1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Организирање на протест против сиромаштијата!

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Offspring, 23 декември 2010.

?

Дали би присуствувале на протест против сиромаштијата?

  1. Да, само така можеме да го искажеме револтот.

    63 глас(а)
    39,4%
  2. Не постои сиромаштија во Македонија.

    6 глас(а)
    3,8%
  3. Можеби би присуствувал/а ако добро се организира.

    35 глас(а)
    21,9%
  4. Никогаш нема да успееме да се собереме.

    56 глас(а)
    35,0%
  1. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Несум баш компетентна да давам мислења на оваа тема,меѓутоа читајќи ги постовите конечно ја сфатив македонската поговорка/изрека-наведната глава сабја не ја сече.
    Народот ја бира властта,народот може и да ја сруши.
    И да нема услови еве да речеме за општонароден бунт и неизлегување на гласање е форма на протест.
    Вие немате законска обврска да гласате а сепак надевајќи се нели на подобро излегувате на гласање на сите избори,и така се вртите еве 20год во маѓепсан круг.
    Мое скромно мислење е дека во овие 20год не се појавила ниту една политичка партија која направила било што за народот,а народот како да мора од две зла да го избере помалото зло.
    Незнам точно што се случува доколку нема доволен број на гласачи на избори,меѓутоа сум сигурна дека не би можело да се избере влада итн па можда тогаш би се размислиле малку челниците на партиите.
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Од твоите мислења beached јас сфатив дека ти си најсиромашна од сите нас тука.
    Во главата, секако.
    А и речникот ти е сиромашен и не си го познаваш сопствениот литературен јазик.

    Нема да се повторувам со моето мислење дека само 10 % од популацијата во Скопје е навистина богата.
    Остатокот живее како што убаво напишала Лилит - да се к*роперчи пред народот, блекбери мобилен, а нема да титне... итн, итн.

    Ве молам појдете некогаш накај малите градчиња на истокот во Македонија.
    Погледнете како живеат во Кратово, Пробиштип, Крива Паланка, Виница, Делчево, Каменица...
    Прашајте колку конфекции брои градот, а колку жени се вработени таму, сурово експлоатирани за месечна плата од 4 000 ден. вработени на црно.
    Му доаѓа скоро еднакво како оние дечиња во Кина и Индонезија кои шијат патики... не, почекајте - они заработуваат повеќе :^)
    Просто сум сигурна во тоа, кога ќе се собере сума сумарум.

    Слободно прашајте ги како си ги чуваат бабите и дедовците пензионери, не од преголема љубов, туку од потреба, затоа што таа пензија е единствениот сигурен личен доход во месецот и од тие пари се преживува.

    Не се живее - се преживува.

    Прашајте како успеале покрај таква БЕДА да ги пратат децата на факултет, што јадат по дома цел месец или колку степени имаат во собата во зима, а па сосем друго прашање е што јадат децата на студии и они како врзуваат крај со крај.

    Нема да е лоша идеја да појдете во некое село.
    Не од оние кои имаат ориз, пченка, тутун, туку од оние села кои не се познати по одгледување на ништо посебно, а бројат брдо жители, зашто и тие се луѓе и тие се дел од Македонија
    (news flash - Македонија не е само е*баното Скопје и тие што туркаат колички во Веро и купуваат корсети од Спрингфилд на попуст за "само" 9 000 денари = колку две просечни месечни плати во источна Македонија).

    Значи појдете во некое село и уверете се дека старите македонски народни приказни не се само приказни, туку сурова реалност за некои.

    Кој будала гласал дека нема сиромаштија во Македонија - тој е или неписмен, инаетливо суштество кое се мава со главата в ѕид од простотилук, или спаѓа во тие споменати 10 %.
    Или се' од горенаведеното.

    Убаво што ние сме среќни со покрив над глава, храна на масата, компјутер и можноста да си приуштиш нешто новко во месецот, колку и да е малечко.
    Мило ми е што мојот народ е скромен и знае да го цени тоа што го има.

    Не ми е мило што не се цени доволно себе и својот труд и е плашлив и несигурен во себе, за да си побара повеќе, туку се задоволува со трошки и СЕКОГАШ се споредува со некои афрички племиња кои немаат за леб и вода, а никогаш со некој над нас, макар и скалило повеќе, па да се трудиме да достигнеме сите повеќе.

    Ама нам тоа ни е врежано во днк-то, ќути и трај, има и полошо.
    За овој прост народ, само вака.
     
    На Victorian, Chica.Loca, sesilija и 11 други им се допаѓа ова.
  3. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Алал да ти е :) дали твоето откритие имат некаква врска со темава на која шо се дискутират? И дали твоето богато откритие е од некакво значење? Неможам да ти се изначудам.
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Имат мори душо, имат.
    Како немојш да се изначудиш, чудилнику низаеден :D

    (не можеш е разделно, шо е што, имат е има... )

    Многу е просто.
    Во една држава не може сите да се аргати и да работата физичка работа.
    Некој мора да има нешто и во главата, да е писмен, да знае што е дискусија и аргумент, па да ја води државата и народот. ;)
    На запад обично е така, да завршиш факултет е престиж, зашто ако немаш ништо во тиквичката - џабе ти се мама и тате и вујче, грнето пари или партиската книшка, за разлика од кај нас.
    Ете затоа треба да се стремиме да имаме и нешто во главата.
    Скромно е моето откритие како што можеш да видиш и има врска со темава.
    Само одамна сФатив дека нема памет во богатите или тие што се тепаат за дојдат до фотеља, неколку години и да дрпнат што е можно повеќе.
    Од оваа гледна точка, можно е да е попаметен дури и тој што има само 8мо одд.
    За тебе искрено не можам да се одлучам во која група спаѓаш.

    И не ме ни интересира да бидам искрена, доволно гледам такви секој ден.
    Ако имаш да кажеш нешто аргументирано и солидно, без навредување и без потресување, кажи си.
    Ако не, не ја полни темата со офф топици и прости реченици на дијалект, ги знам повеќето и ги почитувам и сакам, ама форумот не ти е место за тоа.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Море девојче ти излезе од некој штаб? Оооо неее,ти си месија кој ќе не просветли како навистина функционираат работите кај нас :!:

    Дај ти се молам,ако единствена цел ти е да провоцираш некој на форумов,навреме престани додека не застанеш во редот на највлијателни личности на Фемина,ко што би рекла Оффи Алејата на великаните :nod:

    Ако имаш пари и можеш да си дозволиш луксузи,не ги затворај очите пред реалната ситуација.Нема да се повторувам,Трендафилка реално и сликовито кажала веќе се само би било убаво кога тоа тебе ќе ти стане јасно ;) Од вакви небулози,луѓе со потреба од дијоптар земјава ни тоне ко Атлантида.Само разликата помеѓу Атлантида и нас е тоа што Атлантида и после гооооооодини сеуште е тема на муабет,а на нас ќе се сеќаваат само црвите.(If u know,what I mean) ама не верувам дека разбра,не англискиот,туку поентата.Ајт со здравје!
     
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Само ќе кажам...да не испаднеме како Грција или ете Америка(неспоредливо е со неа) ама во начинот на живот,живот на кредити...и туку за еден ден пропаст.За другото со поголем дел од форумџиките се слагам.
    Само ќе кажам пример од мојот град кој не е мал,се живее многу добро...Поголем дел од населението.Посебно другата националност не сте свесни како трошат пари :x Е сега чисти или прљави голема пара се врти кај нив.Градот е во развој и тоа многу забрзан.Ама има и луѓе кои крај со крај сврзуваат тешко.Меѓутоа глобално гледано голем процент на население добро си живее.Да се чудиш! :tmi:
     
    На beached му/ѝ се допаѓа ова.
  7. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.184
    Допаѓања:
    23.862
    Луѓево при очи слепи се, при уши глуви се.. Не гледаат, не слушаат, мижат пред реалната ситуација дека луѓето умираат од глад а како помош од Никола Д ГРЕЈТ имаат споменик на гладта на сред плоштад. А да, и капија ке имаат. Да си поминат под неа триумфално славејки го фактот дека имаат празен фрижидер. ЗА ПРВ ПАТ ВО ЖИВОТОТ!
    Ке имате по што да го памти обичниот народ Големиот ни спасител наш на кој што му се воодушевуам на мерките кои ги превзема за спас од економска криза.


    За протест, секако дека сум За. Само жален е фактот дека за 1 врека брашно ке се закутат смртниците, кои на тој начин ке имаат лепче за 1 месец.
     
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Ќути и трпи, го прочитав ова повеќе пати на темава, но за жал тоа ни е идентитетот.

    Протест - да! Ама кој ќе протестира? Се прашувам. За беља, може и реторички ќе звучи прашањево.

    Не сме ние народ за револуција. Ние знаеме да си го извадиме мобилниот на маса, клучевите од крнтијата која ни е паркирана неколку улици подалеку од кафаната за да не не види некој не дај Боже, и со ракииче и песна жалопојка да си ги исплачеме маките.

    Сиромаштија има. Тоа е факт, но навистина, колку луѓе си мислите дека би сакале јавно да го изразат својот протест против неа? Лилит веќе кажа она што штотуку сакав овде да го напишам. Ние сме и отсекогаш и сме биле народ со синдром на тој НЕКОЈ, да ја цитирам.
    Ма ајде ви се молам, колку такви личности познавав и сеуште познавам. Ми се жалат немале пари, ама некако успеваат да седнат на кафе и пијачка почесто од оние кои никогаш не се жалат, вклучувајќи ме и мене.
    Ама јас не се срамам да кажам дека НЕМАМ, НЕ МОЖАМ, и дека нозеве ми стигнале до крајот на чергичево и дека вечерва ќе седам дома затоа што ако излезам на кафе, утре можеби нема да имам што да ставам во уста.
    Па ако такви луѓе постојат, а верувам дека се многубројни, зарем си мислите дека токму тие отворено ќе протестираат против сиромаштија?!

    Јас сум скептична.

    Но ете имам некоја оптимистичка претстава дека можеби секој еден ќе тргне од себеси и нема да се плаши да го дигне својот глас против мизеријата и бедата кои царуваат во држава пред се во време, кога си мислиме, дека токму тие не треба повеќе да постојат.
    Не го пијте утре вашето омилено 1786то кафенце на улица Македонија или во Дебар Маало, сеедно. Наместо тоа отидете и купете и леб на една жена која послала стари кутии за да има каде да преспијат таа и нејзините внуци. Веќе со тоа би можел да започне протестот и покажување на тоа дека НЕ ни е сеедно. Јас мојот го започнав.
     
    На bittersweet, LivingGlam и Bokicka им се допаѓа ова.
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Колку треба да си на дното за да затропаш на нечија непозната врата и да молиш за малку храна?
    Значи два пати во изминативе пет дена отварам на женички и нека не ве мава стереотипот во глава дека беа ромки.
    Не молеа за пари, ниту за облека.
    Туку за храна.
    Ете тоа е вистинската слика на сиромаштијата во Македонија.
    И е сурово, бедно и жално.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    *малку оф топик:
    Дијалектите се богатство на јазикот, конкретно повеќе дијалекти споени во еден даваат литературен јазик.
    :)
    Пред да кажам било што,би сакала да го објаснам зборот ФОРУМ што во претходната тема не беше објаснат.
    forum-An online discussion group.
    discution-an exchange of views on some topic
    view-opinion
    opinion-An opinion is a subjective statement or thought about an issue or topic, and is the result of emotion or interpretation of facts. An opinion may be supported by an argument, although people may draw opposing opinions from the same set of facts
    И за крај едно од основните човекови права:
    Everyone has the right to freedom of opinion and expression

    Повеќе од јасно е дека во источна Македонија живеат помизерно би рекла.
    Но, општо условите им се такви што:
    во Скопје кафето на кеј е 90 денари, а таму е 40
    Скопје е развиен град, ретко дали би имало средна класа или богати или сиромашни.

    Како тоа би протестирале против сиромаштијата, кога во претходниот мој коментар напоменав дека ќе тој протест ќе биде подржан од опозицијата?
    Исто како сега тутунарите што мислат дека Велија бил во притвор бидејќи ги бранел нивните права.
    И како по обичај секоја опозиција ќе превземе контраофанзива, ќе им испере добро мозок онака на центрифуга ќе го стави се додека не дојди на власт,па луѓето да се свртат против претходната владеачка власт.
    Во круг се вртиме, а сиромавиот дупло плаќа.
    Зошто?
    Зошто нема кој да му каже МИСЛИ СО ТВОЈА ГЛАВА.

    И што би се постигнало со тој протест?
    Како тоа би ја подобрила економската состојба на социјално загрозените семејства во Македонија?
     
  11. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    180
    Пол:
    Женски
    Општата слика во помалите градови е катастрофална.
    Во кратки црти да ја доловам.
    Бројот на жители се преполови на половина, останаа дечиња и жени, мажите на печалба во странство.
    А каква ли печалба:
    Почетокот е најтежок, додека се снајдат, спијат на отворено, под ведро небо во картонски кутии и најлони, а ако се снајдат по белосветските патишта возат камиони и товарни возила, со месеци не се прибираат дома, работат од саат,билдаат саати по цена на својот умор, крахираат и гинат на западните магистрали. Колку небројни само.
    Печалат, да, но здравјето и животот си го оставаат по патиштата, а башка што одвоено живеат од семејството.
    Информацијата не е од ракав, туку од прва рака, си имам блиски по тоа прашање.
    Друг избор на работа во странство, печалба на лозје, од зори до самрак, на екстеремни температури под жешкото сонце или на порој дожд, сеедно, да направат повеќе саати, за плата.
    Македонците таму се неквалификувана работна сила, тешката физичката работа е оставена на нив.
    Се враќам со сликата во градот, училишните клупи останаа празни, професори и наставници по партиска линија рапидно расте, на глава по жител по еден професор. Многу успеваат да се вметнат измеѓу стариот и новиот договор на дело, а после стравуваат за сигурноста на својата иднина од промената на власта.
    Македонските жени се посебна приказна, повеќето со средна стручна спрема а многу и факултетски образовани, работат во текстилни работилници за плата од 5.000,оо до 7.000,оо денари, во три смени, прекувремено, на празници, неосигурани, со неплатена хранарина и патни трошоци, работат за зар да ги покријат сметките за струја и вода, а од сите страни демнат инкасатори.
    А кој ги собира парите од осигурувањето, кој тоа го оштетува Фондот за пензиско, за здраство, кој го оштетува работникот, каде се инспекциите, акцијата на државата, а? Само прашувам, но никој не одговара.
    На малкумината Мажи што останаа, (технолошкиот отпад на државата), главна преокупација им се спортските обложувалници, па колку внесат, изнесат и тука нема заработка, само време да се тепа и да се игнорира дрдорењето на жената.
    Помладите пак гледаат во погрешни идоли, преку призма на парите, успешни се оние кои успеале на време да фатат некој Италијанец (гастарбајтер), да ги иссели од оваа мизерија. Се продаваат за едно сокче, вотка, чевли или фустанче и тоа во вистинска смисла на зборот.
    Нема никаква перспектива, се работи за ситна пара, едвај се преживува,
    Протест?
    Во форма на собири и мирно протестирање пред владата, со огладнување, нема ефект, освен зголемување на револтот или друга опција, револуционерно рушење на власта, потег за кој треба оргазнизираност и “муда“ и лавовски народ, кој моментално го немаме.
    Изразот на луѓето, нивните очи ти кажуваат колку се деморализирани, безнадежни, без сила и волја да се промени нешто радикално, со едноставно премолчно согласување и препуштање на животот во било кој судбински облик.
    Нема живост бе луѓе, нема.
    Тоа ти е, македонската слика на сиромаштијата.
    Ако од друга страна ја обмислиш, оваа мизерија ти раѓа инспирација за поезија и проза обоена со цинизам. Ако некои ја искористат темата како да се преживее со 100 евра месечно, првото место на најдобра напишана саркастична книга би му припаднала на македонски автор. Убедливо.

    Надвор од темата, на памет ми падна, казнија една жена 50 евра, поминала надвор од пешачки премин на еден метар на споредна, не толку фреквентна улица, кога воопшто немало сообраќај, ама закон си е закон, нели, се спроведува, и тоа правилно и праведно, на плеќите на ситните рибички кои претаат во исушената земја Македонија.
     
    На TennisBabe, Offspring и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  12. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    ^
    да и Грција излегоја од економска криза со нивните протести


    протест против сиромаштија -.-
    како шо наведов во првиот мој пост, вистинските сиромашни нема да знаат тој ден како да го проживеат,а не па да излезат на протест.
    Нив секој ден им е штрајк со глад.


    И место да повикувате на протест, нека направи форумов една хуманитарна акција како пред две години што имаше еден актуелен форум.
    Колку-толку ќе усреќиме некое семејство барем.

    А, од протест не добиваме, само се брукаме.
     
    На beached му/ѝ се допаѓа ова.
  13. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    ^^ Значи по твое треба да се ќути,да се мижи,да се кажува :^) ...Ааа супер е тука се живее преубаво!За тие горе што прават ништо не знам, не сум слушнал,не сум видел па и не размислувам со своја глава нема потреба...Мене ми е одлично во Македонија,се цвета и богатство има на секој чекор!... :|
    Се додека овој народ чмае и не подига ни глас ни рака ќе постојат и фрустрирани квази богаташи!
     
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Превземено од Испукајте се.

    Можеби не е сиромаштија, ама е нечие богатење врз трудот на друг. Е` играње со трпението, што многу често се случува овде, а никој ништо не превзема во врска со тоа.
     
  15. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    На кој ќе му кажиш?
    Има некој шо не знае дека некои тонат во сиромаштија?
    И што ако кажеш?
    Нешто ќе смениш?
    Ако сакаш да помогнеш, дај му јадење, дај му облека.
    Сите знаеме дека има сиромаштија.
    Вака со протест само некоја партија ќе си набилда рејтинг, друга дур е на власт ќе гледа шо можи да доукради и така.
     
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Докажуваш дека има многу луѓе кои немаат свест и не се освестени, ако се сака веднаш може да се смени се, ама од многумината истомисленици како тебе не сме способни да направиме такво нешто.
    Гледаш Французите и Грците како си ги решија проблемите со протест?
    Зашто не би можеле и ние! Само да 80% од населението е такво, нема да сака да излезе, или ќе добие по 500тче од ВМРО или СДСМ да седи дома и да не искача па макар и да нема леб да јаде.
    Само ќе седат и ќе кукаат а никој нема да излезе да се бори за своите права, за тие глупави и безвезни споменици што ги прават можеа цела Македонија да ја наранат, да отвореа некоја фабрика, да ја разработеа Охис која има толку голем капацитет ама од крадци аир неможе да види.

    Може да смениме се, само треба волја, добра организација и непоткупени
    копилиња
    !
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    ^
    ГРЦИЈА? -.-


    тие протестираја против новите реформи, не против сиромаштијата

    и да, колку можеш помогни, не кажувај дека има сиромаштија сите знаеме дека постои
    а од ваквиве како мене шо ќе оди назад државава нека оди, комотно би се преселила и онака патриотизмот е изумрен од пред 50-60 години.
     
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    И да знаеш дека се трудам, давам донации секогаш кога имам можност, ама не е тоа поентата, поентата е да се симнат од власт луѓето што ја осиромашија цела земја. Не дека ќе дојде некој подобар ама вреди да се обиде. Убаво кажаа не излегувајте на гласање па нека се чудат сите!
    А за Грците добро знам за што протестираа поентата ми беше дека со протест може да се постигне нешто...
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Кој подобар ќе дојде? Кој и да дојде ќе се правдаат дека предходната власт се ограбила, па они немаат со што да почнат. И пак на истото ќе бидеме. Може само да се зголемат некои давачки, за да се дополни касата нели, од предходната власт. И ако ние не излеземе на избори се знае кој ќе излезе и каде ќе ја одведе тоа државата. Затоа народот се уште излегува на избори.
     
    На Ashling му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Staredad

    Staredad Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    25
    За протест да биде протест кој ќе постигне нешто, мора да биде таков што ќе го приметат оние кои треба. т.е. власта. А таков протест не е шетање низ град или извикување пароли, такви има секојдневно и никој не ги регистрира. Таков протест е оној кој подразбира ризик од пендрек во глава, притвор, молотови коктели и слични дешавки. А на таков ризик никој не би се изложил со што кругот се затвара на муабети по форуми и на кафе.
     
    На DivineChaos му/ѝ се допаѓа ова.