1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Организирање на протест против сиромаштијата!

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Offspring, 23 декември 2010.

?

Дали би присуствувале на протест против сиромаштијата?

  1. Да, само така можеме да го искажеме револтот.

    63 глас(а)
    39,4%
  2. Не постои сиромаштија во Македонија.

    6 глас(а)
    3,8%
  3. Можеби би присуствувал/а ако добро се организира.

    35 глас(а)
    21,9%
  4. Никогаш нема да успееме да се собереме.

    56 глас(а)
    35,0%
  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Да ви кажам дека денес имав чест да дремам пред новото веро 5 саати на промоција и се што видов беа полнииии колички, не една туку по 2, хмммм, ова пред неовогодишно нешто или стварно е така?
    Немата претстава колку луѓе имаше само таму, а пак замислете во 100 вакви маркети...
    Сиромаштија што да праиш....
    Или си апла сиромашен или си богат, трето нема!
    Сакам да кажам дека се што влезе и излезе денес од таму си имаше дебел кеш во паричникот.
    Ретко кој видов да донира за дечињата, а помошта не беше парична туку со производи играчки итн... излегуваа со по 2-3 количи а ни едни смоки неможе да остават така?
    Е на тие таквите им е гајле за сиромаштијата и никогаш нема да преземат нешто за да помогнат или да се смени нешто, појдувам од тоа што гледам дека ни едни смоки не фрлија за дечињата а не пак да треба нешто повеќе!
    Протест тешко да помогне, туку може да влеземе во буџетот (доколку беше онаков сеф ко к-15 што правеа скеч) и да поделиме пари за сиромашните!
    Уствари чекај бе :!: немора тоа, доволно е да им се помогне да најдат некаква работа!
     
    На baguf4e, Ashling и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  2. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.080
    Допаѓања:
    6.747
    Пол:
    Женски
    ^^^
    Потполно се согласувам...Последен пат кога бев во Скопје влегов во Веро,поточно во Џамбо да видам што и како има и кога ќе видам луѓето по две колички со играчки полни туркаат па и уште ставаат ли ставаат.
    Сиромаштија владее,аха...А сите имаат голем џеб особено за играчки.
     
  3. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Mила Offspring..шо се однесуват на Латас..поставив прашање кој е поспремен,а ти го тупеше истото та истото.
    А шо се однесуват до сирмаштијава,не гласав јас. Сиромаштија постојт..никој то немојт да го побијат,ама чекајте бе луѓе малку..во период на светска криза..кога економските веле-сили се на маргините на сиромаштијата,шо очекувате од Македонија ? Индустриски неразвиена земја очекувате да имат полн буџет со пари..епа неможит..ни Грује,ни Бранко ни никој неможит да не избавит од ситуацијава,бар не сега.
    А друго..кај е та сиромаштија бре? Искрно,само мал дел од населениево се ептен загрозени случаи..не се сите како шо се претставувет. Сите кукет,немаме пари..немаме пари,немаме пари..а истите ги гледаш растрчани по бутици,по фризери,по козметичари..по маркети..ево пример за Нова година..ептен се ретки тие шо немат да славет подновени пицнати Нова година ради финански проблеми.
    А наместо да кукет..зш да не почнет нешто да работет? Е да искомплексирани се..никој не сакат да бидит сеа келнер,таксист,чистач..то е нашето ограничено општество.
    Муабетот е..имат сиромаштија,тешко е..ама можит да се надминит,можда немат сите да возет мерцедеси и да се облеквет во Манго,Спрингфилд..ама имат за сите.
     
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Сериозна си?
    Само мал дел од населението биле сиромашни???
    Ај те молам немој вакви глупости да пишуваш да не ја заклучат и оваа тема ко претходната ок?
    Ај биди умна.
     
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Офф топик малку, Бичед, те молам пишувај литературно оти се иступив додека те разбрав. Не има од сите градови, ама се трудиме да бидеме што е можно по литературни :)

    А што се однесува до сиромаштијата, несакам да изгледа како да сум ко слеп за стап, ама ако беше толку голема криза, Скопје 2014 можеше да почека. Ако толку се имало пари во буџетот за да се изгради бесмислието од проект, подобро тие пари да се инвестираа и барем малку индустриски да зајакневме. Еве на пример ќе го земам мојот град Велес. Порано беше индустриски развиен град, а денес сите тие што работеа по тие фабрики се или таксисти или шетаат со рацете на појас, а во градот владее невидена сиромаштија. Кој е од Велес на форумов може да го потврди истото... Зошто не се рестартираа фабриките на пример наместо да се градеа глупостите за кои не е ни време ни место?! Сега некој ќе се избаци и ќе рече, Бранко ги затвори фабриките... Ако ги затвори Бранко и ако е Груевски поарен од него, можеше да ги рестартира, да вложеше паметно а не да гради глупости. Тоа е еден голем минус, огромен минус... Затоа сум крајно разочарана, затоа што од еден од нај развиените градови каде ретко кој не беше вработен сега владее невидена сиромаштија...
     
    На GeorGinnA му/ѝ се допаѓа ова.
  6. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    никогаш не би присуствувала на ваков протест,малку ми е фикс идеја сето ова, се што е поврзано со политика и работи кои зависат од неа ми се гади.

    факт е дека во македонија има 30 % невработени , можеби од нив работат непријавени и на црно и затоа е бројката толку висока. сиромаштијата ја имам осето на своја кожа до степен каде што татко ми одеше да позајми пари за леб и не им го посакувам истото ни на најголемиот душман ...

    НО

    како што спомнавте сите секаде се е полно се купува, се излегува итн А и цело време има огласи за работа. има голем број на луѓе кои што не се спремни да работат било што за парче леб а го немаат доволното образование за она што се бара (мислам за покултурна работа) . нашиве не сакаат да науччат и да бидат во чекор со времето. без компјутер и јазик никој не те вработува. ПРИМЕР мајка ми е невработена има 47 години а се понаша како 80 да е и јас и велам во лице дека нема сама доволна желба за работа. татко и на другарка кој има над 80 години патува секоја недела и работи како финансиски советник. како тој може?

    мислам дека протест нема ништо да ни донесе треба самите да имаме во свеста дека ништо не доѓа сервирано и дека треба да се бориме, ниеден живот не е совршен
     
  7. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    Стварно не разбирам, дали сакате да не убедите дека во Македонија нема сиромаштија или што?
    Значи стварно не можам да се изначудам. Па добро бе луѓе вие заслепени ли сте или што е проблемот? Па знаеме сите каков е стандардот во Македонија, знаеме колкав е процентот на сиромаштијата. Но како и да е, не сакам веќе да се расправам на темата политика, дигнав раце, зошто многу феминки при очи слепи се прават, или како што напиша Офи изгледа по штабовите им даваат розови очила, па затоа се розово им се гледа.
    Немало сиромаштија, имало демократија, немало невработеност, луѓето имале пари па изнесувале цели колички од Џамбо, биле дебели од прејадување.... Е на ваков народ да ви кажам право малку му е и ова што го снајде. Излезете и кажете им на стечајците дека нема сиромаштија, или на тутунарите, на оние што секојдневно преживуваат со социјална помош, па после пишувајте по форуми.
     
    На faye, Trendafilka, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Вчера се виде дека владее економска криза . Барем во Скопје . Мхм , да .
    Кој видел и бил вчера низ град , знае ;)
     
    На christina му/ѝ се допаѓа ова.
  9. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.131
    Допаѓања:
    88.389
    Пол:
    Женски
    Сум за ваков протест. Само сакам на тие што мислат дека нема сиромаштија да и кажам да прошетаат малку низ селата да видат што е сиромаштија или на пазар на -10 степини како луѓето мрзнат. Ги дадов пример земјоделците не дека во град нема сиромаси. Некој спомна 30 % се сиромашни, очигледно носи розеви очила или има премногу пари за да забележи што е сиромаштија. Има луѓе што месец поминуваат со илјада денари кои ги примаат од Социјално и тоа кога ќе им ги пратат, кога не. Сиромаштија има премногу, но има и такви кои имаат премногу пари, па од нив другите не можат да се забележат.
     
  10. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    Најсилната карта на оваа власт(ја напишав повеќепати, ама очигледно морам пак)- ЗА СВОЈОТ НЕУСПЕХ СЕКОГАШ ОБВИНУВАЈ ГИ ДРУГИТЕ. Па така на оваа власт крив и е Бранко, крива е и економската криза, крива е Европа, крива е Грција, крив е Фуере, ма сите се криви само Груевски е чист ко солза. Он за ништо не е крив, а ја има апсолутната власт во државата.

    Никој не можел да не избави, како па да не. Може и тоа како, ама не сакаат. Поубаво им е вака, ќе си ги наполнат џебовите и ќе ја збришат. А ако стварно не можат да не избават од оваа ситуација, нека си ги спакуваат куферите и чао пријатно. Не ги избра народот да се сликаат пред секое игралиште, ги избра за да му овозможат подобар животен стандард, економска развиеност, вработување и сл. Впрочем, тие тоа и го ветуваа во предизборната кампања - ЕКОНОМСКИ БУМ, ВРАБОТЕН ПО ЕДЕН МИНИМУМ ОД СЕКОЕ СЕМЕЈСТВО И СЛ.
    И пак ќе напишам, не се трудете да најдете оправдување за нешто што не може да се оправда!
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.328
    Пол:
    Женски
    Нормално дека кога одите на купување ќе сретнете луѓе со полни кеси, зашто тие што немаат си седат дома. Има, има луѓе што полнат кеси, ама тоа не значи дека нема сиромашни. И тој што нема во ова време од годината ќе го даде последното за да ги израдува блиските. Еве баш сега правиме муабет со мајка ми, дека ако пушти вујко ми пари за НГ ќе можам да си купам нешто. Истиот вујко кој ме издржуваше на факултет и кој ни праќа пари за да можеме да врземе крај со крај.
    Другиот дел од постот решив да го забришам (малце избрзав а обично личните проблеми си ги чувам за лични па да не ве замарам со нив) :) .


    Он топик: Еве баш од дискусијава сум сигурна дека никогаш не би успеале да реализираме ваков протест. Секогаш ќе се најде некој што ќе те убедува дека не си способен и затоа немаш.
     
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Who the f*ck гласал дека нема сиромаштија во Македонија?
     
    На faye и wolf4e им се допаѓа ова.
  13. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Морав да ја цитирам Трендафилка за мало објаснување на постовите погоре во врска со преполните колички од Веро, кои ги буткале оние Македонци кои ја отсликуваат реалната состојба во Македонија...

    Е па НЕ БАШ!

    Мојата околина живее убаво, дури и повеќе од убаво... Јас околу мене не сум видела сиромаштија! И јас се шетам низ ГТЦ, низ Рамстор, низ Веро, низ улицата Ленинова и се што гледам се огромни џипови, брендирани парчиња облека, скапи телефони, полни ќеси и.т.н.

    Тоа е Македонија која јас ја гледам пред мене и верувајте, многу е богата и убава!

    Но, дали треба јас да изградам мислење за државава гледајќи само одредена група на луѓе (погоре во постот на Трендафика стои 10.000) кои се екстремно богати и да си ставам во глава дека Македонија во суштина е богата земја?

    На фемина сите што сме членови имаме компјутери и интернет! Тоа се плаќа. Значи ние каков таков живот некако крпиме... Не сме од најнајнајдолната класа која нема за леб. Некому таткото чистач, некому директор, ама за да се плати сметка за интернет има!

    Е па драги мои, кај некои нема! А, тие некои се најдолната класа Македонци кои едвај го крпат денот и кои верувајте се во многу поголем број од сите нас. Затоа ве молам не пишувајте дека во Македонија убаво се живее! Се живее за некои од нас, за повеќето, не сакате да знаете како се живее!

    За жал вистината е една, а тоа е дека сиромаштија во Македонија ПОСТОИ и ќе постои, а ќесите од Веро воопшто не се мерило за истата, гладниот народ по улиците е!

    Едит: Откако го прочитав постот сакав да се дообјаснам, да не ме сфати некој погрешно.

    Ова не се донесува на Мимс и на Багуфче дека ги напаѓам дека така размислуваат заради нивните постови за Веро :lol: Постовите ми послужија како инспирација дека некои луѓе гледајќи ја околината размислуваат така и градат такво мислење за земјава.

    Ете така ;) Поздрав до Мимс и Баге :)
     
    На julie77, Queen.S, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    ^ Да, јас за Веро спомнав баш поради тие 10% богаташи.
    Инаку и јас живеам во населба опкружена со политичари, амбасади, јаки директори итн...
    Секојдневно се возат со мерцедеси, џипови, обезбедвање итн...
    Но во автобусите секојдневно гледам и луѓе кои носат тешки торби, кој за на пазар на продажба кој за пазарење, луѓе кои едвај си ја дозволуваат и автобуската карта.
    Има и неколку ептен загрозени граѓани, и такви кои се заглавени со кредити.
     
    На ludoto19, Bokicka и BoaVista им се допаѓа ова.
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Секојдневно низ мојата улица поминуваат луѓе што собираат пластични шишиња од контејнерите и ги продаваат за некој денар. Мајка ми еднаш ги собираше шишињата и кога ќе поминеше некој му ги даваше да ги однесе и тие да извади некој денар повеќе човекот :x Срцево ми се кине кога ќе ги видам натоварени на грбот и на рамениците со вреќи пластични шишиња. :(
     
  16. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Знам Оффи, ама за жал тоа е Македонија!

    Е, па убава кампања имаше Владава наша под слоганот И ТИ СИ МАКЕДОНИЈА, требаше можеби на овие луѓе тоа да се однесува :x

    Бар да знаат кои се, што се и кај живеат, да знаат колку пари чини тој спот кој го пуштаат по сто пати на ден и колку пари чини да се направи...

    Аххх, колку само проблеми ќе решат тие пари и парите од спомениците, ама кој да мисли |(
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.709
    Допаѓања:
    150.475
    Ние патиме од синдром некој...јас познавам девојки што дома немаат што да јадат,баш мачкаат паштета после излегување од оние од по 10 ден.,ама пари за шопинг у Солун се има секогаш,на одмор нема да оди,нема да излезе од дома 10 дена,ќе рече била у Виена (да,да пример од секојдневие),па затоа нема боја.Знам и такви со јаки мобилни,а исклучени ради неплатени сметки или немаат ни да титнат,знам и такви што позајмуваат пари за да паркираат бмв во двор или пред зграда,кај позајмиле,па и кредит земале.
    Затоа е таа лажна слика дека народот има,а за полните колички у веро...сите плаќаат со кредитни картички ко да ти нема да стигнат за плаќање,мал е бројот што ќе си искешира.
    На Пржино горе да се качите,нема да знаете што ве снашло.Мислите дека се шетате во Беверли Хилс,ете за тие ви збори Трендафилка.Место ајвар,они у подрум имаат базени.
    Се живее на кредит,се живее за други.Реално,има основа сиромашниот да заживее како што треба,ама недостига финансиска интелигенција.И со малку пари може понатака да се направат икс нешта,ама сепак не е доволно,кога тој што треба да те крене те сече у корен со безсмислени глупости.


    Малце оффтопик,ама еве не мора да е баш само за сиромаштијата темава,туку и за тие со какви-такви примања кои сепак не се доволни да се живее пристојно (пристојно е одмор на море фамилирајрно,факултет доколку се има желба,доволно за излегувања,квалитетна храна и облека),ете да речам средна класа (која реално кај нас ја нема)...ме интересира,колку од нас тука,ќе дадат над 1500 денари за прослава за нова година,а сметаат дека се многу?!
     
    На Extraordinary.girl, sesilija, Kitten и 3 други им се допаѓа ова.
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.164
    Допаѓања:
    234.928
    Баш за тие 1500 денари на НГ дискутиравме со друштво денес.Ни изгледаа многу,ама не се.Реално таман се ама ете пуста сиромаштија те прави толку мизерен што бараш начин како да ја минеш НГ што поефтино.За облакање тешко да си дозволиш,или ако си купиш ќе биде нешто ефтинко или пак ќе гледаш да можеш и после да си го износиш.Луксуз е да купиш само за НГ па да го носиш во одредени прилики.Тоа го можат само оние како што ги спомнавте 10 %.Но другите не можат.Во веро се полнат ќесите од картички,секој ден сум таму и ретко да видам некој да се искешира.Но ајде во Скопје пак можеш да видеш народ кој купува,но сте се запрашале ли што се случува во малите градови.Беда невидена!Нова година ја слават од скромно поскромно.
    Ве читам девојки,нема да именувам,дека луѓето несакале да работат,биле сиромашни полниле ќеси бла бла бла и што се не прочитав и само не ми е јасно зар тие девојки се слепи.Алооо не гледате што се случува.Работа???Има???Каде???Во „новите“ фабрики што се „отворија“?
    Упорно некои сакаат да пропагираат владина политика.Уствари читајќи ги постовите на некои форумџики исто како да гледам вести на Сител...во Македонија се е убаво,нема сиромаштија,невработеност 0.1 %,Македонија пак доби позитивни критики од ЕУ итн.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.328
    Пол:
    Женски
    Лилит точно е дека е застапен тој синдром. Заборавивме на онаа “испружи ги нозете колку што ти е чергичето” изгледа. И мене ми се случува - не велам не (само фала Богу далеку сум од примерите кои ги наброја). Ќе го испразнам рекордно паричникот на крем за лице, пудра, книги... и ќе ја чекам после пензијата од дедо за да излезам на кафе со другарка. :tmi:
    Не е тоа сиромаштија, само не може ни да се нарече средна класа, зашто тие услови кои ги наведе во заградата ретко се исполнуваат во нашите семејства.
    Јас еве нема веќе да се жалам. Имам интернет, компјутер (фала УНДП :lol: ), имам да јадам, имам многу работи во животот што ме прават среќна. Само жалосно е што ги земаме овие критериуми како мерила за добар живот. Жалосно е што има многу луѓе во државава кои не можат да си ги дозволат.
    А за Нова Година ми е и мене чудно. 1500 е наниската цена за пречек кај нас. Тоа реално не се многу пари за добро новогодишно забавување, ама за што се одредени? За влез и две пијачки? Ако е со вечера е дупла тарифата. Не давам, не ми паѓа на крај од паметот. Можеби и би дала за некој добар пречек, ама тоа кога ќе работам и кога ќе престанат да ми го трујат мозокот со турбо фолк... но тоа е веќе друга тема.
     
  20. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Нашиов народ е Чути и Трај!
    Никогаш нема да крене глас, затоа што не е сложен народ! Заради тоа денес можеме да се пофалиме со полициска држава, крени глас одиш во апсаана!..
    И не треба протест, туку востание......