Е баш ме интересира ама ептен ме интересира, кои се овие четири форумски лика кои гласале дека нема сиромаштија во Македонија? Значи НЕМА сиромаштија во Македонија Ако вашата домашна ситуација располага со огромен буџет, ве молам не поистоветувајте ја истата со ситуацијата на државата Аман бе луѓе, аман!
Како прво,да го знаев одговорот зошто мислиш дека би ги поставила прашањата? И очигледно,самите сте во некоја конфузија и неможете да се договорите што да ми одговорите. Мила Офспринг,не планирам да се правдам,но чисто информативно немам гласано на анкетата за било што. Така да,сеуште не ги најдовте ликовите кои гласале дека нема сиромаштија. А тема на форум,се отвора за дискусија а не за ти да одбираш кои мислења се паметни,а кои се глупави. И ако ти си ја отворила темава,логично е да очекуваш дека ќе има мислења спротивни на твоите и мислењата на твоите пријателки кои те поддржуваат за да не добиваш ремет како на други форуми.
Ама твоите мислења воопшто не се однесуваат на темава. Погледни ги прашањата во воведот, погледни ги првите мислења на темава, а погледни ги твоите мислења дадени на истата. Те молам, или коментирај или не ја расипувај, мислам дека поставив добра тема што поттикнува дискусија и не сакам да биде уништена од тролови.
Па мила,прочитај наназад дека се изјаснав на темава и вие сите ме нападнавте,бидејќи не се согласувам со вас.И никаде не реков дека нема сиромаштија..читај ти наназад,прва започна уште кога кажа дека сум гласала дека нема сиромаштија. Само имам спротивно мислење од вашето во врска со сиромаштијата и организирање било каков протест против неа затоа што ми изгледа невозможно.
Да бе,ти не знаеш дека ние не бевме ни на дочек на Нова година, се собравме да се договориме што да ти одговориме? Од што толку ти се аргументирани мислењата баш сме во конфузија и стварно не знаеме што да ти одговориме Еј толку важност да си се давало Девојче, убаво ти напишаа да не ја уништуваш темата, точно дека ова е форум, треба да се води дискусија, ама не и да се замара и да се контра без потреба
Ако се изјасна зошто упорно тролаш и плескаш глупости, провоцираш и ја уништуваш темата со не конструктивни одговори? Тие коментари ти беа сосема непотребни.
Можеби и не би се постигнало многу, ама протестите се одлика на демократско општество, добро е луѓето да протестираат и да го кренат својот глас. Ако не нешто друго, би се создал притисок врз власта, а тој притисок може да вроди некакви бенифиции за одредени категории на луѓе. Сепак се работи за маса на луѓе = гласачи!
Не би требало да протестираме ние кои дремиме по форуми цел ден Не изгледаме на загрозени додека губиме време на интернет. Вистински сиромашниот човек,не е моментално на интернет туку работи,со последни сили се труди да го преживее денов..и да си ги нахрани децата. И него не му доаѓаат вакви фикс идеи. Се протестира против невработеност,се протестира против закони,се протестира за реформи. Која друга земја протестирала против сиромаштија?
Сето тоа што го наброја = Сиромаштија, со еден збор. Секако дека има полошо од нашата состојба, но има и подобро. А ние како што рече Трендафилка не живееме, туку преживуваме. Невработеноста носи сиромаштија со себе, носи болести, стресови.
Бичхед сфативме дека нема да протестираш и дека не ти се допаѓа идејата за ваков протест. Доволно е кажано и нема потреба да разубедуваш никого, секој коментар плус е излишен.
Па не знам како да ти дадам одговор,а да не те навредам,а со драго срце би ти одговорила.Никогаш не сум била себична по тема знаење. Абе сами си го барате,а после мене Билката ми со собира,-местозаопштапцовка-.