,0%
  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Насловот на темата доволно кажува. Сите сме сведоци за моменталната ситуација во државава, покачувањето на горивата, на струјата, на прехрамбените продукти...

    Дали не прават будали во здрав мозок? Од чии пари се полни буџетот преку безбројните закони и даноци? Зошто буџетот и покрај ова останува празен?

    Каде одат тие пари? Дали би кажале стоп на ова, доколку се организира масовен протест против продлабочување на сиромаштијата во државава? Дали мислите дека на овој начин би го искажале револтот и би оставиле некој белег? Дали мислите дека ако кажеме СТОП, нешто ќе се промени во државава?

    Очекувам темава да биде доста посетена и имајте ја на ум идејата за протест. Инспирација за темава ми е тема од друг форум каде што читам, нешто слично се зборува и таму. И предлагам да биде поставена како Важна тема. Исто очекувам да се води сериозна дискусија, без партиски препукувања!
     
    На silvice му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Организирање на протест против продлабочување на сиромаштија

    Откако паметам за себе, состојбата во Македонија е бедна и првата реченица врежана во мозокот ми е - Нема сине сега, почекај до први, од плата. |(
    Од дете го слушам тоа до ден-денешен.

    Нејсе, ситуацијата не е повеќе бедна.
    Сега е КАТАСТРОФАЛНА.

    Ќе тргнам прво од овој факт, живеам во Скопје и работам на ул. Македонија, постојано кафичите се полни и секојдневно сите влечат ќеси од Манго и Спрингфилд, сеедно; дотерани, нашминкани, не можеш такси да начекаш некогаш празно, кафеани полни, редови пред банкомат...
    И ми велат - и луѓето немале пари? Е како немаат, а ова што е?

    За сите кои не се доволно упатени, да речеме дека Скопје има некаде околу 700 000 жители.
    Има и повеќе, ама еве нека се толку.
    Од тие, само 10 % се богаташи.
    Ама буквално сурово богати луѓе, со лични шофери и слугинки по дома, куќи од по 600 и повеќе квадрати со базени и чуда, летувања во Ница, скијања на Копаоник.

    10% од 700 000 = 70 000.

    Тоа е како 7 мали градчиња на истокот од по 10 000 луѓе, сите да се до еден богаташи невидени.
    Значи тоа е тој БОГАТ народ.
    И толку се.

    Остатокот во Скопје исто како и по малите градови гние.
    Трпи за леб и кога велам леб, не употребувам метафора, ниту симболика.

    Секој ден на масата има леб, поголем дел од времето месен, грав, леќа или некоја манџичка без месо.
    Едни исти чорапи се крпат по 10 пати, истата облека од пред неколку сезони, нема мода и нема занесување и луксуз, постои вистинска борба против сиромаштија.

    Убава идеја за протест.
    Помалку наивна и визионерска.
    Нашиот народ е продадена душа.
    Ако се најават пример 100 луѓе и на 20 им понудат од партијата некое евро да не се појават на протест - 80 нема да дојдат.
    Тие другите ќе чекаат и ним да им се понуди некоја трошка.
    Не можам да кажам дека го обвинувам сосем, немаат излез.
    Од мака е сето тоа.

    Животот е суров, беден и недостоен.
    Би сакала да излезам на протест, но мислам дека никогаш не би се собрале.
    Да сме некој сложен народ и да им ја пресудиме истата судбина на нашите "спасители" |( како граѓаните во Романија на Чаушеску, па да видиме кој е кој.
    Се' дотогаш, некој ќе печали од трудот на обичниот граѓанин.
    Од неговиот данок, превисоките казни, мизерно ниските плати и безмилосна експлоатација на трудот.

    Не ја паметам само таа реченица - чекај до плата од мала.
    Откако знам за себе, едни исти луѓе се топлат во фотељите во Парламентот - Андов, Гошев, Ѕинго, на времето Љубчо, Бране, Шеќерка, Бучко и компанија.
    Понекогаш мислам дека меѓу нив си имаат некој договор, само се препукуваат пред народот, играат циркуска претстава и ја потпалуваат оваа проста маса, која ќе се испотепа за партијата и миленикот, а тие во позадина си трошат туѓи државни пари, се смеат, си пукаат сеир и едноставно живеат, додека остатокот гние и паѓа во депресија.
     
    На zhap4e, Shana, silvice и 7 други им се допаѓа ова.
  3. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Организирање на протест против продлабочување на сиромаштија

    Една третина од вкупното население во нашата Република се соочува со сиромаштијата (според последната направена статистика). Од вкупното население во нашата држава 30% немаат никакви финансиски примања, што следува дека сиромаштијата завзема голем замав во денешно време.

    Во таквите семејства, во семејства кои секојдневно се соочуваат со овој проблем, државата демек им обезбедува некој вид на помош ,,социјална помош,, од минимален надоместок со кој не можат да си дозволат да егзистираат во опшетството.

    Степенот на сиромаштија се води од повеќе факти, како прво тука е ниската стапка на вработеност, ниската стапка на образовани лица, Ромите се најчесто спомнувани во оваа категорија....

    И стварно ми е ептен клише да го слушам тоа ,, Ееее да беа овие на власт. Ееее да беа оние на власт,,.
    Значи сите биле на власт, сме виделе како и на кој начин функционираат, и мисламд ека најубаво е и како што кажа Офи во оваа тема да не ја мешаме ниту власта, ниту партиите.
     
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Организирање на протест против продлабочување на сиромаштија

    Значи само 30% се оние без никаква финансиска поткрепа, а каде се оние што земаат минимална плата со која едвај крпат месец, покрај огромните сметки за струја, пошто нели покачена е (или ќе се покачи, не ме држете за збор), покрај останатите даноци? Да речам отприлика и тие да се околу 40-50%.

    Во Македонија повеќе не постои средна класа. Постојат сиромашни луѓе и постојат дебели богаташишта, кои заработуваат на грбот на сиромашните. Реалноста е таа, дека овој народ е продаден, ќе се продаде за една канта сирење... Но дали ВИЕ би излегле на масовен протест против сиромаштијата кој нема да биде предводен од ниту една политичка партија. Протест на кој ќе нема парола од типот на "Доле влада" или "Врати се Бранко", туку ќе има пароли од типот "одете си крвопијци, сите до еден", без разлика од која политичка партија. Ако се организира ваков протест, власта ќе го жигоса како сдсмовски, затоа мислам дека не смее да се дозволи ниту еден политички транспарент.

    Мислам дека е редно веќе да го кренеме гласот, да престанеме да живееме кучешки и да седиме со скрстени раце чекајќи нешто да се промени. Нема така да се промени. Време е да се испроба секој можен начин за да се спречи ова што се случува.
     
    На shiningstar и LivingGlam им се допаѓа ова.
  5. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.475
    За жал, јас мислам дека тешко би се остварил овој предлог за протест, треба многу добра организација, некој да го поттикне народот за да се собере, затоа што сами никогаш не преземаме иницијатива.
    Ние сме таков мирен народ што и кога ни е лоша ситуацијата, ние и тогаш молчиме и не се бунтуваме против лошото.

    На пример Грците се сосема спротивни од нас. Тие се креваат на штрајк и на бунт за се едно нешто.
    Не поминува месец, а да не слушнеме на вести дека штрајкуваат против намалени плати, недобри услови за живеење, против некоја одлука на владата и слично..
    Секогаш масовно го искажуваат нивното незадоволство.

    Истото се случи и во Франција сега пред некој месец кога народот штрајкуваше против законот за пензионирање, што на пример кај нас да се донесе некој закон од кој ќе бидеме загрозени, ние ни тогаш нема да успееме да организираме масовен штрајк, затоа што сите се тргаат настрана, никој не сака да учествува во некое движење и после да биде забележан и ставен на пик.

    Во Италија и Англија сега протестираа студентите заради влошените услови и покачените партиципации, а кај нас е далеку далеку полоша состојбата во образованието но сите затвораат очи, никој нема храброст да се спротистави.

    Сакам да кажам дека кај нас нема капацитет за да се организираат луѓето на масовен протест, нема храброст, нема волја, нема организираност и постои страв од тоа гласно да го искажеш незадоволството.

    Ако се организира протест во Скопје, кој ќе се дигне од другите градови за да отиде во Ск и да придонесе со своето учество во протестот?

    Гледајќи ја реалната ситуација кај нас, мислам дека и да се случи протестот, нема да придонесе нешто значително во борбата против сиромаштијата.
    3-4 дена после тоа, ќе зборуваат за протестот на вести и толку, ништо повеќе од тоа.
    Сигурно државата нема веднаш после протестот да отвори нови работни места за невработените и да им прати финансиска помош на оние на кои им е потребна.
     
    На TennisBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    Основен проблем во нашата држава е тоа што во однос на проблемите со кои се соочуваме, имаме многу мал број на протести. Во нормалните држави протестираат веднаш штом ќе им ги покачат давачките и тоа е добро, тоа покажува дека постои демократија и дека во таа држава власта не може да прави баш што сака. А кај нас ги покачија цените на основнте прехрамбени продукти, народот молчи. Ги зголемија даноците и казните, пак молк. Еве сега и струјата ќе поскапи, за жал пак штама. Да не гледа некој одстрана ќе посмисли дека се ни е наредено и подредено како треба. Причината што народот иако има милион причини за протест, а сепак не протестира е стравот кој постои кај луѓето и кој е оправдан секако. Еве да ги земеме како пример стечајците кои протестираа пред влада и пред собрание. Тоа беше жалосно, непренасочен сообраќај, гневни граѓани кои сакаат кои сакаа да ги прегазат стечајците, казни за стечајците зошто немале редари и слични работи. Протестите се мерило за демократијата во едно општество, па проценете колку демократија има кај нас.
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  7. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.475
    Кога во некоја држава ќе ја снема средната класа, а ќе преовладуваат ниската и висока класа на луѓе, тогаш тоа е алармантен показател дека во земјата владее сиромаштија, затоа што сепак во случајов со Македонија преовладува ниската, односно сиромашна класа на население.

    Нема ништо поубаво од златна средина, кога во земјата преовладува средната класа која има услови за удобен и пристоен живот, ама за жал Мк не спаѓа во тие групи на држави.
     
  8. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Буџетот се полни од наш џеб и тоа е во ред, така и мора да функционира државата! Граѓаните ја финансираат за таа да им пружи подобар или во случајов каков таков живот.

    За жал, нашиот буџет, односно нашите мизерни плати одат по ѓаволите! Дали биле едниве и си ставале во џеб, дали биле другиве и мачкале очи со кампањи и масовно градење (а, притоа не утепале од крадење), апсолутно е сеедно и едните и другите се сместуваат во фотељите со само една и единствена цел, да лапаат парички!

    Не дека во другиве држави цвета и дека таму ниедна Влада не краде (далеко било од памети), ама бар знаат како да украдат и граѓаните пак да имаат да си приуштат еден нормален живот!

    Протест...

    Не знам баш дали ова е паметна солуција (во смисла да се организира), затоа што нашето македонче, си е мирољубиво бре, не се буни! Македончето си седи дома и пред телевизор пцуе се можно, ама не дај Боже да му се пружи шанса само нешто да промени во државата, односно да се заземе за себе си и децата и да излезе на општонароден протест, за да каже ВАКА ВЕЌЕ НЕ МОЖЕ! Ма, нема шанси...

    Ќе седи и 5 дена ќе јаде леќа и ќе пцуе, ама не излага бре, затоа што му капнува некоја платичка (која патем е жива мизерија од неколку илјади денарчиња), ама си вика, бар си живуркам ако ништо друго! Башка, ако ме види некој, одма ќе летам од работа! Партиски војничиња секаде поставени спремни да рапортираат после кај шефовите и во оваа недемократска државичка, нормално дека уште следниот ден ќе летам од работа!

    А, што направил? Излегол на протест и кажал дека не сака повеќе да живее како куче!

    Така да мое мислење е дека овој протест во оваа држава нема шанси да успее, од проста причина што ако излезеш на протест си со опозиција и тогаш од страна на Владата ќе бидеш веднаш обоен и ќе почнат уште утредента да те шиканираат!

    Сиромаштија, беда и недемократија - Welcome to Macedonia!
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  9. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Денес да слушнеш дека некој е отиден на годишен одмор или викенд, дека си купил кола или стан се смета за страшен луксуз и асоцира на огромно богатство. Е на тоа ниво и стандард сме дошле. Кај и да е, луксуз ќе стане и да работиш па дури и за минимална плата. Што повеќе да се каже?

    Како и да е, идејата за ваков протест е убава, но како прво тешко да се оставри не сме ние таков народ, а и да се оствари, демек некој ќе не слуша и нешто ќе направи. Со месеци гладуваа пред Собрание, па никому ништо, поминуваа покрај нив со нови службени коли и не ги ни погледнуваа. Така што, работава е или снајди се како знае и умееш или ќе потонеш.
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Постои страв, затоа што немаме никаква демократија во ова наше скапано општество. Ама народот бира, народот симнува! Само, кој народ? Да бевме некои посложни и да не си извадевме меѓусебно очи ради вмро и сдсм ситуацијава немаше да биде дојдена до ова дереџе. Ниту вмро ниту сдсм не се поважни од сопствената ни демократија. Ама заслепен народ, ако му речат од партија јади гомна за сдсм јавно по форуми, блогови, фејсбуци етц, ќе јаде што да прави, пари му даваат за тоа. А тоа е многу погрешно. Да не постоеше тоа, да не постоеја партиски вработувања, туку да постоеше гласот на народот единствено, немаше да биде овака како што е.
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.747
    Допаѓања:
    65.194
    Пол:
    Женски
    Треба да се закаже некој спектакуларен концерт и да се наполни со народ, а потоа да се каже Еј луѓе, ова протест е :!:
    Никогаш нема толку народ да се збере на протест колку на бесплатнине концерти на плоштад. Ќе дојдат два тројца и толку е. Таков народ сме ние. Се сложувам кој рече погоре, продаден. Затоа државава нигде нема да мрдне. Полека ќе тоне и ќе пропаѓа, а и ние со неа.
    Средната класа стана сиромашна, а по некое време ќе биде дотерана до питачки стап. Може тогаш ќе се опаметиме.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    Ма не е толку дека народот не може да се организира или дека не се сложни луѓето. Проблемот е што народот е врзан во крпче и несмее да мрдне. Нека отидат да штрајкуваат оние што се вработени со договор и нека бараат да им дадат решенија за работа, знаете што ќе ги снајде? Ќе си останат и без тоа што го имаат, ќе ги избркаат од работа и толку.
     
  13. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Гласот на народот постои...единствено како наслов на една емисија што ја водеше оној Томиќ или како и да беше |( За оние кои барем ѕирнале некој дел од емисијата,јасно им е дека суштински е по теркот на гласоговрникот Бурекојадачот,т.е. исполитизирана ко загреан Вмровец пред митинг.

    Ај да не забегувам вАн темава,ќе речам дека желба за промени има,ама воља -јок.Парадоксално е знам,ама вистиното. :nod:

    Комшиките на кафе-пијанските сесии: Абе ќути каква Н.Год,какви бакрачи,се нема пари,дома ќе седиме.
    Пензионерите во Зегин: Ајдуци едни,како го има на приФатно,на рецепт ги нема,па пола пензија за лекови ја давам.

    Стечајците пред телевизор: Ах стопанката ваша,30 год `рмбав како вол,за да останам на улица,да мизерувам за корка леб.

    Дечко и девојка (некаде во јуни):Мене сонце ми е битно да сум со тебе,нема врска што и оваа година нема да одиме никаде на одмор,битно е да се сакаме. А во себе чурејќи вреска некое скриено гласче :Епа аман веќе завршив факултет,нема работа, да неможам ко човек еден одмор да истерам, :@

    Ова се секојдневни прикаски кои го отсликуваат секојдневието на ова напатено парче земјичка што ја имаме.СИРОМАШТИЈА ИМА И ЌЕ ИМА!Ама кога ќе дојде некоја иницијатива во стилот на протест кој нема да биде под ничија партиска книшка,тогаш од икс причини истите тие горенаведени особи остануваат неми.Дали е страв,дали е неупатеност,дали е безнадежно верување дека сепак има шанса на следните избори да се сменат нештата јас стварно не знам,ама дека вољата се губи,се губи.
    Замислата е убава,сепак тоа е еден показател дека нешто е труло во државата Македонска,ама изгледа поарно ни е да кукаме.Абе не за џабе викаат пусто турско,таа мазохистичка навика не ја искоренуваме така лесно.Нека.ќе чекаме 5 века и сега,е и тогаш ако не ја бива организираме протест и тоа каков ќе бидееее ауф!
     
    На sesilija, LivingGlam и Offspring им се допаѓа ова.
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Добра идеја, само реализацијата на вакво нешто е многу тешка...
    Колку граѓани не се задоволни од ситуацијата? -Речиси сите.
    Само... колку од нив ќе излезат на неполитички протест? Не доволно, а и да излезат, сепак ќе се исполитизира. Опозицијата ќе го поддржи и ќе го искористи како кампања и готово.
    Колку граѓани можат да речат за себе дека не поддржуваат апсолутно ниедна партија? Можда некои 5-10%... за жал дотолку ни е исполитизирана државата и затоа не можат да се организираат протести како во Франција, кои целосно ќе го блокираат системот.
    За жал нашиот народ се надева на подобро гледајќи опција само во политиката, а меѓу себе луѓето се караат и никако да се обединат.
    Кај нас добро се организираат само политички протести, со автобуси од цела држава :puke: . За ваков протест кој ќе даде пари за да се соберат луѓе од сите градови? Сами не би дошле - немаат пари, тоа е.
    Да не ме сфатите погрешно - дефинитивно би излегла на ваков протест, само кој ќе го организира како што треба? Невладина организација? Не може - сите се во ваква или онаква врска со некоја политичка партија. Здружение на граѓани? Ќе се испокараат и ќе запустат се...
    А да најдеме некое решение ние на форумов, да се собереме да направиме транспаренти (неполитички) и да направиме протест? :)

    И за крај - да речеме дека се организирал најјакиот протест ever и го менуваме системот. Крвопијците паѓаат. Што потоа? Кој, како и каде потоа?
     
  15. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Протестот:
    -ќе биде под покровителство на СДСМ
    -повод Бранко да му речи на Грујо "големи ти се ушите"(како зајакот на магарето)
    -Велија ТВ пристрасно ќе го пренесува протестот, обвинувајќи ја ДРЖАВАТА за кризата во Македонија.
    -Албанците ќе бараат да им се реши еднаш за секогаш прашањето за формирање голема Албанија, дека нели малку им е двојазичност,малку се признаени и малку учествуваат во политичките партии.
    -Земјоделците испрани од Велија ќе ја мразат државава и ќе прокламираат квази патриотизам, ќе плукаат по земјата, ќе си ги палат поседите, а не се свесни кои бенифиции ги поседуваат само да знаат подобро да инвестираат.
    -Сиромашните ќе останат дома зошто ќе немаат пари како да го преживеат тој ден,а не да протестираат

    и за крај

    -Грујо ќе продолжи да го гради неговиот Transformer City
    -мафијата ќе продолжи да го кради народот
    -инспекторите ќе мижат пред казните на роднините и пријателите


    заклучок
    нема начин да се реши сиромаштијата
    како селска курва е
    никој не ја сака, а секогаш ти зема пари за лошиот секс


    ем волкот сит-ем офците изедени
     
    На faye, Kika30, irenna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    *в , извини , ми падна во очи :)
    Како и се друго ќе се исполитизира и пак ќе се тера по старо. Но доколку се организира јас би присуствувала.
     
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Со вакви гадови и насилници на власт,ни народ ни држава ќе има како треба!А сиромаштијата ќе царува!Убаво кажа една пријателка на мајка ми...многу ми е криво и разочарувачко што денес ѓубрето исплива на површина,а златото тоне на дното. :x
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Добра идеја, тешка реализација.
    Ма да и да се реализира јас мислам дека пак би било џабе... што би направиле би дремеле пред влада или собрание, ќе маваме со јајца ќе влеземе внатре ќе убиеме некој или ќе натемапе... и што потоа.
    Абе кога ќе дојдат на власт никој не ги симнува, си се чуваат, никој неможе да допре до нив.
    А зашто се чудиме ние сме само 2 милиона, добро ајде милион да не бориме деца и малолетници, а Франција колку се?
    Тука кај нас секој со секого се знае, ќе те видат на телевизија ќе си го окркаш после. Несмееме да мрднеме ни да се побунибе тоа е!
    Повеќето се со испрани мозочиња ама како да не ги сфатиш кога им фрлаат по некој денар од партија.
    Да нека ми дадат и мене и јас ќе се глупирам на протести и ќе лепам плакати. Сериозно!
    Само тоа ни остана, протестот за сиромаштијата ќе испадне too good to be true!
    Секако дека би присуствувала кога би се организирало вакво нешто.
     
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира кој ја одбрал горе опцијата "Не постои сиромаштија во Македонија" и дали е сериозен. :?
     
    На faye му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Или Валерин или Beached. За нив е дури и Латас професионален, тек па за сиромаштијата да не збориме. Ма какви бре, ние сме Швајцарија :muscle:
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.